Глеј , коа сме кај цицки иам да ти ги препорачам на Емили Ратајтовски цицките у Gone girl изгуглај си ги, ја коа ги видов си реков ваууу еден ден ако треба вакви ќе си напраам, па уште и со години мислев дека вистински и се, а тоа фејк да и биле... Иначе дај кажуј чии цицки имаш стаено...
Уште немам одено, ама месецов ќе биди. Јас па сакав да одам со цицките на Chappell Roan на слика, оти ништо не ми личи визуелно подобро од така природно спуштена цицка шо ја повлеква гравитацијата. Се договорив само на големина, са следно треба да кажам дека ги сакам ко „солза“ и да си ги ставам. А, во vision board се некои рандом оти сакав да ја ставам сликата на стори па демек покриени АХХАХАХАХХА Спојлер
Демонче можеш ли да споделиш како го правиш тој боард? Мене баш ме заинтересира искрено, мислам дали ептен ставаш секакви ситници од типот во Април планирам патување во Белград, или поголеми работи што би сакале да се остварат ко на пр. си барам нова работа и сакам да ја најдам до Септември 2026? Ме интересира како го имаш сето тоа скоцкано за да сфатам подобро.
Јас за белешки, текстови, планови - користам OneNote. Имам неколку "тетратки" за башка категории + една shared со другарка (да, можи да шероваш тетратка и заедно да едитирате). И OneNote e бесконечно голем лист и пишиш и само одзумираш и имаш поќе простор. Епа баш го напрајв vision board зошто нели, треба да е нешто шо го гледаш да те потсетва на планот. Така да седнав и собирав слики од работи шо сакам, ги наредив во организиран хаос (ако покажам на друг личи хаотично, ама деф има ред). И после му тргнав една крива и на неа пишав "рокот". Под крива мислам, то е една линија шо ја шкртав околу и меѓу сликите со цел да ги "спојам". За некои работи допишував белешки дека се итни и дека мора одма да почнам, ѕвездичка на тие шо се за втора половина. Дел се само желби, ама два пати месечно ако ги гледаш потсвесно сакаш да станат реалност. Јас за едниот одмор имав проблем во врска со деновите, се смеев со другарки како да им кажав дека местово ми е во vision board и јас ќе одам. И ете, ојдов. Голем + е дека лаптопот ми е со моливче па врз сликите пишам, околу слики и сл.
Како сум растрчана во последно време и се обидувам да правам "сѐ што треба", жонглирам меѓу обврски, но некаде постојано доцнам. Работа (со зголемен обем сега), социјален живот, теретана, исхрана и готвење, хоби, интереси, доволен сон, да се слушнам со мајка ми, да платам кирија и сметки, да го одржувам станот среден (ова ми страда најмногу сега), да гледам нови филмови/серии/аниме, да планирам летен одмор...сигурно има уште нешто што пропуштам. И се смеевме со другар, му велам покрај ова растрчување насекаде и кога не можам салам да седнам сѐ додека не завршам работа во 23ч, како јас да најдам време да се допишувам со некој и да дејтам? Бидејќи не е дека не сакам де. Уште па да имав човече или животинче што ќе зависеше од мене.. nah I couldn't do it at this rate. Не дека ми е прв пат, ама зошто adulting е олку тешко? Или ние премногу си ствараме притисок дека мора да сме нормални и во тек со сѐ? Еј, ама барем имам испланиран интересен викенд во Белград во јуни, што едвај чекам да дојди.
Ја гледав Вечера за глупаци на Велешки Театар вечерва во Драмски. Преубава, презабавна, ептен ми беше ќеиф што ги наградивме со доолг аплауз и што им се насолзија очите од радост. Секоја чест, некои глумци може само да се обидат на учат од своите колеги. Убајна
Не е ни чудо што Словенија прва излезе од заедничката држава составена од нас, Србија и слични пропалитети, и ја би.
Listen, and listen very carefully - Тарот Кафе (до ботаничка градина е) вреди многу. Влечиш карта за коктел каков ти се паѓа. Картите им се од театарска претстава зошто е и театар местото. Ко бев јас имаше и магионичар. Многу е gimmicky ама за еднаш е топ. Кога имаат претстава (шо веројатно нема да фатиш оти през недела имаа ко прашав) тука се и актерите во улога и одат по масите.
Сдк ако некогаш излезам од монашкиов живот ќе изберам странец дечко/женска. Не сакам од земјава, имам некоја аверзија.
