Секоја чест за дедото што пред некој ден застанал во одбран на малолетни деца нападнати во бус од возрасен човек. И мило ми е кога ќе слушнам дека некој застанал во одбрана на некој непознат што е нападнат, ми дава надеж дека човечноста не е целосно исчезната.. И се надевам дека на крај нема дедото да го извадат за виновен што го претепа насилникот, туку тој ќе си биде казнет за напад на малолетници и мислам дека дедото не удари прво него го удрија и се фрли го истепа.. Епа овој дедо заслужува да му се отстапи место во бус.
Дај им совет, дупката да си ја пополнат со силикон.И ќе спасиш доста кавги. Во поголеми дождови, кај мене на улица е река.Одвај изградија еден санитарен одвод, иако додадоа цевка која води до долната улица и сега таа е поголема река.Нема план, брод без капетан сме.За жал. Во Германија и на запад, знам дека постојат за инверторите закони дека не смеат на фасада да ти бидат прикачени.Има доста правила, но во оваа вукојебина од држава секој си е мајстор и си прави како што ќе му се присака.
Буквално, мислам дека ни во историјата мма нема запишано некој толку брзо некој да среди.. Во едната рака јакната си ја држи и пак го исфрли за секунда..
Абе сериозно. Шо е со умренине на фејсбук. Цело време ми искачаат некои луѓе што не ми се ни пријатели и само тоа гледам. Како бандера со некролози ми стана фејсбукот. Само кај мене е така?
НИЕДЕН маж не може да разбере како жените се чувствуваат во пмс пред да добијат. Не можат ни да замислат кои нервози се тоа и измешани чувства.. Ми идеше од кожа да си искочам, да испоубијам све и сама да се утепам. Хормони се бе тоа не е шала, ја онака проблеми си иам со хормони и ми ми се повишува хормонот на стрес, па уше ова Шубаво сум поштедена од болки поврзани со менструален циклус, ама на психа.. ме утепува Долго и брзо пешачење со саундтрак у позадина баш добро прија, да не искочев ќе полудев мислам дека, сама ќе се пријавев за хоспитализација.. Шубаво изврна Ме нервираат и луѓе шо идат пред мене, значи не можам да чекам, да прелетам пред сите со брзина на светлината... Уше еден земал турира на макс за да привлече пажња, да го видат сељачето со зелената бесна спортска кола Со пуштена музика па го слушав звукот маме му ебам.. Ете го сељачкиот малокурест синдром на покондуреност
Убаво е кога дождот ти ја разбушавува косата а си без чадор И крузењето со тивка музика, капки дожд, мирен пат и тој момент кога само возиш и си ги средуваш мислите, комплетен reset дава.. и дождливите темни денови се убави
Неделава неколку пати одев во КАМ само заради суши. Не можев никако да погодам, или ќе одев кога не им е робата наредена, или кога ќе го разземат. И ете денес, конечно го начекав и си зедов. И морам да кажам, превкусно беше, со голем мерак го изедов. Не дека претходно немав пробано, ама сега сфатив колку голема љубов имам за суши. Да мора една храна да јадам до крајот на животот, ќе биди суши. Омилена храна ми е официјално. Обожавам суши најмногу од сѐ.
А и болни уствари не прекинале. Со рак и со генетски синдроми некои. И фејсбук е болен и ќе умре изгледа
Не знам дали сум единствена што сум приметила дека е нормализирано некои родители и возрасни да прават slut shaming на малолетни девојки кога доживуваат прва љубов и врски, па дури и деца кога почнуваат да сфаќаат дека половите органи служат за нешто повеќе од мочање. Место да седнат и онака пријателски да разговараат, да ги едуцираат, да им посочат што е во ред што не, и притоа тоа да остане меѓу нив, овие си пукаат сеир со пријателки и тоа некогаш и пред децата, па ајде ќотек како смеела дечко на 16, па и курва била оти излегувала со машки. А децата срам да им е што не знаат што им се дешава, па ќе дојде комшиката ќе го искара, срамота било, како така правиш. А зашто е срамота, останува мистерија во главата на детето. Нешто слично доживував во детски и тинејџерски години и тек многу подоцна сфатив колку било морбидно и да не речам, предаторски рандом луѓе да ти берат памет за твојата приватност кога си дете.
Тоа е оти си машко. Прашај не нас жените дали ни е убаво. И на најмала влага, косата ни се претворува во грмушка.
:о Како суши-slut шо ја мрзеше после работа да излези ... гледај ме како ќе излезам да си испазарам денес. Ако сакаш суши - Умами кај нас, едно време и Аурум имаше ама одамна немам одено да видам. Јас така уствари почнав и после то нема застанвање. Нема кај шо немам суши јадено, и сама си прам.
Држам среќа да најдиш. Мене мислам веќе ме научи таа вработената во КАМ бидејќи прашував само за суши. И последно ми кажа за денес во 11 ќе имало роба наредено и секако дека веќе бев таму па начекав. Инаку знам за Умами супер се, не знам зошто ретко сум јадела. Треба да пробам и сама да си правам.
Пошто сирова риба не вервам да најдам добра тука, јас прам со димен лосос: нори + ориз + димен лосос + краствица на долго сечена + авокадо на долго сечено и офц соја сос. Првите ми испаѓаа wonky, ама сега како ги вртам, навика е. И има од Томи чили мајонез, длабоко препорачувам да земиш за од горе да му ставиш. Инаку еве сега станвам, ќе одлагав за утре пазарењето ама некако не ми се чека.
Исто. Еднаш на три месеци ќе ја отворам апликацијава и само тоа гледам, умрени што се објавени од семејствата некои рандом небитни луѓе што се стаиле како digital creator а и не, и само искачаат постови кога прднале, што јаделе, кај оделе, родители си објавуваат деца со сите нивни "успеси", што меселе, што си купиле. Да полуди човек.