Сакам да кажам дека После одредени години сфаќаш дека најголем green flag не е романтика, туку човек што не ти го ремети нервниот систем
Колку ми се радува душата кога некој се осеќа доволно комфорно во мое присуство да можи искрено да се израдува на мали работи кои го прават среќен. И/или да си ја покажи својата "чудна" страна за нешто која ја крие од светот. Сакам луѓе кои се unapologetically themselves со она во кое уживаат. Бидејќи знам како е чувството некој да те прифати така и да не ти суди. По 100 години од сега можеби никој нема да памети дека сме постоеле и како сме се викале, зошто да не ги истуриме цело срце и душа во нешто што не прави среќни, без разлика колку е мало, чудно и неприфатено од просечниот човек во општеството?
Денес слатко се изнасмеав. Сменила другарки, зошто човек бил просекот од 5те луѓе со кои поминувал најмногу време. Екхм... Можда си им направила услуга, зошто можда ти си просекот кој ги квари?! Не помисли на тоа, нели?! Не сакала да слуша веќе како се жалат. А што те слушаа тебе како се жалиш? А што си полна со злоба и лошотија? Зошто јбг, живот се дешава, си требате. А од друга страна, од истата таа особа се што имам слушнато е - зајадување, презир, пасивни навреди, жалење (види видиии), мудрување, мора да е прва виолина на маса, испитување на други луѓе... Знаете како... злобата е исто што и глупоќата. Најтешко им е на тие околу нив, зошто сами не се осеќаат.
Јасно ни е на сите дека се наоѓаме во ера на вештачка интелигенција, колку што помага толку и одмага, ама... Дали СЕРИОЗНО на форум доаѓате со напишани постови од ChatGPT? Дали СЕРИОЗНО не знаете да сврзете две-три реченици сами, да искажете став за нешто, да бидете вие? Што е уште посмешно: дали СЕРИОЗНО мислите дека не е очигледно оти не е пишано од ваша страна? Па уште и се толерираат вакви непресушни извори на мудрост. Награди ли се добиваат, поени ли, за филмање, билдање его, за што? Ме плаши цел овој развој на технологијата. Технологијата оди напред со рапидна брзина, а ние се враќаме на она неандерталското: лови, јади, рамножувај се, умри. Разумот и способноста за дискусии, оформување ставови ќе стане научна фантастика.
Од тикток трендовине "My dad/mom said he/she use to break hearts back in the days" и "But there was once a time" сфаќам дека сè што имаме е младоста.
Искрено во последно време толку обожавам само да си седам така на клупа, да си набљудувам природа или да си читам, бесценето ми е.
Ја креирав мојата прва аи песна. Аууу, колку добро звучи, дури се осеќам језиво малку, што може аи да направи значи. Текстот е мое дело, идејата за битот, насоките околу музиката и стилот, Дарко Димитров who?? Од утре сум Доротеа Феминовска, ваша певачица и уметница, еве што ќе правам цел ден, до вечер вадам албум.
https://www.femina.mk/od-detsko-dru...aprosi-marija-na-magicna-vecera-pod-dzvezdite Отсега може небитни луѓе да се рекламираат и на фемина.мк, покрај црнобело.мк. Кого боли к за вашето неоригинално запросување?
Сподели Да прашам кој разбира, може коа пеам да звучам тооооооолку драстично различно, али до непрепознатливост, и дали сум ВИ без никакава дарба? Не можам гласов како што си зборам да го користам за пеење, не иде природно, не се филмам, не иде.. На темава за музика Ме стресира она предупредувањето што го даваат блутут слушалките 'battery low', пичку матер колку е досадно
Можеш со аи сега и гласот да си го средиш, гледам таква опција има, планирам микрофон да си земам јас и да пеам, мои вокали сакам да имаат песниве. Lyric видео ќе правам за да изгледа профи, па ќе споделам у ,,што слушам у моментов", да се изрекламирам како ново име на нашето естрадно небо.
Мене не ми звучи лошо, иако чим звучам различно тоа значело дека не сум ја Мислиш се преправам намерно А тебе со среќа нека ти е, одвај чекам да постираш