Абе како така море,ја растеле ја гледале ја воспитувале,и пружеле секаква љубов од дома,а ти и ја акаш главата од колено ? Ја маваш со тупаници по глава. А таа ни крива ни должна ? Затоа што дозата на алкохол,и екстази ја преминала границата ? Добро бе зарем сериозно постојат вакви монструми ? Абе не смеат да постојат такви личности во светот.Не смеат !!!
Интересен форум,уште се вклопувам http://mrchkovskai.wordpress.com/2014/10/23/за-посовршени-немам-слушнато/ браво за девојчево,па вреди да се прочита И ај,после напорен ден,добра ноќ луѓее
помина и овој ден.. за разлика од вчерашниот многу подобар... нека продолжи вака .. понеделнички добро тргнавме.. ќе се обидам да сменам некои работи и размислувања но чисто заради мене. проблемите полека полека се решаваат ... ќе ги пребродиме знам јас... со наша желба и упорност, секој проблем има решение се надевам ова важи и за нас. што друго да кажам, убави ми се деновите и моментите кои ги поминувам со внучето, нека ми е живо и здраво секогаш сум среќна кога сум со него, никој неможе да ми ја уништи таа среќа, го сакам бе, тој е мојата среќа.. поздрав до сите оние кои внесуваат промени во својот живот
Факт е дека не може човек да се препушти на депресијата и тагата да му ја изедат душата.Морав да продолжам да живеам како знам и умеам.Со сите нешта кои ми се случија,лоши...премногу лоши...ми оставија длабока лузна на срцево.Ама за неа која знам дека ме чува од горе,и за мојата единствена надеж,мојата најмала и најсакана сестра...морам понатаму.Кој би ја извел на пат инаку...сама не може.Една на друга си останавме потпора...И ветив,и ќе си исполнам... Денес почнав со часови за возење,се надевам полека ќе ми тргне и мене,имам уште надеж.Се надевам и дека за скоро време ќе си најдам работа,ќе се вработам на добро место,дека во љубовта ќе тера како до сега... Он ми е подршка цел живот,и кога бевме мали и сега...се надевам нема да се смени.Иако понекогаш знае многу да ме нервира ама во едно нешто сум најсигурна... Во љубовта помеѓу нас двајца која е посилна од што и да е.Затоа и секогаш се враќаме еден крај друг.Потребни сме си како воздух и вода. Штета само што не дочека да види како едната ќерка се бори,како другата се вери,како третата учи и за прв пат се вљубува...штета...ама знам дека не гледа и секогаш ќе биде горда на нас три...
Колку и да ја сакам доцната есен,Ноември и Декември ми се месеци кои имаат поинаков лик. Некаков депресивно,збунет поглед. Сакам да одам покрај море,езеро овој период. Да ја видам водата како е разбранувана од ветрот. Да го почувствувам студот таму. Да стојам така и да гледам де кон водата,де кон небото. И да дишам.
Уште еднаш ако станам во 6 саат сабајле, за да учам, а притоа избегнувам на секаков можен начин да го скокнам учебникот - да ми бапнете по еден бокс! И тие малку часови што ги преспав, шестпати ја сонував професорката како ме испрашува, па како ми предава физичко, па ме тера да пливам на суво (?), па ми дава тест, па пак ме испрашува, па сум на некој натпревар а ништо не знам. Enough! Basta! Por favor! Basta! Јао људи, ја што ќе правам на факултет, бе? Не знам дали ме колнат професориве или што е... Ама мислам дека водам рекорди во сонување на професори, дури и тие што не ми предаваат. Постојано сум под стрес, ти се плукнам во тоа соновите, ни во спиење не можам раат да бидам. Се напнувам.
Вчера вечерта ми се јави другарка ми. Гласот и трепереше, јас си помислив нешто лошо се случило, ама такви сме луѓето секогаш на најлошото помислуваме. Ме праша како сум и одеднаш ми соопшти дека ЌЕ СЕ МАЖИ. Јас како да се подзбунив малку и по неколку секунди и викам со среќа, се најубаво ти посакувам, кажу му на зетчето дека си ја најде најдобрата, најубавата и најпаметната девојка. Почнаа да смее. Многу сум среќна за неа, а од кога дозборавме на телефон, веднаш почнав да мислам што ќе носам на свадбата и што ќе и купам. Не ми се верува... другарка ми ќе се мажи
Во Колоквиумска недела се ти е интересно... Да се пулиш во таванон ти е интересно , ваков таван неам видено никош досега , олку убав, бел, мазен да се заљубиш во него... На телевизија ак свртиш сегде давет јак филм од 1952 година и го глеаш по 100-ти пат се надеваш дека крајот ќе е поинаков... И на изгаснат телевизор да гледаш тие уште појако...Да поседам 5 минути на фејсбук и на фемина и ќе учам... Еј види овие шо слика стајле од Виргин Радио Лебанон браос... види ти Петра шо слика напрајла, шубај штикли имат и јас имам исти вакви термо чорапи...Помина 1 сат на фб, седвиш да учиш отвораш книгата и чекај да видам шо имат на ФБ на мобилниов ... Море Петра стварно уба слика браос... И на чат пишиш абе срцка колку страни имаме за учење?- 200 страни море бе шо е ова , иначе 150 страни не требит да ги учиме не ни се предавани , другите 50 страни и нив не требит да ги учиш непотребни работи се, другото шо ти остана научи го...Да јадам и ќе седнам да учам. Нешо брзо шо се прајт за јадење на пример леб, ајвар, маргарин ... Сатот три после полноќ и книгата тивко ти пее - НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ДОБРА НОЌ , НЕ ОДИ ВКРЕВЕТ РАНО ТИ , НАЈЗГОДНО ВРЕМЕ Е ВО НОЌТА , ПРЕКРАСНА Е ОВА НОЌ ЗА НАС ... подочњаци до петици .... и продолжува истото секој ден ....
