Мама вчера го откри поткастот на Бојан 13-ка, почна да го гледа и да се смее на форите, дали би се откажале од родител и наследство, хелп, итно е...
Пробај да разговараш, потсети ја на Рекет и ова, она. Ама тешко. Како он да магепсува стари лица. Интересен им е.
До кога ќе ја викаат Миа Костова (или било кој инфлуенсер) на подкасти да збори како добивала лоши коментари на социјални мрежи, притоа од тие мрежи живее, сите профили ѝ се јавно достапни и отворени? Мислам дека е застарен муабет веќе. Затвори ги профилите и/или иди работи нешто друго кај што нема да ти коментираат секакви ама годи вниманието нели? Се пуни егото нели?
Скоро дадов отказ од мојата работа како куќна чистачка, односно за првпат се преселив сама во стан, без цимери. Чувството е неописливо!! Како мислиш одам во кујна и нема рид од неперени садови... и одам во купатило и има само мои работи!! Мене многу ми е битно животот да ми е cosy, тоа ме прави среќна, па така си го направив станов најудобно место на светов за мене. Никогаш нема да не бидам благодарна за ова, не само што си го изманифестирав (не ме хејтајте за зборов) еден од моите најголеми сонови, туку испадна уште подобро од што замислив.
На фб бабетини слободни што немаат друга работа во животот само чекаат да им се пружи прилика да ги осудуваат и критикуваат денешните мајки како ги гледале децата. А на истите тие кога биле мајки децата им ги имаат свекрвите изгледано а сега се тие свекрви на мајките што немаат никаква помош од никаде и никој ама битно они знаат како требало а како не треба.
Која убавина Уживај си во секој момент. Се потсетив на времето коа живеев сама и ја осеќам твојата среќа. Кога биле тие мајки немале право на свој збор и чувства, морало да се слушаат постарите, па сеа фрустрациите ги вадат на новиве мајки. Ги боли уште повеќе. Бар така јас си интерпретирам. Како и да е, разочарувачко е однесувањето на постариве генерации на секое ниво и во секоја област. Полни се со огорченост и некултура. Коа сме кај некултурата на госпожите. Пред некој ден, на велосипедска патека застануваат маж, жена и младич. Во меѓувреме поминува девојка на велосипед и младиот и вели на женава да внимава, да се тргне. На тоа, таа одговори: "зошто јас да внимавам?! Курвата нека внимава!!" (дерејќи се)... ....
Уживај си максимално! 4 години веќе така живеам (со повремено седење дома кај моите) и нема да ми здосади. Океј, морам да признаам дека одвреме навреме си правам мал хаос, но ништо страшно. Ама битно сѐ околу е мое и си декорирам со она што сакам, никој не смее да ми суди и можам да сум weird in peace. Планирам уште ствари да сменам да е како што сакам. Исто така можат на гости да ти идат другари/ки без да се мислиш дали ќе им сметаш на цимери/семејство. Убава слобода е.
Дааа, уште еден мој сон, да сум главна домаќинка во друштвото и сите збиранки да се кај мене. Да имам полица со друштвени игри и секогаш на залиха да имам по некој пијалок за гости. Благодарам.
Одам денес на гости и имаат куче што првпат го гледам и ме гледа. Кучево од скалите горе ми ржи, јас полека се доближувам, ова само ржи и стои во место. Доаѓам до него, подавам рака да ме душне, трга да ме гризне. Повлекувам раката, стојам мирно и оставам самото да ме намириса. Ова врти 2 круга околу мене, ме душка по раце, облека и после беше питомо ко кутре околу мене, го изнагалив. Ова е куче кое брани територија АМА (и тоа големо ама) е социјализирано, навикнато на луѓе, на галење. Не се затрча од 100 метри да ме нападне. Оние што напаѓаат по улици се диви животни. Практично се волци зашто не се социјализирани. И не им е место на улици и не треба само да им се фрла повремено храна и по некоја куќарка каде се собираат на куп кога се и најопасни.
Шо е со етикетите на облеката како книги напраени, по 100 ливчиња? Етикета на капче за бебе - повеќе етикета одколку капа.
Дали само јас мразам да спојувам чорапи после перење? Candy crush saga,на мој начин ^^ Ќе купувам веќе ист тип чорапи,инаку ќе побудалам ....
Многу ми е глупо кога двајца ќе се венчаат и цела фамилија ќе почна да објавуваат содржина "си ја земавме/ја дадовме". Што земате? Што давате? Објави слободно, ако ти е мерак, честитај, ама која е потребата од оваков статус.. Двајца се засакале еден за друг си се венчаат, вас никој ништо не ви зема и дава, не се ни прашувате вие.. Двајцата се возрасни нема што вие да давате и земате.
Леле, баба ми покојна уше на времето пред 100 години коа изиграваше некој шоумен на тв и се облакаше ко жентурина, за него кажа - Па не секој има талент и за тоа, го бивало Како ги магепсува и со што ги придобива да го следат, дебилчина толкава
Сдк: Уживам кога си го чистам станот, уживам во чистењето, едноставно ме смирува, релаксира, опушта, ја сакам миризбата на чисто, кога ќе е све на свое место, кога ќе седнам кафе да пијам со тивка музика во позадина спокој