За шопинг сте пишувале...леле ич не ми е гајле сама, во друштво, со непознати пр. кога одев на пл.тура и не застануваат некаде... Шопинг луѓе...мераци. Е сега не значи секад ќе купам, значи попрецизно би било огромен мерак ми е разгледување, пробување, разлистување книги, проверка на козметики, производи итн. Е и правење онлајн нарачки сакам понекогаш кога сум кнап со време, иако почесто преферирам во живо да не утнам нешто по интернетов. Кој ќе се малтретира со објаснувања и враќања... Е тоа најмн. ме живцира трошење време во муабети со детално објаснување, па дог.па бива, па не бива... Во живо одма гледаш го бива или не...шопингот.
Не беа навивачите, ај да беа ќе речеш багра толку им сече, играчите и управата на Вардар беа. Просто и мизерно до бесвест, ќе следи ли некоја казна баш ме интересира, треба да бидат санкционирани од ФФМ на некој начин, сељачишта прости недоделкани
Па во право си за ова, загушливи се моловите, нема кислород, претопло е, сув воздух. И јас не ги памтам продавниците која-кај е, а и ги менуваат. Ама пак сакам сама да разгледувам и пазарувам. Со друштво осеќам притисок дека треба да побрзам (иако многу брзо пазарувам) и не можам да се опуштам или најбезвезе со маж ми или мајка ми (најлошо!): "а сега ова зошто ти е?" За да се чудиш
Единствена предност во мол е шо кога во лето на +40 ќе влезиш е ладно и онака те враќа во живот од пеколот надвор Како ќе се живее уше малку летово пак.. уфф Иначе загушливо е и напорно да шеташ низ мол а и во тие бутици кај шо коа ќе влезиш, идат одма по тебе и ти вршат притисок наместо сам да си разгледаш. Неам проблем да пробам алишта макар и 100 се додека сам си разгледуваш шо има без да ти предлагаат вработени
Најголем доказ за медиокритетен македонски менталитет ми е карање меѓу градови и кој град бил подобар. Живееме во држава од 1.5 милион. Толку многу нефункционалности има овде што може да се дискутира до недоглед, ама не, не е тоа битно, туку кој од кое село потекнувал.
Хаха ме насмеа Затоа сам за да не ти е срам И мене ме нервира да одам со некого кој ќе стои како дрво до мене и само ќе буче колку време сме се задржале. А не дај боже, ако се двоумам и побарам мислење па ќе рече: Ти си знаеш, или ќе даде нешто шо не е мој стил. И тогаш стварно не знам зошто воопшто дошол со мене, за нервоза само да створе А сакам да одам со некого, со кого, кога ќе се двоумам така, ќе ми рече: Не се мисли, земи ги и двете Само овие вторите помагаат
Значи ваков јас да бидам и да не сака да оди со мене, а не да помагам и да чекам колку и да треба? Ама ќе се налути друг пат нема да ме води ни во првите два бутици, а забавно ми е во тие, убаво ми е да помагам при избор, само после се осеќам како три дена без престан да имам трчано.. И нема да ме чека 10 пати да се вратам до дома по нешто секој пат кога одиме некаде, вака барем 50:50 е. А што се однесува до трговските не помнам ниту јас кое каде е, најчесто во Галерија одам и едно што не помнам кај си ја имам паркирано колата па ја барам, друго ниту еднаш немам влезено и излезени од ист влез.
Иста сум. Пред идење гледам на кој спрат е дуќанот што ми треба. Нешто до знакот е. Ме нервира и кога ги преместуваат. Мозокот гличнува.
Мене скроз ми глинчува а сто пати сум ги прошла трговските. Еднаш у Ист Гејт наместо накај тоалетите влегов у тие ходниците за EXIT за итни евакуации што се Исто јака ситуација и блам у Сити Мол кај escape room штандот што е одма карши е влезот за ескејп рум и по некоја случајност тука пред влезот од страна е ставена и мапата за EXIT oд самиот трговски и ја пола саат глеам у мапата мислев тоа е мапата за ескејп рум. Кој блам. Ваљда никој не приметил.
Добро бе колку треба да си дебил без осет за така ноншалантно да си готвиш надвор на тераса Ради една будала цела зграда не може да отвори прозори, а па сушење алишта надвор е научна фантастика. Глуперди безмозочни
Значиии, немаш право да се буниш. п.с. Купи си удобни патики, од оние лесните, бар нозете нема толку да те болат.
Врв ми беше комшии пржеле чварки или појма немам шо, ама цела тараса ми беше налепена со маснотија. Инаку стандард си е миризбата на манџа, цигари, риба, колбаси ...
За ова со колава tips and tricks си ја сликам со мобилен ознаката на паркинг локацијата. Срам, не срам тоа е и јас знам да залутам, вака ми е најсигурно. Пробај и don't thank me later.
Не знам зашто да ми биде жал за вработени во кладилници и коцкарници ако се затвореле, без работа ќе останеле душички. Сам бираш да работиш во сектор што е деструктивен за општеството и јеботе очекуваш 30 години кариера да градиш таму?
https://trn.mk/generacija-beta-deca-2025-idnina-rabota-obrazovanie/ Само сакам да си кажам дека не идат баш добри времиња. Од генерација во генерација е се побетер. Образование култура воспитување... се тоа заминува во историјата. Тешко на генерациите што идат
Од каде бе ви е насобрана толку многу омраза и гнасотилак? Душите ви се полни со злоба, завист, плукате по све живо што мрда, а појма немате што све поминува човекот по кој плукате, и од каде ви е таа слобода да ругате толку многу? Каде ви е емпатијата? Љубовта? Почитувањето? Никогаш нема да не биде како народ, ама буквално никогаш.
Некои едноставно немаат избор и тоа пренасочување е тешко. Познавам случај каде пренасочување кон друга професија зема години и години, зашто во казината смените се три, а не една. Со една смена лесно ќе се насочиш и побрзо ќе дојдеш до целта неголи со трите смени.
Па... воопшто не морал да се вработи во казино. Имаш бутици, маркети, книжари, пекари, салони за бела техника и за све и свашта. И да не можеш по струка, имаш други милион опции да работиш. Возрасни магариња со фамилии и деца да цмиздрат зашто ќе останеле без работа во кладилници ми е срамота. Влегуваш у прљав бизнис, ама ја децата ќе ти ги жалам, коа ти не ги жалиш. Да, прљав е, колку год ти да не си крив што некој се коцка, одиш и придонесуваш тој бизнис да опстојува, вака или онака. У казино и кладилница разбирам да работиш 2-3 месеци ко студент или ептен привремено дур бараш друго. Све друго не.