Јас имам ново правило за електронски уреди. Користам само ако ми заработува пари или ми заштедува за поефтино купување.
За малку. Не значи дека ако живееш во главен град автоматски зборуваш литературно. Скопјани си ЗБОРАТ на нивни дијалект, со србизми. Ние битолчани со наш дијалект. И се знае кој е литературен јазик, освен на телевизија, ма да и таму се случува да кажат збор на скопски дијалект Секоја чест на исклучоци. Мислам дека јавниве личности со функции би требало да зборуваат литературно. Не следам многу тоа. Македонискиот јазик изобилува со дијалекти. Штета, што сеуште во Скопје, за нас што сме од другите градови, не велат дека сме провинцијалци без култура и однесување. Тежок балканизам, врие во МКД.
Па вие невработените сте невработени заради овие што се плашат од АИ, да не ги замените зошто сте поспособни од нив. Да знаеш колку луѓе во Скопје не знаат дека има скопски дијалект, а во 21 век толку лесно може да се провери. Според нив, имаме сленг само и зборуваме најлитературно. Мхм.
Не памтам последен пат кога го иам гледано American Pie 2, вчера го изгледав да се потсетам, ај шо има такви перверзии денес теоретски шанси нема нешто слично да снимат, туку локациите? Прекрасни. Плажата со куќата, светилникот со пристаништето, уличките со сите малечки продавнички и кафулиња, самата куќа... баш по мој вкус.
Додека сте уште на тема дијалекти, ми текна нешто да споделам. Јас сум хибрид. Понекогаш зборувам на дијалект од моето подрачје, а понекогаш литературно. Кога сум со пријатели, колеги и блиски луѓе, зборувам на дијалект. Кога одам во некоја институција, продавница и такви некои места, при формален разговор, зборувам литературно. Мислам дека ова ми стана навика од студирањето во Скопје. На почеток, си зборував на својот дијалект, по некое време почнав литературно, за да можат да ме разберат. И одтогаш го добив овој деформитет.
Па вака е најправилно. Исто и јас литературно зборев на факултет и во јавни институции, приватно секако на дијалект.
Па да, така е правилно и според мене, сепак ретко забележувам да се зборува така. А па во Охрид, нема шанса таму некој литературно да зборне.
Нјубав ми е БИТОЛСКИОТ,инаку немам никакви корени од таму ,и најубав град,во Македонија.Битолчани многи ги сакам .Првен не ги разбирав после почав во СКОПЈЕ да пуштам такви зборови,инаку од главниот град сум потекло.
Ништо не може да те уништи скроз како ненаспаност Буквално да останиш до сабајле буден, да те раздени и па после да легниш на некој саат колку да се рече и кога ќе станиш да се чувствуваш ко да не си ти.. Колку и да мислиш дека ќе издржиш, без сон човек се распаѓа дефинитивно, буквално ко зомби функционираш цел ден, расположение нула, кортизолот прерадосен. Прв пат ми се деси да ме раздени, не знам како вака Колку значи сонот и спиењето, рај човече, немало ништо поубаво од тоа да се наспиеш 7-8 часа квалитетно, имаш и располение и енергија и се
Сменете си ја лозинката на вашите акаунти. Форумов пријавува безбедносни проблеми.. веројатно SSL сертификатотот не е обновен, или има лоша конфигурација на серверот, или е до хоустингот. Помалку веројатно дека нешто е посериозно. Верувам дека работат на тоа, но за секој случај добро е да се биде внимателен. Нема простор за паника.
Политичари кои си го прчат дур народ им умира од неспособност, јавни личности кои плукаат жени, ако утре им бидне нешто болест, несреќа, не гледам причина да ги жалам. "Што и да направил, не заслужил". Оо богами заслужил. Зошто да жалам некој што не ме жали мене? Од каде муабетот дека баш секој жив човек заслужува достоинствена почит и емпатија? Некој не би мрднал со прст додека јас умирам ама јас кутрата ќе го жалам оти "не заслужил".
Јас не знам на каков дијалект зборувам, мешано нешто од прилепски и битолски и плус од родното место. Ми имаат речено и охридски дека им звучам исто така. Од сѐ по нешто имам попримено, сестрана личност сум.
Станат од 4:30 минути ноќеска, ранец огромен, во него (храна,пијалоци води, витамини), зимам точакот и искачам во 5 часот, се наоѓам со екипата од 150 луѓе скоро, и тргаме за Куманово, да одадеме почит на загинатите во Диво Насеље, пат долг цели 9 часа, придружба на Полицијата, колегите од Ебр, по пат напорно, топло, ладно, долг е патот, но самата помисла дека јас сум жив, затоа што БРАНИТЕЛИТЕ дадоа ЖИВОТ ЗА НАС, одма ми станува полесен патот, на секој Гроб одадовме почит, заедно со нивните Семејства, кој целиот живот за жал ќе се завиени во црно.Чувството кога ке го слушнете говорот од тие Семејства неможете а да не се наежите и очите да не ви се насолзат, дека ни се благодарни што ХЕРОИТЕ живеат вечно поради НАС, поради тоа што сме им одавале почит, никогаш не биле заборавени, тоа чувство е непроценливо.Немате појма еден куп дечињата по Градовите како не поздравуваа и пречекуваа, колку само се радуваа, смешкаа,срамеа, застануваа до тротоарите за да не поздрават со рака, од кога ке им направиш да пукне беа пресреќни, тие деца не се ни свесни зашто ние возиме 150км, но ние сме свесни, дека ДИВО НАСЕЉЕ, нема никогаш да се заборави, и ХЕРОИТЕ КЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО СЛАВА ИМ Ова е само мал дел, од извозените километри.
Одбивам да ме вклучат во разговор во кој што некој пробува да ме убеди дека кажувам нешто што не кажувам, затоа што тој некој проектира или има лични неисцелени прашања, па гледа низ таа негова деформирана призма на нештата, и пробува да те изманипулира дека тврдиш нешто што во реалност не тврдиш. * ако те здоболува туѓото спротивно мислење за на пример, музиката која ја слушаш, стилот кој го носиш, сериите кои ги гледаш, политиката која ја мислиш, верувањата во кои веруваш, ритуалите кои ги правиш, идеалите кои ги имаш, и така натаму, тогаш проектираш и имаш лични неисцелени прашања, и до тебе е што се вреѓаш, не е дека другиот е демек злобен.