Од фактот дека одлуките од типот „не се замарам повеќе со небитни луѓе“ најчесто имаат максимум еден ден рок на траење... е од тоа си патиме. Зошто да се менуваш за да импресионираш некого? Зошто да дозволиш цел ден да те завладее нервоза и негативна енергија само поради нечии зборови? Во сечиј живот постоел, постои и ќе постои некој на кого што и да направиш, нема да му угодиш. Некој што едвај ќе чека само една твоја грешка за претходните сто исправни постапки да ги фрли во вода. А личностите на кои не им се важни вашите чувства предизвикани од нивните зборови, навистина го заслужуваат статус на небитни луѓе во вашиот живот. Насмевнете се и не им дозволувајте да ја остварат целта.
СДК1 Иронија е фактот што некои се`уште можат да гледаат само црно или бело на нештата што се случуваат во овој живот и овој свет ... а колор телевизорите одамна се пуштени во употреба. СДК2 Не плашете се од борбата во вас. Од вашите солзи (дури и да се машки ), од тоа што таа борба се одвива секојдневно и е страшно болна, сите знаеме колку, од тоа што сте паднале кога најмногу сте верувале дека ќе скокнете на нозе со сета сила (последново значи дека можеби ќе имате сила да го доживеете и токму спротивното), не очајувајте дури и доколку има повредени поради тоа. Се` додека борбата се води во вас, напротив, бидете среќни, таа борба, тие солзи, значат дека во ова време на нечовечност, сте успеале да останете човек, макар во најмал можен дел и дека, покрај човечкото, во вас чука и “човечното срце“.
Родителската љубов е безусловна... Се додека не се направи нешто преку што не можат да преминат. Ама сепак, безусловна е. Додека си во нивните граници. После тоа доаѓаат условите. Ако не направиш така и така не си веќе мое дете. Ништо веќе не е безусловно во светов, па и љубовта на родителите.
Она чувство кога нема ништо благо дома после напорен ден на пракса и земаш чоколадо за тврда столица. Ќе татни вецето вечерва,топовите ќе грмат, комшиите ќе пријават мислејќи дека се куршуми и за нели,да не ги казнат Ама јоло ајде.
Одам по улица накај накај дома, покрај мене поминува една стара жена со скинати чевли и алишта.. Очите ми се насолзија, во еден миг помислив да се вратам да и ги дадам патиките мои , а во друг незнаев како ке изреагираа.. Навистина жална глетка но искрено ако ја видам пак без размислување ке и ги дадам мојте обивки
добро утро ( попладне за вас) I'm back of track после 4 дена есенски распуст.. Се надевам дека оваа недела ќе започне убаво
Чудно ,некогаш соништата ги доживуваме како раелност,сонував како галам делфин а тој толку беше среќан цело време скокаше и ираше ,толку делуваше реално , а пред две години на сон бев во new york kaj да е ке го прошетам светов ако не во реалноста во сон сигурно
Многу е добро чувството кога се почуваствуваш сакан. Кога нешто ќе ти се случи и треба да се растрчуваш по здравствени институции, единствено нешто што те држи силен е поддршката што ти ја даваат луѓето околу тебе. И кога знаеш дека и во добро и во лошо тој е тука за тебе. И те советува како мало дете, сега немој вака, вака направи, немој да заборавиш да земеш ова, да земеш она. И ти само да,да во ред, во ред, запомнив, да да. А во себе милина ти ја полни душата, што имаш некој, настрана од твоите, кој толку многу те сака.
Од тој што најмалку очекуваш -------> најмногу ќе добиеш! Чувствувам гасеницата во стомаков ќе ми се преобрази во пеперутка
Преморенаа сумм! дааа! и да не ми е овој пожарникаров Сем со примеси на Гарфилд, незнам што ќе правев! - Ни Вардар немаше да ме пере! ... На факултет сум жива брука! Значи од можни 5 колоквиуми, до сеа 3 пројдоа - сите 3 ги паднав! Аа и другиве 2 што ми претстојат - ќе ги паднам! Епа браво, алал да ми е! Нек' ми се угоде, предосеќам дека ќе бидам принудена да се отпишам и да се мажам за веќе гореспоменатиот, ќе мора! Ии секако без турканици ќе ве поканам ситее!!! Целоо феминско друштвоо ќе бидете поканети Ќе биде тоа свадбичка и пол, свадбуле за мерак! истаа као онаа на Кејт Мидлтон! ... И ќе си бидам џоа циганка, али шта чеш кад се мора, мора се!
Знаете какви живци се потребни за да го соберете распарченото сирење што ви паднало на теписон, а без притоа да го размачкате цел теписон? Огромни! Саат време правев ручек, два саати го собирав нередот позади мене. Битно си добив пофалби, шо ми е гајле.