Не сакам да антагонизирам, само да посочам: ВИНАТА Е ПРЕД СЕ' НА 40 ГОДИШНИОТ ИДИОТ. ТОНИ И БОБИ СЕ ДЕГЕНЕРИЦИ ШТО СЕ ЧУВСТВУВААТ СИЛНИ САМО ПРЕКУ ТАСТАТУРА. НАЈВЕРОЈАТНО (ЌЕ) ИМААТ ЌЕРКИ И (ЌЕ) ГИ ВОСПИТУВААТ , ЗАШТО „ЗНААТ КАКВИ СЕ МАЖИТЕ“ (односно се претпоставуваат себеси во нив, своите мисли, во најмала рака) Но, но... 1. Го немаш постирано изворниот линк. 2. Човек не може да види какви сѐ други коментари има од мажи и од жени. (Еве нека и 90 посто се од вакви мажи кон девојкава.) 3. Од Бобан и Тони (Трајко, Петко, на слични постови) генерализираш за „повеќето мажи“. Така се создава матрица на перцепција која се перпетуира. 4. Повторливо инсистирање на слични објави, го засилува впечатокот дека „повеќето мажи“ се „сите мажи“. (Во реалноста не менува дали се повеќето, или тројца или сите, стравот владее) Додавката, „ исклучоци“, треба да ја засили валидноста, но валидноста доаѓа и од типот на филтрирање/фрејмување. Статистички гледано при нормална дистрибуција, секогаш омразата ќе биде највидлива онлајн, но од ова: - Нити може да се дојде до заклучоци за целината. (Повеќето мажи) - Ниту за конкретен поединец. (Еден маж, каква и да е генералната тенденција, не мора да ја следи) 5. Во вакви објави највидливи се тие што се „силни“ на тастатура. Емоционално здрав човек (маж и жена) нема да пишува вакви глупости. Уште едно ниво на засилување на ефектот. 6. Придонесуваш кон поларизирање на односите меѓу родовите, и ги храниш алгоритмите на социјални медиуми кои уште повеќе ја поларизираат односите. Се создава лупинг ефект и self-accomplishing prophecy. 7. Ако моделите се нездрави, во социјалните медиуми и реалноста, тогаш треба на виделина, со најголема видливост, да бидат добрите пример, здравите видливи модели на однесување на мажи и жени и тоа низ конкретни механизми на однесување. 8. Инаку, овие насилни концепти и поврзување меѓу шеми на мислење/однесување несвесно се репродуцираат. Многу пати докажано. 9. За реални промени треба конзистентен систем каде и татковците и мајките (тука подразбирам и институции, се разбира - и тие луѓе се нечии мајки и татковци) ќе работат на тоа како треба да изгледа здрав однос меѓу маж и жена, што ќе почне од самото раѓање на еден поединец. 10. Стравот не се надминува со дополнителен страв, никогаш (освен во терапевтски техники каде се користи контролиран страв на изложување, но во насока на надминување на тој страв.). Туку, со механизми што ја потиснуваат одржливоста на тие стравови и нудат здрави и одржливи решенија. Еве, и ова е филтер, но, поумерен. Гледан од повеќе страни...И овој коментар го правам за ова да допре до повеќе луѓе (мажи и жени), не да се изгуби повторно во поларизација. Не е конкретно ни до тебе.
...и така може да важиш за паметен и високо интелектуална личност на форумов со везени мислења и пичкемајчине фенси изрази и пак да си длабоко покварен у душа без трунка човечност и емпатија.
Wow, шо барала 18 годишна со 40 годишен? Пошо 18 годишната има повеќе памет и порационално размислува од 40 годишниот, па ајде неа ќе ја млатиме. Греота, толкаво магаре излажано од тинејџерка. Којзнае шо му направила лисицата.... Абе не се ни обидов да ги читам коментарите, знаев шо следува. Нас само бомба ни треба, и да не избрише од историјата.
А што сакаш да кажеш со постот погоре? Си бил матретиран од жена некогаш? Не знам зошто тоа мислење, искрено никогаш ниту ти, ниту твои блиски да не доживеете да бидете малтретирани и вака понижувани во коментари на социјални мрежи. Се надевам, ќе си го промениш така мислењето.
Сум бил (и сум ) малтретиран од конкретни мажи, од конкретни жени, на различни начини. Можеби ќе го сменам мислењето за конкретни мажи и конкретни жени, не исклучувам.
Не, не. Кажа дека Боби и Тони не биле во право ама ... Или ко шо сакам да велам зошто секогаш се докажало како вистина: не се важи ништо пред "ама/но" зошто е мачкање очи. Вистинското шо сака да се кажи е после "ама/но" и зато се шо прочитав е дефокус. Зошто да збораме за маж предатор ко можи да збораме дека "не сите мажи" и да ја разводниме ситуацијата и пренасочиме кон други работи?
Разбрав, разбрав. Ама и тоа е исти к..... Ај да не бидам безобразна, ем непристојна, ем генерализирам, ќе ми се налути и пак ќе ме пријави
Овие шо оправдуваат насилство особено врз жени, особено по социјалниве мрежи е показател колку се исфустрирани и бедни идиотски суштества. Страшно бе е ова. Реално треба и институцииве и МВР да се позанимаваат со тоа шо се коментира по социјалните мрежи. Баш поради овај интернет булинг неодамна пред некоја година имаше вест дека девојче се самоубило во Србија поради тоа шо не можело да ги издржи навредите на интернет, тотален емоционален хаос и се десило. Ова е алармантно колку омраза и насилство постои во луѓево, не се свесни дека тие истите утре или некој близок нивен може да биде мета на навреди и насилство
Не дека нема жени со вакво размислување, не дека сите мажи се такви ама поголемиот дел се мажи.. А и поголемиот дел на вакви размислувања на жените потекнуваат од мажи.. И мислам малку глупо е на ваква тема да се каже да мажи напишале ама сигурно и жени има, кој и да е не е во ред жртвата да се прави виновна.. 90% од вакви случаи и размислувања кај жените потекнуваат од мажи.
Не сум ги прочитал, ама пак се на некој начин потекнува од нас мажите.. Жена израсната во семејство со таков татко уште омажена со ист таков маж какво мислење да има, тоа и е нормалното на неа, и тебе некој со години да те убедува дека е нормално да убиеш некој големи се шансите да го задржиш истото...
Тоа ти е ко со оние 62 милиони, не дека не е погрешно тоа, туку сепак да се објасниме дека не биле 62 милиони мажи, туку тоа биле посети, а плус имало и жени. Истата логика.