Проблемот што многу луѓе го прават тука е што крвта/генот/наследството го ставаме на прво место пред да ставиме објективно видливи и фактични аспекти кога се дискутира за етникум. Да, во Македонија сме мешани со Римјани од Балканот и Западна Азија, но тоа е целосно и сосема небитно во погледот на јазичната и културолошката Словенска доминација кај Македонцкиот народ. По секоја мера ние сме Словени културно, општествено и јазично, без разлика колку сме мешани или не.
Голем дел од академици во полето на Словенистика имаат напишано трудови во врска на етничката мешавина и состав на Солун кое има доведено до модерните Балкански етнички идентитети (Затоа што секој Балкански етникум може објективно да се пронајде најрано настанат во времето на Византија, идење поназат од тоа е банално и непотребно). Знам има од факултети за Словенистика студии објавени во врска со ова, можеш да ги најдеш.
Така е секако. Имало илири, тракијци, грци, антички македонци, итн. Но во 6-7 век се случила масивна миграција на словенски племиња од карпатите на римска територија поточно Византија па поради тоа шо словените биле во поголем број истиот се измешал со веќе постоечкиот на овие простори. Не сме 100% чисто крвни словени да, имаме и друг етнос во нас но словенската ДНК доминира во нас Македонците.
Најмногу веројатно сме Словени, да. Но, скептик сум кон ДНК „анализи“ на цели нации, народи, племиња, итн Важно е, да финиширам, што ПРАВИМЕ СЕГА, со целото тоа богато наследство. за кое за жал не сме премногу свесни, поради разни причини.
Пошо имам работено во тоа поле, генетски студии објавени од универзитети и кредитирани професори се секогаш legit. Принципот на работа е споредуванде на алели и гени со историски ископани археолошки примероци идентифицирани како припадници на една група, и со анализирање на тие примероци, и одстранување на некои outliers кои не се репрезентативни на забележаниот генетски состав на таа група, се користат во споредба да се види процентуално колку од некои денешни популации имаат наследено колкав процент на наследство од горенаведените преку употреба на софтвери и програми кои имаат ненормално висок степен на совладување, затоа што се академски програми.
Каде пишува дека македонците се словенски народ кој се доселил од карпатите во 6 и 7 век? Сериозно прашувам каде, кои се вистинските оригинални извори за таквата изјава? Има некаде во византиските оригинални записи од 6ти и 7ти век дека од карпатите дошле македонци? Јас не мислам дека СМЕ антички македонци, всушност никој на планетата денес не е антички македонец, пред сè затоа што сме модерни луѓе од 20ти и 21ви век, а не антички. Но мислам дека ЕДНИ ОД илјадниците години на предци ни се и античките македонци.
Мене ова исто ми е чудно како преку днк точно се одредува од кои народи си, баш би сакала некој да објасни, а еднаш праев тест према фацата да ми одреди и ми дава Русија, Украина, Норвешка и Ватикан Ја цела у прашалници, не сум плава јас ама најсмешно ми падна за Ватикан. Ќерка на папата. Италијанка бе
Софтверот е сериозен, статистиката исто така. Но, кој одллучува кои се аутлаери? Тоа е секогаш субјективно нели? Колку архиолошки примерици се доволни за цела популација? И толлкуваето на резултатите секогаш е малку или малку повеќе пристрасно. Пак ќе се вратам на она. Што НИЕ како поединци и прападници на една сегашна култура ПРАВИМЕ конкретно за таа култура, за тој јазик, за нашата заедница, за нашата држава, за нашата нација? Ова е клучно! Но, ова беше интересна дебата. Малку поразлична од другите. Фала ти.
За жал и AI-то вади информации од Wikipedia.А, истатата страна од каде што се вадат, секој може да ја менува. Не знам кој во денешно време учи од Википедија.Мрзливи луѓе кои не можат да отидат во библиотека. Се знае кој ни ја знае нашата историја, а тоа се големите земји со ограничен пристап кон библиотеки и книги. Камо среќа од тие книги да беше подучувана вештачката интелегенција.
На основа на што? За Кирил и Методиј има толку многу малку оригинални записи, од каде е тој заклучок? За нив е запишано дека се од Византиско семејство од Солун, и дека одлично ги знаеле грчкиот, стариот славоник, еврејскиот и латинскиот.
Ти одговорив. Имаш научни трудови кои го потврдуваат тоа и ете така е и историјата како што не учеле дека сме словени, се случила миграција. Патем, и имаме многу сличности и во културата со останатите словени од запад и исток шо го потврдува тој правец дека сме од една иста матица. Е сега, римски записи, се вели дека Византија не успеала да се справи со словенските напади кои уништувале византијски градови како отпор на нивното доселување. Така да, легитимноста е таа.
Па не е субјективно. Кога ќе ископаш повеќе примероци, и ќе приметиш од тоа копалиште дека има тренд во тоа каков е генетскиот состав на тие поединци, можеш да забележиш кои се outlier во однос на споредба со остатокот од ископаната група. Така знаеме како изгледал прото-Словен, и така знаеме дека Средновековен Балкански Словен имал добиено дополнителна "Балканска" адмикстура, и така знаеме како и кога почнало и мешањето и оформувањето на модерните генетски "профили" на народите.
Сум слушнала, секако дека да. Тие се славјански племиња, се 'формираат' (знаеме за нив од 7 до 9 век, кога веќе добро се населиле на балканот) на територијата од денешна Македонија и северна Грција (има и во Албанија), меѓутоа тоа се тие првични одредени племиња, и се само ЕДНИ ОД нашите илјадници години на предци. Ние не сме тие, ние сме балкански македонци од 20ти и 21ви век, со гени уназад илјадници години, а не само 1100-1300.
Баш ми е мило што се разви ваква дискусија, а воедно ми се потврди тоа дека некои(скопјани) го поистоветуваат нивниот говор со литературниот. Во ред е, никој не бара да зборувате литературно во домот, со пријателите… и тоа е нормално. Животот продолжува…
Фактички грешно. Сите што сме идентификувани како македонци носиме барем во најмала рака една третина наследство од нив. Тие се тие племиња кои го имаат формирано оригинално Источниот Балкански СЛовенски идентитет (од кои што водат потекло Македонци, Торбеши, Бугари и Помаци), дури се имаат и измешани со популацијата која денеска живее во северна Грција и делумно во Албанија. Не можеш pick and choose да правиш без да знаеш детално во тоа како е формиран македонскиот генетски профил.
Јасно. Меѓутоа постојано се прават истражувања и се доаѓа до ниви откритија, а уште поважни се изворите и нивните толкувања. Секако дека има миграција. Византиските записи споделуваат дека тие славјани мигрирале и се населиле на цел Балкан, вклучувајќи ја еве на пример и Грција, за која не се вели дека е славјанска држава. А по култура скоро па исти сме. Исто е и со Албанија, со исклучок на доминатната религија.
Значи, се согласувам, тогаш се создаваат теннденции и аутлаерите се „ообјективно“ „отсечени“, но (1) копалиштата се локални популации (2) нацијата е географски дистрибуирана , (3) станува збор за временски ,а не дијахрониски пресек... итн, итн... Дури и во денешницава, еве, не можеш да направиш пресек, генетика од ЦЕЛА нација, и тоа е само моделирање. А, да не одам ниво повеќе, од гени до особини и културно поведение па има цел скок во методологија. Немам ништо против генетско моделирање и мапирање на нации, навистина, но мојата главна поента останува, денес што ПРАВИМЕ сите ние?
Грција и Албанија не се словенски културолошки и лингвистично, затоа не се вброени, иако се и они мешани со Словени.