Најубавиот комплимент што го добив денес од колега беше дека сум многу скромна. Скромноста е особина што се носи во себе..... не се купува. Искрено, многу убаво ми падна
Дали се рачунаш за скромен ако неќеш да трошат на тебе, пример неќам луксузирања, се задоволувам со мало внимание, не пребарувам од другите, барам и ценам само љубов, емпатија, почит итн. Ама, сама на себе сакам да трошам, да се почастувам, до степен на ненаситност, буквално све сакам, све шо ќе видам мислам дека е поубаво од тоа што го иам
Нешто што никогаш не сум го разбрал се луѓе - кучкари кои цел свој карактер го градат околу кучиња, и тоа агресивни сорти на кучиња. Не, не пишувам за оние кои се љубители на ваквите сорти, туку на оние кои ги имаат за да покажат некоја карактерна доминантност преку кучето. Најчесто таквите се и најмалку одговорни за своето куче, па се случуваат напади, и несреќни случки. Дефинитивно мора да се изрегулира ова построго со закони, додека не се случи некој (нов) немил настан.
Бајаги пред да заминам, беше во времето на маскенбалот... Одам јас и ми го пресекуваат патот една мајка и преубаво девојченце маскирано во фламинго. Ми беше мн. слатка и си викам ај ќе ја прашам во што е маскирана. И слатката ми вика јас сум Минго (така го изговара зборот фламинго). Ме разнежни и ми го направи денот, а не сум имала време да споделам тука, ама ете убавите спомени остануваат и греат и на крај света. Убаво е некому да му го разубавиш денот, свесно, несвесно, детски со таа бескрајна безгрижност и детска искреност и добродушност. Сигурно е уште послатка сега, понекогаш така ќе си помислам на некои личности и се запрашувам како се или би биле и си замислувам убави претпоставки во врска со нив за убаво да ми тече денот и мисловниот процес. А сакав да пишам само добро утро, ама ете ја преточив мислата во текст.
Скромноста не ја гледам како откажување од убави работи, туку како немање потреба секогаш да се земе најскапото или да се искористи нечија понуда.... Еве да кажам од кај излезе комплиментот "скромна" кај мене Колегата ми рече да си изберам благо, јас си земав обични наполитанки иако имаше многу поскапи и "пофенси“ работи. Не затоа што не сакам убави работи, туку затоа што немам навика да претерувам на туѓа сметка....
Скромен значи дека си задоволен и со помалку јас така го подразбирам. Ти не си скромна по напишаново. Ова не значи дека си скромна туку ти било непријатно да ги земеш најскапите. Тоа повеќе изгледа на тип на емоционална зрелост или не знам од која причина си одбила, некоја ради гордост би одбила било какво благо..
Не се слагам, убаво вика членката под тебе. Шо има везе ако за себе и од себе сакаш да си приуштуваш, од никого не бараш? Коа имаш ете сакаш мерак да си исполниш свој. Од други не би барала, не ни очекувам, не дај Боже тоа. Баш ценам од срце ако е подарено, на цената не глеам, не пребирам. И све за поевтино се фаќам, не можам да се замислам поинаку.
Искрено, не размислував во тој момент дали е скромност или не. Не ни анализирав до толку. Едноставно така се почуствував во тој момент,комфорно да кажеме..
Во рамките на можностите е. Не може буквално све. Ненаситност у смисла ме влече све шо ќе видам, го неам нештото, ако иам можност го купувам, за кратко сфаќам дека е онака нишо посебно, сакам нешо ново за кое мислам дека е многу подобро од моето.
Еве ситуација, у авион ја и другар седиме на различни седишта неколку редови позади мене беше и сега он знаеше дека ја у мене имам само кеш а он имаше картица (тогаш само со картица можеше да се плати кога поминуваат за храна, пијалоци..) и он и рекол на стјуардесата да земам да нарачам тоа што сакам дека он ќе плати и јас зедов само вода. А инаку мислам дека не сум скромна личност имам високи амбиции и сакам да трошам пари, туку во таа ситуација нормално нема да нарачам 300 ствари он се понудил пошто е чувствителна личност чисто да не се онесвестим.
Кај нас во македонскиот јазик скромност е погрешно дефиниран збор затоа што опишува неколку различни карактерни особини. Во aнглискиот јазик, humble, modest, simple сите се со различно значење а истите зборови кај нас се користат да се опише некој што е скромен/а. Затоа доаѓа до недоразбирање.
Понизен, скромен, (умерен), едноставен, на пример Може и контекстот да се прецизира. Иако навиката е таа, се согласувам, но не мора да биде така.
Немаме богат речник ни фалат зборови. Подобро е да има конкретен збор отколку да мора да се дообјаснува на што мислиш па од контекстот да се разбере и сл.
1. За муабетот од претходно, само ќе кажам нека фрли камен оној кој е безгрешен. Затоа што таков човек не постои. Мрежата Х е доволен доказ за тоа, па камо ли останатите и надворешниот свет. 2. За скромноста не е доволно само да не сакаш другите многу да се трошат на тебе. Значи и енергијата која зрачи од тебе. Да ја вреднуваш душата, а не појавата. Да не гледаш од високо. Успехот да ти е постигнат без желба за внимание. Кога си гласен, да си гласен и за другите. Не само за себе.
Покажав дека има сосема соодветни зборови, за кои немаме навика да ги користиме и за сите користиме скромен. Но, може да се објасни и контекстот, за да биде уште појасно.. Имаме богат јазик, особено за толку мала култура. Плус, лексиката не е единствен доказ за богатство. Богатството се гради континуирано со нови зборови, прилагодување и пред сѐ користење.
И имаме други лексички решенија кои не се користат, или синтагматски, или фразални решенија. Ни снемува луѓе, и такви што зборуваат, тоа е најголемиот проблем. Не е до јазикот. Кој е виновен? Многу комплексно прашање. Не би одел натака.