“Интересни” ми се оние физички трансформации, што се почесто се објавуваат на социјалните мрежи, а никаде не пишува за колкав временски период се постигнале. Даваат некоја лажна слика дека набилдале мускули преку ноќ, а всушност им требале години за да го постигнат тој изглед.
Ја хејтаат Беба Реџепова, ја носат Рита Ора у Охрид за Илинден, профитот пред патриотизмот, како и секогаш.
На другарка ми малиот увек ми гаси светло коа идам у веце, али не знае лиглето дека не го ни палам, па он уствари ми го пали... И уште ми седи пред врата ми се смее, а мајка му уште повеќе се моча од смеење. Среќа што имаат огледало со светло внатре да не седам у темница од коа ќе свати за некое време дека уставри ја него го зезам, а не он мене.
Влагам сеа во Лидл, и одам на касата да платам, пред мене двајца машки од итната помош, здрави, прави и ВИСОКИ, значи повисоки од мене, а јас сум 1.80. Си зимаат по две кифлиња од тие малите и едно детско сокче Си викам, браво бе деца, како ве најадува тоа, јас би ги изела вашите 4 кифли и пак гладна ќе бидам.
Искрено, ме заболе патка и за Тоше и за Свети Тоше, на кој му чини нека си ги врти истите четри песни дома од јутра до сутра ако сака, на јавна повшина у НАСЕЛЕНО место вакво нешто нигде у свет го нема... Па уште и рипаат големите граѓани што немаат две мозочни клетки за критичка мисла у коментари оти против Тоше се плукало, ко татко да им е... Поглуп народ од нас у Европава само браќата се, и тоа со докази, со мерење на интелегенција, со се.
Како не ви е срам? Ако го немаше Тоше, вашите деца денес немаше ни да учат во реновирани училишта, ако не беше Тоше. Колку уште многу работи немаше да ѝ се случат на Македонија ако го немаше Тоше. Воопшто, кои ќе бевте вие без него? Тој беше единственото вистинско нешто, а вие не знаете како да го чувате. Вашата омраза ве убива и затоа сè ќе се распадне. Затоа и Господ ви враќа сè што правите лошо. Срамота! И искрено, Македонија воопшто не го заслужуваше Тоше Проески. ТОШЕ Е ВЕЧЕН дијагноза....
Prv pat so tebe da se soglasam... Inaku, poveketo luge ja znaat Mk bas poradi Tose stv bese I ostana nesto najsaglam sto Mk mozese da go ima.
Абе и јас си го поштувам и слушам, ама луѓево се скроз шлакнати што имаат парасоцијална врска со човекот. Уште па да секој можен ден слушам музика како ечи и вакви забегани да мислат дека е прифатливо?? Колективна психоза. буквално копирав текст од коментар на фејсбук и напишав дијагноза на крај
Тоа што инфлуенСерките во плановите за исхрана увек тупат со макронутриенти и калории, а скоро никогаш за важноста на витамините и електролитите и како 3 кафиња на ден ти го сјебува спиењето, само си кажува дека акцентот е само и само на одржување тежина и слабеење, не здравје
Колку само точно. Ми излезе Спенџарска на тикток, зборуваше дека скоро месец дена била на калориски дефицит, конзумирала од 1400 до 1700 калории. И потенцира дека не е важно шо јадиш, се додека си во рамките на тој дефицит. Значи комотно некој можи да изеди 250гр милка чоколадо за цел ден и топ ќе му е, ќе слабее бидејќи е таман со внесот на калории. И некој неупатен во овие работи ќе ја послуша и ќе си го здравјето и крвната слика.
Каков трик нели? Земаат основна термодинамика. Ако внесеш помалку од тоа што трошиш ќе ослабеш (И ова е сосема точно на строго физичко ниво, дури и да изедеш две чоколада дневно), ама не е здраво, ни одржливо. Губиш мускулна маса, ги пореметуваш хормоните, уништуваш цревни бактерии, создаваш стрес, комплетното здравје го уништуваш ...И затоа особено адолесценти во развој не треба да бидат изложени на вакви информации.
Жити се логикава, еј.. Да, калорија и калорија е исто, но различен ефект имаат бе. Како можат вака да се осудат да делат совети а притоа луѓе ги гледаат па дури и примаат совети. Ништо друго нема да постигнат освен некој да заврши со дијабет и да зафкни нешо друго. Не е исто да внесиш калории од месо, јајца, млеко, кашкавал и калории од чоколадо, различен хормонален ефект имаат. Страшно за споредбиве.
Не ми се легнува ко ќе ми текне дека утре сум на работа. Изморена сум и истрошена од луѓе кои се многу ама многу неразбрани.
Jа АИ музика сум слушала цело време на рипит, и тоа доста ме заразија Господе Божееееееее Колкав ред флег, кој го игнорирав, албуми 10 за месец дена се вадат ли, ќе се отрујам Додатно разочарење сеа иам.... У кое време живееме бе ние