А, всушност е многу едноставно. Алгоритмите се „хранат“ со најниски емоции, најчесто негативни. Тоа „влече внимание“. Или имаш „И се виде меѓуножјето“ или „вчера дете уби половина школо“ или „умре тој и тој“.
Ами навикнати сме, затоа не спомнуваме . Ќе падне може карантинче, ќе се буцнеме два три пати, ќе цркне некој и готово, not a big deal. Веќе видено.
Да ви се намочам и на корони, и на ханти и на хунти, да одам на одмор у Јуни па после нека иде цел свет у курац, патка не ме заболе, да ми простат овие со деца...
Се надевам дека има посебен круг во пеколот за трујачи на кучиња. Каков акт на зло е тоа. После децава не чинеле. Па какви психопати ги растат, ова е резултат. Само овие стариве психопати добро се прикриваат.
Сакав да се надоврзам на мојот вчерашен коментар. Еден случаен наслов денес. Може да биде на кој било медиум онлајн. Млад човек (21) изрешетан со шест куршуми: Убиецот е таткото на неговиот пријател, еве што покажа обдукцијата Еве ги „нашите“ „некрофилски медиуми“ што „глумат“ загриженост. (Наши во наводници, затоа што не се само нашите и може вестите да се од секаде; некрофилски во наводници, затоа што не мислам дека се само тоа или дека мора да бидат тоа; глумат, во наводници, затоа што и не глумат туку прават, ко-создаваат) Ова е пример за класична економија на внимание. 1. Ако не е црна хроника во Македонија тогаш е црна хроника во соседството. (Соседството зашто е поблиску до нашата култура, па таа вест повеќе нѐ допира) 2. Ако не е црна хроника во соседството тогаш е во светот. 3. Што поморничаво толку поголем клик-бејт. 4, Колку насловот е подвосмилен толку сакаш да го отвориш линкот (мозокот има потреба да ги комплетира мислите и тоа создава допамински циклус), Затоа, некомплетните наслови те „влечат“, или се со три точки, или се нејасно формулирани. Ова е намерно. Нивното објаснување? (1) Треба да се одржи медиумот. Живееме од спонзори. (Ова треба нешто да оправда, божем.) (2) Се натпреваруваме со алгоритми што го прават истото. (Ние ова не го измисливме. Не сме одговорни. ) (3) Тоа „сакаат“ да го читаат луѓето. (Да, на невронско ниво, можеби) Работата е што кликовите не разбираат рефлексивно и мета-размислување, само реактивност. Штом некој кликне веќе е монетаризација, видливост и гледаност. И потоа имаме насилство насекаде. Се разбира. Не, не тврдам дека се должи само на нив, или тие се еден фактор. Многу е покомплексно. Објаснував на друго место, но, секако е важен фактор за пропагација и репродукција и легитимација на насилство кога имаме ужаси 24/7 на сите можни медиуми онлајн. И иронијата да е поголема, од вознемиреноста на самите луѓе повторно некој прави клик-бејт, сѐ до следниот нов ужас, до следната загриженост, до следното палијативно „решение“. НЕ ЈА ИГРАЈТЕ НИВНАТА ИГРА!
Се видов денес со другарка од Скопје, ми пишува „одма излагам“, ова ли е литературното недијалектско скопско говорење.
Кога нешто не знам или се двоумам, пишувам на вештачка интелигенција, па откако ќе ми одговори, некогаш си правам уште неколку реда муабет за да си го објаснам мислењето, пошто немој ВИ ќе си рече види глупача што ми пишува...
Трет обид за реприза на 2020 ама некако не им успева. Голем дел од народот се разбуди освен оние најзакоравените јАс мУ вЕрУвАм нА нАуКаТа и пАк ќЕ Се вАкЦиНиРАм зА оПштОтО дОБрО!!!11!! Читам одма пораснале акциите на Модерна на берзите оти веќе работеле посветено на вакцината за новиот вирус.
Ова више ги пројде сите граници на идиотизам од дефицит на поп пејачи и песни почнале да прават кавери од златно славејче 1991 Прва љубов како сенка... у кафич до даска, знам Ај кју направија кавер на Боби баш ми е гајле пред едно време али сеа изглеа сите од златно славејче и од СИДО од 90те ќе се препевуваат јбг коа нема кој да пее, тие се, Антонија и Благица останаа само.
Исто е и кај мене. Нема опција тоа да се исклучи. Некролози, жални текстови, известување за помени, слики од гробови
Толку слушам за "стравови" дека AI ќе не замени на работното место... а толку сме свесни дека тоа е долг процес кој треба да се изгради за да навистина не замени. А стравот? Стравот е огромен, сеприсутен, прекатуелен. Епа ако толку страв од AI, замислете колкав е стравот дека ќе ги замени некој реално поспособен од нив?! Достапен сега и одма. Од крв и месо, со ум и способност. Се ни е кажано... се. Колку ли се плашиме од луѓето поспособни од нас? Веројатно ужасно многу. Епа затоа има толку лоши луѓе на работните места. Нема тешка и лоша работа... има лоши луѓе.