Леле сѐ ова се гледа. Брза кујна, Лила, Гответе со Дракче, Само вистина, Гранд ѕвезди, утринските, точно знам у колку саат, што гледаат.
Даа утринските обавезно, а навечер турска серија, ако им е некоја многу интересна не ме регистрираат што зборам
Што им е на луѓево што возат без дозвола? Настрана оние што излегоа на протести дека биле неписмени и не можеле да полагаат.
Нешто што најмногу мразам во животов е непрактичност. Терасиве вака на косо, од едната стана се многу тесни и не може да се искористи тој простор. Или чеј, да пружиш жица за алишта ќе биде исто на косо и паралелно со терасата или? Али мислат дека добар архитект е само нештото да изглед фенси. Пример ко скаливе *Сакам да си ги скршам двете нозе Аргитектот: say no more
После неколку месеци, повторно се враќам на мојата омилена тема… Искрено, се чувствувам поизморена од кога било во животот, притисната од работа, од средување на станот, од сите оние мали и големи обврски што не запираат и немаат крај.. Но, некако , во сета таа исцрпеност, конечно се чувствувам исполнето. Мирно. Среќно. Можеби сè што ми требаше беше да го пуштам јажето што ме жуљаше додека го држев. Да престанам да се борам и така да победам, и да му дозволам на времето да си ја заврши својата работа, тивко, како најдобар лек.
Многу сакам кога можам да се разберам со некој уште одма,со поглед. Да не треба да објаснувам,да вадам зборови со клешти,"да цртам" итн... Сакам луѓе кои се искрени,отворени и темпераментни
Денес за дел од секундата ќе ме залепеше кола во мојата населба, на пешачки, на мое зелено а црвено за автомобили, мислам дека цел живот ми помина во таа секунда.Буквално го гледав залетан во мене, како Господ да ме турна напред, па се спасив.Закочи и отвори врата да се извинува, збореше нејасно па веројатно беше шипо, му се изнаебав се до трето колено, толку се изгубив што тргнав да го прекршам од ќотек, ама ми затвори врата и кидна со колата.Се чудев претходно, како тие што ќе избегнат ваква ситуација, прво не гледаат регистрација, кола или лик, ама не видов ни јас, од тој наплив на бес и адреналин буквално не ми текна на тоа.Фала му на Господ што не ме залепи, оти или ке ме преполовеше или ќе ме утепаше, и фала му и што ми кидна, оти јас него ќе го преполовев од ќотек, па ке заглавев по станици.
Кога ставам story на социјални мрежи со некој текст, има прегледи околу 20. Кога ставам слика моја, прегледи 40 и нешто повеќе. Кога ставам слика на која сум со некој, прегледи 60+. Поуката јасна. п.с. Немам 1000 пријатели, само оние најблиските.
И мене ова ми било отсекогаш интересен феномен. Но го препишувам на тоа што луѓето се љубопитни. Не ги интересира некој си цитат што си споделила, ги интересира со кој си и каде. Исто и кога постирам нешто имам околу 50тина лајкови можеби, истото да го ставам на стори преку 200 прегледи ќе надмини.
Па ова не е до луѓето, туку до алгоритмот, дали им го става твоето стори меѓу првите кога ќе отворат инстаграм. Затоа што луѓето не знаат што имаш ставено на стори додека не отворат, логично.
Искрено и јас го имам приметено истово и имам теорија дека алгоритмот ги форсира оние сториња што се најмногу лајкнувани, препраќани и имаат replies да бидат први, а ако е нешто што нема многу интеракции го остава последно и логично помалку луѓе го отвараат зашто не им се први. Плус тие луѓе со кои најмногу зборуваш и ги отвараш ти ги дава први, така да ако оговараш некого редовно ќе ти биде прв и поголеми се шансите да го препратиш или направиш скрин. Не знам дали да отидам предалеку и да теоретизирам дека и самиот инстаграм скенира што имаш ставено и им го турка на луѓето во зависност од тоа дали би имало повеќе прегледи, не би ме чудело. Многу е подол алгоритмот.
^ кај мене на фид кога скролам дава како preview од сторињата на луѓето без да ги отворам можам да видам отприлика што е постирано. Инаку немам премногу трпение да отворам по сто сториња, првите 10тина можда и ми здосадува. Особено кога се насобираат вака прегледи повеќе, не мислам дека е случајно. Иако ми е исклучена опцијата за препраќање на стори во дм.
Не е баш до алгоритамот. Не знам за Инстаграм, ова на Фејсбук го имам забележано. И да е така, да ми дава алгоритамот некои stories пред други, нема да ги отворам ако не сакам. Луѓето сепак го гледаат она што ги интересира, а очигледно дека ги интересира кој што прави во животот и со кого, а не им се чита. И бившиот ми вереник кога стави слика со мене на Инста, рече Досега олку прегледи сум немал.
Немаш Фејсбук? Најгоре на почетна страна излегуваат, се гледаат и без да се отворат, само ги отвораат за поубаво да ги видат и да стават реакција ако сакаат. А на Инстаграм мора да се отвори за да се види, мислам. Не знам за Инста, не го користам баш.