Ама и непотребно се мрчи, посебно за музика, као сите вие со класична да станувате и легнувате Све најнајнај суперквалитетно Се праите не слушате турбофолк, а сите песни ги знаете, како бе? Ја еве не знам, не се десило ниеднаш да посакам да пуштам и слушам..
Ќе се согласев за турските серии, и се согласувам, ама за музика не можам, многу сакам да слушам нефеминистичка музика и сељачка, онака дно дна.
Ќе ти кажат пример дали е благ или кисел или нз каков, имаш можност да влечиш втора карта. Ама ептен интересен концепт во секој случај.
Тезата дека сме словени, татари, антички македонци, Скроз не ми држи вода, дека сме парче земја што поеќе време било под ропство, од колку што имале своја земја. Калеш Анѓа рекла Не, ама 100тина Славки и Милеви, не им сметал турчинот. (I don't judge) Колку денешниот американец може да рече дека е индијанец, или нативен американец, а популација од север до југ се извртела низ годините. Така и дијалектите, си ги носиме, си ги делиме, ги менуваме. Може велешки е најблиску до литературниот, ама шо праиш дефинитивно не е литературно.. Исто како какво правиш..
Никогаш не прашувај Турчин од кое Христијанско село во Балканот и Анадолија неговиот јаничар дедо има дојдено.
Пошто секој знае дека Турцине се со се мешани хахахаха. Мала шега дека Турчинкине уште понеприбирливи се од тие Славки и Милеви
Со луѓе со кои не сум преблиска и не се гледам толку често, ако некогаш се видиме, ќе договориме пример по телефон или чет кафе, ќе се видиме и толку, до следна средба. Не комуницираме премногу ама ете некогаш знаеме да се видиме и да си кажеме кој до каде е во животот. И со терапевткава пораките ни беа исклучиво за закажување сеанса и само толку. Све дур еден ден ми рече: Манчи, некогаш сакам по порака да ми пишеш некоја убава вест, некоја нова навика или како се осеќаш после сеансата. Твој избор, ама ако сакаш, пиши слободно. Океј. И искрено ми требаше тој поттик да бидам послободна. Од тогаш, ќе помине ден - два после сеанса и ѝ пишував како се осеќам, како сум поминала. Или мала скромна благодарност према нејзе, иако ѝ е тоа работа. Не бев свесна дека ова ќе ми премине во навика и ќе ме поттикне да се преиспитувам како некоја недругарска средба ми влијаела. Сега кога со некој ќе се видиме по долго време, а не комуницираме толку, ќе пишам после некој ден нешто од типот еј убаво што се видовме, фала за денес/некни, баш ми го разубави денот итн. Осеќам потреба да кажам дека средбата не била ради реда, дека иако можеби комуницираме формално, не сме блиски со некого, сепак разговорот и тој 1 или 2 саати ми значеле, дека сум се сетила на тој разговор и по неколку дена. И уште поубаво е чувството кога ќе добијам сличен фидбек од другата страна. Затоа освен "кого имаш да повикаш во 3 саат ноќеска кога ти треба", треба да имаш и "кој НЕ ти е другар, не можеш да го бараш било кога, но во душата длабоко го сакаш како личност, ти оставил убав впечаток и ќе ги памтиш и по само едно испиено кафе после x години"
Не па балканот не е. Општо цела земја.. За тоа никад не го сватив тоа препукување чиа днк носиме.. Можам сега да одберам последново колено со кој ми дели днк, ама ич не ми чури каде ми е коренот, пошо guess what? Народот сам се поделил, сам си отворил конфликти за скроз небитна работа. Стајте ме на клада сеа, за коренот, а што ако ти си од татар, а маж ти од нетатар??
Остај ти тоа. ДНКта не е битна, јазикот и културата е. Нека ти е гајле што јазик и култура пркатикуваат твоите сега и во блиско минато, а не кој со кого се измешал.
Има и несиликонски, не е исклучок на таква градба на тело. Тоа што она си платила само кажува колку од „проблемите“ се решаваат..(само) со пари.
Моите сега, и понатаму, за минатото воопшто не ме занима, пошто живееле во скроз друго време, и преживувале како знаеле и умееле, па макар и тоа да вклучува туѓа култура и јазик. Почитувам правила, закони и тие се непроменлива, култура и традиции, сите сами си градиме, и се скроз променлива, дека човекот е прилагодлив организам.
Тогаш си немаме потреба на отварање на дискусија за кој бил или што бил, чим на крајот од денот не ти е битно.
Страшно,исто една стара жена ми се развика у бус зашо покушав да отворам прозор и и реков па не е ладно надвор!
Моите се од оние комшии што не би сакал да ги имаш, особено ако си пораснат „во пештера" и не знаеш како се живее во зграда, а такви ги има еден куп. Некогаш претеруваат, ептен цепидлачат, ме фаќа срам, иако се во право за повеќето работи али сепак ова е СРМ. НО... секогаш кога ќе помислиш дека се скандинавци по однесување, те враќа во реалноста малото шпоретче на балкон. Горе овие го издупиле олукот за да си го провлечат цревото од климата, кратер направиле, зошто да собираат вода у туба кога можат директно у улук, па сеа кога врне, еден куп вода излегува од таа дупка, прска и завршува врз шпоретот на мојата ,,скандинавка", која и не мора да си ги прави манџите на балкон. Водопад врз нејзиниот шпорет. И ете ти фајт меѓу комшики, кои кога ќе прошетаат низ средени држави, со воодушевување им раскажуваат на другите Радојки, колку таму функционира сѐ под конец, а ништо од тоа не практикуваат овде. Кога ќе им го кажам ова за шпоретот, добивам коментари дека сум против нив и дека секогаш ги бранам другите. Сите се исто срање уствари, и туѓи, и свои. И сите сме убедени дека сме у право. У СРМ најголемиот проблем е недостатокот на самокритика, таа сељачка ароганција, признавањето грешка не е нормална работа, се доживува како „паѓање на круна", пораз, да бе, овој/оваа ќе ме потценува, ами сите така прават, само ние ли имаме шпорет на балкон и слични фиромски флоксули...