Токму истото и јас го велам. Славјани секаде се населиле, и во северните делови на денешна Албанија и Грција имаат до третина славјански гени. Значи ако добри 50-60% од гените ни се палеобалкански, тоа значи не сме славјани, туку имаме слој славјански гени. Што е во принцип со сите балкански популации, колку појужно географски толку помал процентот, колку посеверно, толку поголем. Отприлика. Едит: нема pick and choose, треба сите предци да се прифатат, нашите не почнуваат со славјанските племиња.
Не. Не сме 50-60 проценти Палео-Балканци. Имаме донекаде и една третина наследство од Романизирани Римјани од Западна Азија. Тоа го забораваш. И не е битно процентот на крвта или генот застапеност, пак ќе напоменам, културолошки и јазично сме дефинифани како Балкански Словени, и во целовкупност Словени. Албанците надвор од Црна Гора и Косово, немаат над третина Словенски ген. Во северот се процентуално најмалку мешани со Словени, но Албанците исто имаат и гокем процент Палео-Балканска и Римјанизирана Анатолиска ДНК.
Достапна е, но не е корисна.Има доста дезинформации, што националистиве одвај чекаат да се чепнат со бугари, албанци, грци...
Романизирани Римјани од Западна Азија, шо? Нешо си се помешал. Да не мислиш анатолијански фармери? Од пред 8000 год?
1) Копалиштата се локални популации ВЕКОВИ пред да се формираат и дополнително домешаат модерните популации кои живеат на тој простор. Затоа се има разлика помеѓу еве да речеме Анадолец од 5ти век ПНЕ со Анадолец од Византиско па после Османлиско време. 2) Нацијата не игра никаква улога во генетска анализа на антички примероци са крос-споредба и крос-анализа на модерни националности и етникуми во полето на науката. 3) Во активна соработка со антрополози, реконструцкитвни лингвисти и иторичари се одредува точноста на припадноста на античките примероци кои ќе се ископаат. Не се прави се во свое меурче. А што ќе правиме сега? Не знам брат, прај што сакаш, I guess...
Не, не мислам на Анадолиски Неолитски Фармери. Мислам на буквални Римски Анадолици кои биле носени во Балканот како работна, воена и репопулациона снага. Се надевам не мислиш дека популационото движење во Рим стагнирало и немало постојани интрамиграции во самата империја, нели?
Јас ќе правам, но јас не ја правам заедницата, нацијата, државата? Што ако знаеме што сме пред 2000 години некогаш?
Да ги имам при рака ќе ти ги дадам. Побарај си ги имаш и како трудови објавено на вен страниците на универзитетите, ако веќе сакаш да прочиташ нешто, таму ќе ги најдеш.
Поентата ми е, џабе јас дали знам ако сум Словен или Клингонец, ако не си ја почитувам нацијата, не придонесувам кон мојата заедница како колектив, како нација, итн. Да повторам уште еднаш.
Нормално дека имало, меѓутоа нема никакви докази за таква огромна промена на популацијата тука, не се одразува ни во дна, буквално профилот ни е палеобалкански со славјански слој.
It was revealed to me in a dream, yes. /j Да, таму ќе ги најдеш како објавени трудови, а за генетика иди на Science или Nature.
Јас имам навика да кога ќе барам мајстор на 10 места да прашам за цена и понуда, и сега има луѓе што од кога ќе им кажеш дека си нашла поефтино викаат па што не кажа дека ти е скапо ќе ти намалев.. Значи мразам луѓе што сакаат да користат ситуација за да извлечат повеќе, ти си имаш работна рака цена, јас си плаќам и ми работиш, ако мислиш дека сум жена и затоа можеш да ми наплатиш повеќе, епа гадно си се заебал.
Не е политика, туку практична РЕАЛНОСТ, секојдневие, Не зборувмее САМО за генетското моделирање и потекло, од каде тоа?