Немам против ниту еден дијалект на македонскиот јазик. Всушност дијалектните говори се непроценливо богатство на еден јазик, и показател како тој се развивал и еволуирал со текот на времето и географската распределба. Бидејќи се спомна скопскиот дијалект, мене ми е смешно што скопјани мислат дека всушност тој е еквивалентен на литаратурниот говор/јазик. Уште посмешно ми е што луѓе кои од периферијата се преселиле во Скопје, почнуваат да говорат скопски дијалект, а тврдат дека зборуваат литературно.
Еве, јас сум скопјанец и не мислам дека скопскиот е еквивалентен на стандарден говор, Се согласувам со тебе дека дијалектите се богатство на еден јазик, и од него произлегол и стандардниот. И дополнително, мислам дека сленгот, аргото, уличниот говор, социолектите, идиолектите, се богатство на јазикот, но, СЕКОЈ треба да знае и да умее да зборува стандарден јазик (литературен избегнувам да користам, затоа што може да се смеша со книжевен често, затоа стандарден) во соодветен контекст, сообено ако е човек што треба да покаже знаење (има таква професија, има соодветна функција, му е дел од неговата личност, или изразување) и сака да е пример и за луѓе кои треба да знаат да зборуваат, во соодветен контекст. Се согласувам и дека на ваков форум не мора да е норма. Не мислам дека се проблем мали разлики во прозодија, членување, интонација на луѓе што доаѓаат од различни делови од земјата, или се странци и луѓето го доживуваат како „дијалект“. Дури ми делува и симпатично, мене лично. Неверојатно е колку е богат македонскиот јазик, и има многу еквиваленти и решенија за терминологија за која мислиме дека нема превод. Најголемиот проблем, според мене, е што мислиме дека ако зборуваме како Германец, Англичанец, Французин, Кинез „без акцент“ сме постигнале многу, а забораваме дека дури и нашите деца да живеат во соодветните земји повторно ќе имаат потекло од Македонија, и нивните родители исто така би зборувале македонски. И не гледам зошто ова би било противречност, може некој и да е хиперглот и пак да го знае стандардниот македонски јазик, нека не го зборува секој ден активно. Така, се стекнува и метајазична свесност, развиваш способност за артикулирање, аргументација, и меморија, затоа што мајчиниот јазик не е само средство за комуникација туку и алатка за размислување.
Денес како ден на македонскиот јазик и азбука, убаво е да се повтори на кои наречја е базиран македонскиот литературен јазик. П.С. нема побесмислено нешто од расправање за дијалектите на сопственикот јазик.
Не значи дека ако Скопје е главен град по дифолт се потекнува од него.. Ниту пред сленговите скопскиот дијалект не звучел како стандардниот, скопскиот не е ниту земан предвид за стандардниот.. Стандардниот македонски јазик е базиран на централниот дијалект (велешк, прилепски, битолски).. Скопскиот припаѓа на северната група на дијалекти.. Не ми смета ниту еден дијалект, некои ми се смешни исклучиво само поради тоа што прв пат слушам нешто што некој го изговара поинаку... Ама многу ме нервираат луѓе што се фрлаат дека се нешто повеќе само затоа што живеат во одреден град.. Сами се нафрлија скопјани, што чисто се сомневам колку од нив се староседелци таму, џабе се се нафрливте така, не сте толку битни.. И кога сум тука поздрав до сите од Прилеп, Битола и Велес што не се нафрлија дека се повеќе од другите само затоа што од нивните дијалекти потекнува стандардниот јазик.. Само доказ дека скопјани се тие што се нафрлат најмногу и ги хејтаат другите.. Од Прилеп треба да се фалат ако е така се од нив потекнува и дијалектот и првите пушки таму пукнале.
Најверојатно пред втора светска мисли дека скопјани не знаеле да зборуваат, или биле неми, пред да се воведе стандарден јазик, па поле почнале стандарден и сега си вовеле сленгови..
Епа кој дијалект е? Сленгот не е дијалект. Јас колку што знам, не пости скопски кој се разликува од литературниот, нема некои посебни зборови и акценти.
Иако кажав дека битолскиот ми пара уши, тој заедно со прилепскиот и велешкиот се основа за создавање на македонскиот јазик. Затоа што најмалку имале влијание од соседите. Скопскиот не е ни приближен до овие, но е прифатен за ,,литературен" затоа што сите институции се концентрирани токму во Скопје, па прифатливо е тој да се користи во изразување.
Затоа што правиш разлика меѓу сленгови и дијалект. Сленговите, жаргоните го прават дијалектот. Ние често користиме ,,у". Пример, ќе одиме ли у кино. Често користиме, што збориш, наместо зборуваш. Кратиме. Исто така, голтаме букви. Пример, шо е бе?, чоек не ми збори?, итн. Деталите го прават дијалектот.