Чуството кога положиш колоквиум, ама премногу си уморен за да славиш и едвај чекаш да си легнеш И мило ми е што оваа колоквиумска недела е при крај бидејќи заборавив како изгледам без подочњаци. ПС. Не е крива кривата на понуда и побарувачката, крив е Боран Ага што (едвај) научив економика
Е па требаше да и дадеш некој знак на касиерката барем, со очите да и ја покажеш ситуацијата, ако веќе се плашевте директно да се вмешате. Кога зажмуриме на некои лоши работи, а можевме да ги спречиме, е скоро исто како да си и соучесник, колку и да грубо звучи тоа.
Си имам касички за ситни пари уште од мала, ама одамна немав собирано денарчиња во некоја од нив. Ми стојат само како украс. Дома имаме една голема каса во форма на јајце, па во неа пуштаме парички кој ќе стигне. Којзнае колку време си стои, голема е, има уште многу за да се наполни, па на никој не му текнало да ја празни За овој роденден додека бев во Банско, добив една интересна касичка со буба мара. Кога стигнав дома си ја ставив на работна маса и изминативе месеци во новчаник скоро и да не носев железни пари. Сите ги ставав во каса. Дојде време да ги извадам парите, се наполни касичкава до врв Па земав еден весник и врз него ги сортирав, ги броев и пребројував, па ги виткав во хартија на која пишував колку денари има купчето. Така правев како мала. Се собраа околу десет купчиња, а сега со железниве 10ки и 50ки поубаво се штеди На крај после пресметките, испадна дека сум заштедила точно 809 денари. И бонус од татко ми добив едно денарче, за да бидат рамно 810. Не се Бог знае колку пари, ама како мало дете им се израдував Ме гледаат маливе восхитено колку пари сум собрала, па ми викаат: Леле дада Ане и ние сега ќе почнеме да собираме! Штедењето е убава навика, се учи од мали нозе. А задоволството кога ќе ги пребројуваш парите е уште поголемо
Изгледа не спиеш доволно добро со оглед на тоа што ти се спие неконтролирано во текот на денот. Долго спиење не значи и квалитетно спиење. Можеби имаш апнеа за која не си свесна. www.doktori.mk/element/view/4de413a4699ff/opstruktivna-nokna-apnea www.sleepapnea.org/treat/test-yourself.html
Најголем кејф е кога си собираш ситни парички и после си ги заменуваш за книжни пари.Јас имам собирано по 1000 денари и повеќе. Баш ми ја врати идејата повторно да почнам
СДК...аман веќе нека помини оваа колоквиумска недела оти ќе се пореметам Не се издржува веќе ова. Толку многу планови а време? Време само за учење...
Радости! Покрај ова заборавив на болката и нервозите. Животот ми се смени за толку краток период. Вчера црни мисли ме гушеа, а денес еве ме, пресреќна, полна радости. Животот е тркало, и ми се допаѓа тоа.
Кога прашувам „Зошто?“ јас навистина сакам да знам зошто. Одговорот што го барам не е дека има факти за тоа што ми го кажуваш. Јас ги барам фактите. Ако не знаеш да ми ги кажеш фактите за тоа што го тврдиш, за мене си човек без карактер и без знаење, дипломата ти е само за да ти фаќа пајажина дома.
Жени и девојки кои реално имаат предуслови да доминираат врз партнерот во секој поглед се раритет насекаде низ светот и повеќе се исклучок отколку правило, а поготово во Македонија каде не само жените туку целиот народ се задоволува со медиокритет. Плата просечна колку да се преживее, просечна кола стара 20години, просечно јадење, просечен партнер, просечна интелигенција, просечен живот и така натака, и оние што цел живот се потресуваат и гордеат што се македонци, а не се стремат кон идеалот наречен современ и светски човек се просечни, па кога ќе размислам, не е ни чудно што се задоволуваат со просеци. Да се вратам на поентата и темата за доминација, значи, понекогаш не знам веќе како да објаснам дека не само што ерата на неписмена домаќинка е одамна завршена туку генералните статистики и примери говорат дека жената и те како се доближува, па и го престигнува мажот во одредени сфери бидејќи профитот не признава пол, колку и да некој упорно негира, факт е дека постојат влијателни жени кои целиот товар го носат на своите цицк...ова, на својот грб. Јас за доминантни ги сметам онаа категорија жени со став, храброст и силен интелектуален капацитет и не мора по дефиниција да значи дека ако жената доминира во социјален поглед, ќе сака партнер врз кој секогаш ќе има апсолутна власт и дека е обожавател на садо-мазо games иако најчести жртви на овие ѕверки се мажи од видот со латински термин homopapucharius или така познати меѓу народот како папучари кои се многу добри за кратки стази, но никогаш нема да бидат сфатени сериозно од проста причина, монотонија и фактот дека нема сатисфакција за една жена која бара предизвици секогаш лесно да добие се што ќе посака. Плус, партнер на кој никогаш не му текнува да доминира во кревет и има папучарски однос во јавност што значи и етикета од околината, за мене лично е навреда. Во глобала, немам ништо лично против луѓето туку ме предизвикуваат да коментирам оние на кои јазикот им е волкав, а мозокот испржен и моето искуство говори дека баш тие кои надвор пред народ покажуваат некаква сила и доминација се најлесни за насочување и дресирање и во 4 ѕида се лигават како мали деца.
