Се вратив да негодувам за светот. Со какви психо мозоци сме опкружени не ни забележуваме. Која е поентата и целта, или егото кое го хранат од онлајн восхитување ? Мислам на оние на кои нивната болна психа им налага секојдневието да им се состои од неуморно пребарување на фетиш фотографии од разболени луѓе на кои им се бројат деновите за сето тоа да го закачат по социјалните мрежи, 1 лајк 1 цент сподели рак ? Има дефицит на установи за вакви случаи. Мислам дека треба да се прави задолжителен психо тест на републичко ниво, годишно, за да се установи со точна бројка колку луѓе патат од ваков тип пореметување. Неизлечиви социопати. Кастрација е закон. Луѓе кои се "палат" на пофалби адресирани на непостоечка адреса по повод емпатија треба да се елиминираат со строга опомена. Трајно да им се забрани пристап до медиум како интернетот. Разбирам, ја разбирам целата слобода на модерното време, секој има да прикачи што и кога сака. Ама вака активно и масивно поддржано дело на мазохизам левел идиот треба да се бојкотира. Редовно коментирам, дај боже "собраните средства (лајкови) " да ги користат за сопствен третман. Пообјективно, се прашувам која е поентата навистина ? Го има во најразлични форми, оваа горнонаведената е најгрозоморен пример. Колку да споменам, инсистираат дека нивни слики се туѓи поставени во теми како Модни критики, за форумов поконкретно. Не ја разбирам потребата да земаш пофалби во име на твојот идол. Не ја разбирам.
Гледам се’ и сешто околу себе и си велам: за некои работи, некој мора да оди и преку трња. И имам чувство дека секогаш тоа сум јас. Можеме ние по рамо до вечноста и назад да си се тапшаме дека на интелегенција паѓаат луѓе, ама кога гледам како се повеќе девојки се вадат на убавина и флерт, ми се лоши. Ја немам таа жичка, не знам да трепнам два пати и сите да трчаат околу мене и да ми завршат се’. На моменти ми е толку криво, на моменти ми е толку мило.Боли, проклето боли, кога си свесен колку се трудиш за било што и некој едноставно ќе си го собере, како него да му припаѓало уште од почетокот. И не, се уште не верувам во правдина затоа што не сум ја осетила. Затоа што јас се уште чекам да се решам боговите да ми уважат се' што сум направила т.е. не сум направила. Криво ми е бе луѓе, па како нема да ми биде криво. Не сум одела во туѓи чевли, ама моиве моментално ме жуљаат. И ме нервираат и посакувам да ги соблечам и боса да трчам низ зелени полјани. Ќе дојде нели? Ќе дојдат и тие наши пет минути, кога можеби не се’ ама добри 70% од работите ќе ни блескаат. И најголем проблем ќе ни биде да најдеме тексас кошула во Скопје по разумна цена...
Не знам за вас, ама јас веќе ни во сопствениот град не можам да се снајдам! Ги подигнавме вечерва картите за Сомнително лице и си викаме со љубениов дур да почне претставата, да тркнеме до МОБ да купиме карти за концертот на Каролина. Ви се верува дека од новиот МНТ до МОБ ни требаа точно 37 минути за да стигнеме?! Огради и прегради од сите страни! Како низ лавиринти да се движевме, не можевме патот да го најдеме! Прашуваме еден полицаец како да дојдеме до билетарата, а тој ни вика: Абе дечки, имаше тука едно патче, од десна страна му доаѓа. Му се вртам и мртва сериозна го прашувам: А знаци за планинарска патека има? Сериозно, на планина полесно се снаоѓам отколку во центар на Скопје! Си ги искршив нозете по тоа камењата, нит осветлување имаше, нит ништо. Си викам нек се носи у бестрага и Каролина и цел оркестар! Туку некако успеавме да стигнеме до билетарата, две карти во ташна и трк да нé нема дур не сме го заборавиле патот. А додека да дојде концертот, дома мапи и карти ќе цртам...
