Грото вакви, грото. Стално нешто да испроектираат, да убедуваат. Чарето е само да климаш со глава иначе напаст се.
За се има решение по секој дожд изгрева сонце битно е да размислиме многу добро пред било каква одлука треба да се донесе
Не знам шо е со Фејсбук-ов, но нон-стоп ми излегуваат постови од луѓе што починале, односно семејството се простува од нив. Луѓево што објавуваат ни ги знам, ни познавам, ниту пак ги имам како пријатели.
И јас истото го пишав на претходните страни. Алгоритамот е лудило. Мене умрени и бугарски цигани ми искачаат што танцуваат покрај новата кола или најомиленото сунет и сите со сунетираниот сликани, а тој на кревет спружен не знае кај се наоѓа. Мислам не знам што да мислам.
Во скопско Козле врзале волк на ремче како да е куче и го чувале како домашно милениче, си го шетале во парк. И после некој ќе се навреди кога ќе речеш дека народов е тотално издуван и забеган, со каков дегенеричен народ делиме воздух бе.. диво животно користат за лечење комплекси..
Кај мене не излегуваат умрени, излегуваат објави со животни, кои изгубени и се бараат, кои болни и се бара помош и донации... Дефинитивно Мета треба да поработи на ова, не сме должни да гледаме нешто што не сме одбрале да го следиме.
Кај мене убав контент искача на wall. Luxury. Убави апартмани, ентериери, пентхауси, природа, слатки животинки..
Мене мажи без маици ми излегуваат на wall, од Србија, некакви Only fans модели претпоставувам. Далеку подобро од мртовци. Ваљда дека гуглам актери shirtless.
Не верувам во концептот на погрешни задоволства кога станува збор за музика. Сметам дека тоа што ни се допаѓа, ни се допаѓа и тоа е тоа. Нема потреба да се наоѓа оправдување за тоа што прави да се чувствуваме некако. Jorja Smith некако прави да сум тажен, ама убаво тажен? Како кога ќе доживееш нешто убаво, нешто што се случува еднаш во животот и си го враќаш филмот дека, ете, баш ти си го доживеал тоа.
Треба да се воведат максимум десет реплицирања на форумов на одредена тема. Се мислам дека и ова е многу. И време од пет минути за одговор. За тој што ќе одговори да размисли што пишува, не да реагира реактивно како да му недостастуваат базални ганглии. И систем на репутација, не само број на допаѓања. Вака, секој/а ass*ole(sse), може да стане „идол“. Форумот треба да биде совет, разумна дискусија, информација, а не „про*ерување“. Добро би било да има и дневни и неделни ограничувања на број на коментари. Еве, вака ќе се реши и проблемот со ботови, не само проверка на IP адреси.. Некогаш ги пишував предлозиве...Сѐ уште мислам дека ова е најдобро решение за бесмислено монополизирање на простор и деградација на квалитет на содржина. И не само на форумов, но, еве веќе кога сме тука.