И ова е голем мит, ние разделените, тие/другите обединетите... Но, да не должам. Другпат. Треба да се тргнам од компјутер.
Не е мит, реалност е. Доволно ги имам запознаено и слушано за да им ги научам намерите. Многу малку од нив си го знаат местото и сакаат соживот.
^Секој има право на протест и да искаже свои желби во државата, сосема нормално е ако сме поголема група од одреден народ во една држава кај што веќе има двојазичност да бараат и студии на нивниот јазик.. Колку што знам има на Финки има има можност и на англиски да се одвива наставата..
Лоша ти е споредбава. Не се исто нешто. А, тоа што се бара мора да биде во усогласеност со Уставот и законите за да биде разгледано и прифатено. И кога се бара треба да се бара нормално, не со терористички извици и закани.
Секој може да бара нешто, нормално, друго е дали државата ќе им го прифати предлогот.. Слободно може и ние да протестираме затоа што не сакаме да им биде дозволено, ама дивјачки да се однесуваме со нив и да ги тепаме на протести ,НЕ!
Аиии, сега ќе се тепате поради тоа шо го кажале навивачите.... упс , пардон, тоа се една обична стока, сите до еден. Сите навивачи. Будали.
Иaко сум Албанка не ги оправдувам оние посебно со протестине као дивјаци симнати од планина на ништо не личи тоа но едно нешто не ми е јасно како се пак сплотени а од друга страна ги имаш Македонците кои се вреѓаат меѓу себе за Скопје и не знам таму што.. Навистина жално
Скопје против други градови ми е бесмислена тема. И дијалекти и скопски сленг е сосема во ред исто и пишување на латиница. Додека се разбира се поминува кај мене.
баш денес шетав на улицата и музиката е претивка, мене ми е чудно како смета музиката до становите. Стварно не разбирам дали некогаш е погласна или? Зошто јас кога и да сум шетала е тивка дури нема ни да ј приметиш ако не се фокусираш….
За кои дивјаци зборуваш? Па на протестите не беа Шверцери па да речиш ајде дивјаци се, жити се.. На протестот беа студенти, академски граѓани со дипломи, идни правници, доктори, учители од твојата етничка припадност. И кажи ми, им доликува ли на "образовани" луѓе да повикуваат на говор на омраза, повик на тероризам и терористички организации за да ги убивале македонците? Не смее да се проголта тоа као "абе дивјаци се" не знаат шо зборуваат.. Ова навистина загрижува бидејќи не се дрогирани навивачи туку СТУДЕНТИ кои треба да бидат пример за опшеството а не да имаат толку омраза во нив. А македонците се башка синдром од тие разнебитувања и поделби и затоа и вака ни се дешава, сами себе си забиваме нож.
Ако мислеше на мене со тоа дрогирани навивачи, јас уопште не мислев на студентите шо протестираа, туку тие навивачите шо пееја нешто несалам, за Каролина ли за шо беше.
Па со самото шо кажуваш биле дивјаци као ај диви се па тропаат глупости. Е за жал не беа дивјаци, туку студенти. Нема везе тоа со протестите на Камен мост. Не мислев на македонските навивачи кои скандираа против Битола.
Аа ок, како и да е, не сакав да бидам погрешно сфатена. Иначе не треба да ни бидат криви студентите, нека си протестираат кога им се може. Криви ни се тие нашите шо ја продадоа државата.