Немир. Чувствувам немир. Ми ја гризе душата. Го мразам тоа проклето чувство... Зошто се што планирам на крај мора некој да го зезне тоа? Па зар не заслужив и мене нешто добро да ми се случи? И јас да бидам среќна - да се радувам? Зар и таа мала светла точка треба да згасне? Со што го заслужив сето тоа? Не барам многу,навистина...само сакам да ја разбијам оваа монотонија. Сакам да бидам среќна. Барем на 5 минути. Секој заслужува толку. Веќе не можам да го издржам овај притисок. Психички ме убива... Срцето ми страда. Веќе мислам дека не сум способна да сакам вистински. Не после него.. Само уште еднаш. Уште една шанса да го прегрнам. Барем така се надевам ќе се смират чувствата во мене...или уште повеќе ќе се разгорат. Ми треба одмор - вистински одмор. Баш онака да не мислам на ништо. А може да биде и со него. Јас + тој + прегратки + тишина ... = не треба ништо повеќе!
Ќе истрпам се, ќе прогледам милион пати низ прсти, ќе простам повеќе отколку што било кој друг би простил, ќе молам ако треба и ќе си ја погазам гордоста за нешто во кое сеуште верувам и сакам да биде како што е порано, ќе ги проголтам солзите милион пати и нема да ми биде криво. Но, постои оној момент во кој јас лично решавам дека ми е доста од се и дека повеќе неможам да се замарам ниту пак да простувам, е тогаш веќе е дефинитивниот крај кој што е запечатен и така ќе биде додека постојам. Можеби ретко се решавам вака да исфрлам некои луѓе од животот затоа што под оваа навидум бескрупулозно лице се крие најголемиот емотивец во светот, но онојпат кога јас ќе ставам крај тогаш и е навистина крај!
никогаш нема да ме разбереш и сфатиш. никогаш ни одблизу нема да научиш која сум и какава сум, затоа што само навидум се правиш дека ти е грижа. ако навистина ти беше грижа, ќе најдеше начин да допреш до мене, немаше да мора да ме прашуваш што да правиш на секој чекор, јас не сум ти мајка, а ти не си новороденче кое треба да прооди. на работ си да ме изгубиш. мене не ми пречи да останам сама, се додека знам дека погрешните не се дел од мојот живот...
Сакам да заминам некаде далеку. На неколку денови,во мала планинска куќичка. Звучи како клише,ама необјасниво многу сакам. Да се одморам од се 'и сешто. Мака мие,психички сум изморена од лицемерни луѓе,технологија,имагинарен свет и не сфатени мажи. Добро бе каде се изгубија кавалерите ?
''Голема среќа е во животот да гледам среќни луѓе, а поголема ми е среќата кога се среќни поради мене.'' Е нема поголема среќа од оваа убавинии ,насмевки и среќни лица ... Добра ви ноќ луѓенца ,ве гушкам сите
Сфаќаш дека машкиот род е отиден у ку*ац кога случајно отвораш профил на нашата ни самопрозвана порно звезда Карло бос и гледаш дека 80% од коментарите му се од машки. Тоо мајсторе, дај им го! Еден куп латентни хомосексуалци за кои впрочем немам нималку против ама сум просто изненадена од менталниот склоп на сите нив а за овој што глуми по нискобуџетни порничи ич да не почнувам. И после нормален дечко бараме, тие таквите ми се чини дека изумреле како диносаурусите, не постојат такви веќе!
Почнува да станува напорно да сум во своја глава веќе.. не се издржува бре ова. Се да се набљудувало, се да се преиспитувало, во се да се сомневало. Мозоков 24/7 ми работи 500 на саат. Не можам за секунда да здивнам. Премногу размислувам, тоа ми е проблемот мене. И искрено да можам попрво би одбрала да бидам среќна и глупава отколку да имам ваков мозок кој толку проклето гледа реално на се. Си ги заборавив некаде розовите очила кои искрено љубев да си ги носам од време на време, чисто за разбивање на монотонија. На сите ни се потребни оние моменти кога размислуваш како дете и се однесуваш безгрижно, надевајки се на најдоброто иако тоа можеби не е возможно.. али ти пак си се надеваш и тоа ти носи некаква надеж и душевен мир дека еден ден се ке биде добро. Како да го изгубив детскиот дух кој толку упорно се обидував да го одржам во себе, зарем можат сосила да те натераат да пораснеш? Можат ли сосила да ти ја земат ведрината? Можат.. но само ако им дозволиш.
