Не е тоа дијалект, уличен сленг е, еве мајка ми воопшто така не зборува, јас скроз така зборувам, двете сме од Скопје.
Дијалект е.. Шо, кај, идеш, ја, глеам ... Не се сленгови туку дијалектни форми.. Исто акцентот не е ист со оној во стандардниот јазик, не се става правилно акцентот за да се изговори како што треба..
Мене битолскиот ме асоцира на ,,Солзи и смеа", не знам колку е тоа добро. И мит е дека ние од Велес зборуваме како Ноне, Ноне зборува на нонешки.
Вака звучи најчисти стандарден македонски јазик, актеркава е една од личностите што најдобро зборува стандарден македонски јасик (можеби некаде и користи дијалект, ама се труди да зборува колку што може повеќе литературен јазик), обрнете особено внимание на акцентите каде ги става таа па каде водителот.. Да видите дека не е ист скопскиот дијалект..
Затоа што сме растени во различни периоди пример. Секој дијалект претрпува промени, зависно од надворешните влијанија. Нашите баби и дедовци, користеле доста турцизми, нашите мајки и татковци имале влијание од српскиот, ние користиме и ги адаптираме англиските зборови. Нашите деца ќе говорат можеби различно од нас, зависно од тоа дали ќе имаат влијание од нешто.
Точно, се спојуваат зборови и звучат како едно во говорна форма, додека во пишана, се пишуваат одвоено. Генерално скопскиот потсетува на литературниот, но кај него се изговара збор, по збор, засебно. Пример, добравечер и добра вечер. Доброутро и добро утро Намене и на мене Насцена и на сцена Итн..
Е, како нема скопски? Си има. Шо праиш?/ Што прајш? Се досадуем, пеер. Дали ти се шлепа? Зашо? Пошо ми се искача негде. Здивев дома. Кај ти се иде? Ај да искочиме во Центар, до ГТЦ. Ќе седнеме да ти кажуем нова прича за шмизлата од Кучково. После ќидам да ѕирнам нешо у Пренди. Али ако немаш обавези, да ѕирнеме заедно. Неам нишо паметно. Ау... Глеј се у огледало на шо личиш. Ко свиња ваљана у блато.
Официјалниот литературен што го воспоставиле ко официјален литературен за сите во '45та е на основа на тогашниот скопско-велешки, а мислам некаде прочитав дека првенствено сакале да го направат официјален солунскиот. Затоа мислам дека нема посебен скопски, тоа уличниот сленг се развил генерално во последниве 20ина, можда 30ина години, и тоа го користат помлади генерации. Англицизми се користат генерално насекаде, не само во Скопје.
Зависи за што, има дел од зборчињата кои правилно се акцентираат, на третиот слог од крајот на зборот, некои пак не. И сленговите го праат дијалектот, се слагам. Мислам дека поради тоа што не е специфичен и не звучи 'селски', затоа и мислат дека не е дијалект. Одма се познаваме иначе од кај сме, без разлика дали некој користи сленгови или збори порамномерно. @FriendOfDorothy вие реално најчисто ко да зборите. И има разлика од нас, и тоа се приметува.
Чекај да ти преведам на гевгелиски -Шо прајш? -Са досадавум, да та ебум. -(Шлепа незнам шо е дајте превод) Зашо? -Ути ми са ое негде, полудех дома. -Дек ти са ое? -Ми ај ќи ојме до Трајанка и ќе земме вино, ќе са наљокме и баш ќе ти кажувум как са ебала таа плаавта во Фламинго. После ќе ојме ду казинто пошо немме ни Пренди ни Менди. Нема ништо паметно да са прае. -Малеее, пуљедни са во огледалто на шо личиш, кути бишка си станал... Такви сме си ние, во секоја втора реченица имаме пцовка и во секоја трета врата казино
Уствари и скопскиот е станат просељачки. Вака ко шо пишала @nextredstyle ја не зборам. Мнг е сељачки бљак
Wtf Ова не е скопски. Ахахаха најверојатно тие што зборуваат вака не се од Скопје. Никој во мој круг не зборува со ваков речник
А зошто сте толку искомплексирани да нејќете да прифатите дека постои скопски дијалект, не разбирам што има врска? Што е дијалект ако не кратење на зборови? Можеби има помалку дијалектни зборови отколку другите дијалекти, ама секад не е литературно сигурно, пример. Јас сум од Куманово, на училиште секогаш сме збореле строго литературно и за разлика од други градови, многу повеќе го употребуваме литературниот во формални средини, и тоа не звучи како во Скопје, дефинитивно.
Само што ретко кој скопјанец збори литературно. Изгледај го видеото или послушај некоја минута ќе ти стане јасно. Се сеќавам на детските емисии на МТВ во мое време, се говореше на чист литературен македонски. Звучно многу е сличен со скопски, зборовите баш звучат така, но кога ќе формулираш една реченица, ниту еден скопјанец не се изразува литературно.
Чисто информативно, не се осеќам искомплексирана, само сметам дека дијалект и сленг се различни нешта, иначе неам проблем да кажам дека зборам скопски, сепак сум од Скопје. Едит: мислам дека за да биде официјално дијалект треба да има специфични зборови за тоа подрајче, а не само кратење на зборови, пример "чупе", и одредени карактеристики, пример 'т'-то во Охрид.
Јас колку знам сленг е нешто што не е географиски ограничено, повеќе се тренди, модерни зборови. Ако во Скопје менувате граматика, како што некој даде пример што зборуваш = што збориш, тоа е дијалект. Инаку мене велешки ми највеќе звучи литературно, знам дека се различно менуваат глаголите на крај, ама дикцијата е многу литературна. Или такви велешани познавам.