Ај дека не можете за секоја една дебилна турска серија тема да отворите? 21 век, чмаат пред телевизор гледаат секоја една турска факинг серија за малоумни шо ја добиле гратис нашиве да попунуваат време на пензионериве измеѓу утринска, вести и дневник... Ќе речеш порано ајде ни интернет имало, нит неограничени гигабајти, па те еден компјутер, па еден телевизор, па старите го држеле даљинското, али денес? Па уште и цели теми, разглабања и филозофирања ко мислиш Изгубени или Зона сумрака да гледаат. Непопуларно мислење, али знак на малограѓанство.
Интересно интересно, ќе пробам да го вметнам во агендата. Сакам mystery cocktail бидејќи и онака обично не знам што да бирам.
Истово го помислив пред некој ден, кога ќе видам тема за секоја можна турска серија, ми се приповраќа! Таман од сабајле од 9ч до врчерта до 21ч, после тоа и репризите да се фатат..
Цела недела ми искачаат постови за Кочанскиот крематориум. Најтрагично нешто што прочитав, беше дека жртвите не се задушиле од отровни супстанци кои биле во шупата, туку дека починатите имале наркотични супстанци во крвта, па така тие биле со лоша ориентација поради наркотичните суптанци и не можеле правилно да реагираат во дадената ситуација - па починале од тоа. Ако постои некоја виша сила, некој Бог, некој универзум на богови на правдата, се молам сите кои ја исполитираа оваа трагедија, сите кои се дел од оваа политичка раја да не дочекаат бел ден, ниту тие, ниту нивните 20 поколенија. Ова што им го прават на жртвите и нивните фамилии не е во ред никако. Ја упропастивте државата, го осакативте народот, оставивте огромен белег. И сите сте одговорни, од чистач, советник, градоначалник, функционер, премиер, професор… сите кои сте вработени со партиска книшка. За плата од 35.000 денари идете и ракоплескате на секој митинг, трчате пред избори од куќа на куќа ко стара циганка, која разлика ја правите во општеството? Дали 35.000 денари вреди еден човечки живот? Државата не е само ваша!
Лелее, многу се радувам што моите барем тие срања не ги следат. Ама затоа вујна ми од Скопје кога идат на гости, обично седат по неколку дена, кога ќе ги опукаат, од 5 до вечер. И моиве до нив седнати како тажни врби, статисти. Па тука тешки муабети паѓаат меѓу вујна ми и вујко ми, за Ѓулземе која го прелажала Сали, лошачката се коментира, муабети и соживување, како да живеат со нив, омг. Јас теленовелас многу гледав до почеток на средно, после тоа некако како да ги надраснав, верувам дека и турскиве се сапуници, слични срања, срцепарателни. Мада овие имаат некој поориентално-традиционален шмек, фајт меѓу золвата, јатрвата, зетот, снаата, комшиите, сите у хаос и седнати околу маса, народна приказна вајб, затоа се популарни, исти менталитет имаме, турско-паланечки, 500 години под турско си оставиле последици.
Од теленовелас барем имаше некаков ќар, шпански научивме Јас последна што ја имам гледано исто во средно El rostro de Analia, уште песните ги пуштам чат пат Колку и за вкусови да не се дискутира, мене ми е жално и тапа што млади луѓе подалеку од турски серии и турбо фолк музика, не знаат. На толку избор... Уствари и јас гледам една на Нетфликс, утре ќе ми почне нова сезона, Thank you, next Ама не е како оние од тв кај нас.
Секако дека ми е гледана, меѓу последните од таа моја ера. Ептен беше у sci-fi фазон, акција, не беше класична ,,Џо но сој ту мадре" теленовела.
Воопшто не ми пречи ако некој гледа турски серии, шпански теленовели, Нетфликс, Господар на прстените, Прстенот на Нибелунзите, Зона на самракот, подкаст за нови ЛЛМ-а, Телеграм канал за геополитика, Аца Лукас, Валентино, Дисенгерица, слуша опера, гледа порно, го слуша Малер, го чита Шопенхауер, Пруст, Фрицл или Кристи, сѐ додека го сака тоа што го прави и има обѕири кон вкусовите, времето и просторот, и личните граници на другите луѓе... И да, мислам дека е „малограѓански“ да им се каже на другите луѓе што да слушаат, гледаат, сакаат, да се поистоветуваат со тоа... Немале време, немале шанса, биле под одредено културно влијание, биле во опкружување во кое некој друг истото го следел, некој не можел да им покаже нешто поинакво, можеби па ќе сакаат нешто друго, или пак едноставно тоа го сакаат и им се допаѓа и немаат проблем со тоа. Да, знам дека е ова „непопуларно мислење“! (Кој ќе стави лајк? )