Немам многу другарки, но многу сум среќна за нив две што ги имам, ама - вистински. Ги обожавам ретките моменти кога времето едноставно ќе ми застане за момент, кога студи надвор а таа ќе направи нескафе за двете, ќе извадиме по една мерачка цигара за со кафето и ќе седнеме на под. Ако имаме што да се пожалиме/пофалиме ќе се расприкажеме а ако не, пуштаме музиче, си пиеме и дремуцкаме, гледајќи го жарот од цигарите, исполнети зошто сме заедно. Без потреба да проговориме ни збор. Со едната другарка се знаеме од прво одделение, а со другата од бебенца а се дружиме интензивно 7 години. Заради нив две, сфатив кои личности се вистински во мојот живот и кои можат да се наречат - другари. Најмногу целам кон љубов во животот, дали од партнер, фамилија, пријатели и кога ја имам.. Среќна сум бе луѓе. Ме крева до небо.
Денес прв пат се почувствував пораснато. Почуствував туѓ гнев и намерно нанесена навреда и болка врз мене и не се разгневив.Израционализирав и ја оправдав туѓата постапка. Се ставив во нечии туѓи чевли и разбрав дека нивните зборови не се предизвикани од мене туку од нив самите. И послесно ми е и поубаво. Непростувањето најмногу би ми тежело мене.
Кога одам на клинички и кога гледам кој се не е студент на медицина, со таква апатија на нивните лица и општа незаинтересираност и очигледно сеедно, ме фаќа паника за иднината на нашето здравство и се прашувам кој ќе не лечи. Сериозно... другарка ми вика - леле види ги бе, без вода у очи, доктори ќе бидат...и тоа во завршна година на студии... зошто дипломата е престиж, а не љубов кон наука, професија и пред се луѓе. Со која душа ќе полагаат Хипократова заклетва...
@AnaKarenina, навистина ми е мило што мислиш така. И јас сум ептен среќна што вака уште мала се научив да штедам, постојано си оставам некоја паричка што ќе најдам по џебови или низ дома. Особено железните. Како само го сакам она чувство кога ги држам сите железни парички што сум ги собрала, колку убаво тежат во рацете Јас немам касичка, ама имам едно преубаво сино буренце каде што си ги чувам собраните пари. Е сега, имам околу 3000 Сосе роденден. А од нив околку 300 беа железни, си ги заменив. Мислам дека секој треба ова да го прави. Нема поголемо задоволство кога ќе видиш дека си имаш одделено пари за ако некогаш ти притребаат. Сакав да кажам, се сеќавам кога бев мала. Можеби 3 или 4 години. Се знаеше уште кога ќе станам какво ќе ми биде утрото. Секое утре се разбудував во меките пижами, мислам дека немаше помеки од нив. Потоа слегував долу, и ми даваа шишенце со тазе згреано млеко, топло и вкусно. Си имав омилено место на креветот, таму си легнував и си пиев од шишенцето, а притоа со другата рака се тапкав по некое делче од пижамата. Не знам зошто. Можеби, така ми беше повкусно. Само знам дека на сите им бев многу интересна. Сакав да кажам, старите навики, колку и да се промениме, не се менуваат целосно. Јас, фала богу, не пијам млеко од шише. Ама и ден денес уживам во чаша топло млеко во пижами, си имам омилено место на креветот, и понекогаш знам повторно да се потапкам по облеката. Токму тогаш, посакувам да се вратам десетина години наназад и да лежам на истото место, да пијам млеко од истото шише, и да се тапкам по пижамата.
...пред помалку од една година,мајка ми ми донесе кученце,онака мало,слатко,бушавко,ептен мило. Толку се поврзав со кучето што по цел ден бев со него. Го бањав,го чешлав,го хранев,не одев на спијење пред да го погалам..едноставно си го обожавав. Јас по природа не сум личност што сака мачки или кучиња ама тоа кученце беше толку мило што нема кој не би го засакал. Едно утро кога станав,прва работа ми беше да излезам надвор да го погалам моето најмило,но го немаше ... викав по него ама не дојде,а потоа дојде баба ми и ми рече дека кучето исчезнало и дека или го украле или го убиле. Во тој момент мислам дека дел од срцево ми се откина..не можев да поверувам. Како може човек да биде толку безчуствителен?!Да убие такво мало,мило и невино суштество..Од тој ден решив дека повеќе нема да се приврзувам за ништо,затоа што загубата на она што најмногу го сакаш остава рана на срцето која многу тешко се залечува,без разлика што се работи за животно,тоа куче беше дел од мене ..беше мојата душа.