Ситниците го прават животот убав ...оние кои знаат да ви ги подарат тие ситници зачинети со доза на внимание го заслужуваат вашето срце....
Толку сум иритирана од безобразлукот на поедини луѓе. Како не ви е срам, бар малку, упорно да гледате некого во очи и вечито да се жалите на беспарица и мали плати, и скржавоста на старите, не сакале да ве помагаат вас и вашите деца. Како со толку мали плати овозможувате секој проклет уред од најнова технологија да го имате, да не пропуштите едно лето без вашите пулени да осетат плажа и вода, еден нивен каприц да остане неисполнет, автомобил и се што ќе ви падне на памет. Со кое од тие десет лица ова го верглате ко расипана плоча?! Од потребата децата да не ја осетат имотната разлика помеѓу нив и другите нивни врсници сте спремни на се, макар и во штала живеете. Толку раскошна мизерија само кај нас и во Бугарија и Романија го има. Децо, ако имате 5 кеца и останати двојки не сте заслужиле ништо повеќе освен лето поминато со книги и лектири. Тоа не е казна, благодет е.
Грешка си,треба да се наградат. Не треба,туку секако ќе им се докупи нешто или ќе ги испратат негде на некој луксуз,пошто нели..се изморени.
Тука сите сте добри,а во реалниот свет....Сите зборувате за другите.А вие сте најдобри.Е тоа не можам да го сфатам.Ама дете сум уште,можеби кога ке пораснам ке сфатам.Можеби...
Утрово кога се разбудив на балкон ги видов прекрасните врапчиња. Премногу беа убави и за момент утрото ми го направија среќно. Сакам да ги има секој ден, ми укажуваат дека доаѓа некоја среќа. Па и како да не доаѓа кога коцките полека се редат, а доста сигурно. Се она што планирав со години, во оваа 2014 започна да се остварува. Можеби ако не планирав и оставев се да биде спонтано ќе се реализираа порано, но ете, даде Бог. Толку сум позитивна денеска и си ја замислувам иднината со човекот кој го сакам колку би ми била убава. Господе колку е предобар, колку сме еден за друг совршени, сродни души. Исти, а сепак различни. Знаете ми беше добар другар, заедно одевме на училиште, му се доверував како на другар, а после се тоа прерасна во ЉУБОВ која издржа и ќе издржува долги години. Едноставно некој ми го прати да го имам покрај мене, да ми ги отвори очите, да научам да сакам... Едноставно тој е мојот Ангел-чувар без кого не можам еден ден да замислам. Прекрасно е да си вљубен и да зачуваш долга врска која ќе го има оној жар како на почетокот. Треба многу труд бидејќи долгите врски се тешки за одржување. Јас зависна сум од Љубов.
Успеав луѓе,се се можело кога се сакало,навистина било така. Поправив единствената 4ка по биологија,затоа што вчера ме фати инает и до 2ипол по полноќ сум останала да учам 3 теми,т.е 11 лекции. Но не е битно што не сум наспана,битно ја поправив 4ката. Иако можеби не е битно,за мене е премногу.Полека но сигурно се ближам кон целта,да се запишам на фармација и да го учам тоа што го сакам. Знам колку е тешко,но со воља се се може,потврдувам. Денеска сум се изнасмеала на училиште.Испрашува биологија и едно дете вика може ли до веце да одам.Наставничката му вика е што ко малите деца по вц,па истрпи малку. И еден будала во клас се уфрла од позади и вика наставничке му се мочка,бидејќи утре е прочка. Се изнасмеав,богами иако не е смешно,за плачење е. Ајде одам да се одморам,ми се спие,најбитно вредеше,останатото не е битно. Па вечер Х Фактор,малце музиче и така. Имајте убав ден,феминки и исполувајте си ги вашите цели,нека не останат неотстварени и поттиснати некаде длабоко во срцето,затоа што само тоа што се прави со љубов,излегува како што треба.