Запрепастена сум од колку (не)мажи постојат. Секој ден му благодарам на Господ што ми го прати него и што е мој . Горда сум на него !
Да немам КЕТОНАЛ би умрела. Сериозна сум. Ништо друго не помага Понекогаш доаѓа дури до плачење работава I can really relate to this video
ЕМ ЌЕ ТЕ ТЕПААТ, ЕМ ТИ ЌЕ СИ ПЛАТИШ 700е КАЗНА! КАДЕ ГО ИМА ОВА? ЗНАЧИ ВРИЈАМ!!!!!!!!! http://tocka.com.mk/1/141826/golema-tepacka-vo-avtobus-na-jsp-tri-povredeni-deca-dve-na-infuzija
Јас би кажала дека децата се себични и незахвални. Добивам ваков заклучок од околината со која се среќаваме секој ден. Некои родители незнаеќи како да ги мотивираат децата утеха бараат во условите ама пак од друга страна не за џабе е кажано ,, дете што може да ти направи никој не може,,. Незнам секој со свое размислување на крај, но факт е дека се губат некои вредности. Сакав да кажам дека кога замолчам, се свртам и одам тоа не значи дека ,,ти,, победи туку не си вреден за моето време. Станав имуна на лица на кои им фалат уште крила за да полетаат.
Оддамна вака не сум уживала во есента... уствари никогаш не сум уживала во есента. Ова е прва година. Можеби поради сончевото време и тоа што не е толку ладно а може и дека сфатив, ама онака навистина сфатив дека треба да живееш во секој момент. Не треба да чекаш само на убави денови, не треба лошото време да те онерасположи и депримира. Имајте и вие убава есен
Легенда за настанокот на мојата нова профилна По јадењето на чоколадото со лаксативен ефект затоа што нема ништо друго благо дома,во мојот стомак каде што мирно си живееле нештата кои што ги имам изедено во последните денови и владееле мирот,демократијата и балансираниот метаболизам,пристигнал униформиран господин и им рекол на жителите: - Ајде сите надвор! Веднаш! Ако некој остане,казна ќе плаќа! Руската салата збунето го погледнала: - Но,денеска веќе излегоа доста жители,на нас автобусот утре ни е. - Без приговори. Во истиов момент,сите надвор! Јаболкото,пак,се побунило: - Од каде ти тука? Оди некаде каде што има повеќе жители а автобусот касни. - Нови реформи има направено Стршленката,и морате да ја почитувате како што ја почитувам јас. А стршленката,а? - Нештата почнуваа да се разјаснуваат. Луѓето сфатија дека им е наместено, и полека почнуваа да организираат протести,да се удираат од мојот стомак,да прават хулигански екипи и јас да се виткам од болка од грчевите и болките кои што ги чувствував. Послушното чоколадо,откако после пет часа конечно ги чу моите маки,нагло ги исфрли побунетите од мене,и беше прилично јасно дека било против нивната воља Туку, да ви се пофалам,повторно почнав со кошарка по две години пауза Ит мејкс ми хепи.
Чудно е колку многу им се посветуваме на големите нешта во животот. Од нивната големина, не можеме да ги видиме малите, кои се поважни и кои всушност се тие кои ни принудуваат насмевка на лицето. Големи нешта - големи проблеми. Малите можат само да не расположат. Би требало да се посветиме на малите, бидејќи кога ќе биде доцна, ќе останеме со еден куп проблеми, и повторно ништо нема да добиеме. И дури тогаш ќе сфатиме колку биле големи тие мали нешта. Зарем ќе ве чини многу да си го купите омиленото списание, десерт или да се подновите со парче кое одамна сте го посакувале. Или пак, не мора да биде материјално. Дајте му некому комплимент, ќе добиете голема и искрена насмевка. Гушнете ги најблиските, подарете им нешто... Ништо не сте загубиле, а сепам се чувствувате многу позадоволно и посреќно. Малите задоволства го прават животот поубав, повесел и не оттргнуваат од негативните работи.
И тогаш, малата искра надеж се распламти. Убавината на животот се појави. Онаа смисла, која е толку бесмислена. Она кое работи само поради скриената надеж, и желбата за нов почеток. Е, тоа мало делче, кое се криеше, конечно излезе од школката, се појави, и сите го видоа тој мал, прекрасен бисер.
Од кај најде да ме повтори грипот...Од сношти не можам да стојам на нозе,не сум свесна колку апчиња и чаеви испив..
Чувството кога доаѓа времето за да си одиш од работа, го погледнуваш часовникот 3 пати во 1-на минута и го чекаш гонгот да се огласи за распуштање на фабриката во 16.30. Уште од сега си мислиш домичка се распиштолуваш на сите страни, креваш нозе оти нели цел ден обесени. Ринга телефоно Не не остануваш до даљнег. И ај сеа не се нервирај море ми иде да си ја удрам главата од ѕид. Ете си кажав.
И така,веќе некое време сум молчелива. На чекор до провалија се наоѓам. И на прашањето дали ќе скокнам во неа, јас се двоумам. Погледот во неа е мрачен, ладен до недоглед. Се свртувам кон светлината и го гледам животот. Може е суров, непредвидлив, мачен..ама еден е. Во него се наоѓа и тој. Мојата светлина, мојата инспирација, моето се. Како би се справила со сите падови без него не знам. Може не сум доволно добра, ама ете се трудам. За него вреди секоја промена. И бидејќи во моментов ја немам таа можност, би му се заблагодарила за сета поддршка, сета таа љубов, внимание, нежност, романтика, пружена рака, сигурна прегратка, топла насмевка. Би му кажала дека е единственото добро во мојот живот, и нека остане таков. До времево е, или јас денеска сум премногу чувствителна?
Ауу... Сум заборавила дека постои форумов од многу обврски. Денес конечно ми текна да уклучам. И што да видам !? Од памет се извадив... хахахах Многу ми се допаѓа новиот изглед на форумов, преубав ми е. Ова одамна е? Или? Eптен сум заостанала, a? Баш пријтно изненадување. Како и да е, сега имам повеќе слободно време, па повеќе ќе читам и пишувам тука. Поздравче до сите!
Еве сум и јас конечно ко чоек ан новава платформа, убо да ја видам да ја разгледам Морам да ја пофалам фемина и форумов. Ме бендисува, ептен, најмногу тоа што можам и преку телефон да ве пратам, следам и читам. Големо браво, чекавме ама вредеше. Инаку кај мене се полека се враќа во нормала. По друго е кога на некои луѓе ќе им "покажиш" заби. Зафатена, соп многу обврки, многу работи ми се случија, не знам за шо да пишам прво. Ќе почнам од она најубавото, т.е. она што мене најмногу ме радува, а тоа е свадбата шо се спрема. Зимска свадба ќе биди, на мое големо задволство. Потрагата по фустан започна, имам премногу идеи и замисли. Не знам оти, исто ко јас да си ја спремам свадбава, само некои предлози си давам, ја премислувам невестата од она шо го кажува брат ми, кој иако е машко, еве го, и тој се замара со свадбава. Шта чеш? Еднаш прајш во живото Ми вика, "Добро, чекај, ја прам свадба или ти? А и како сестра треба мене да ме подржуваш!" Ја само си се смеам и пак по старо. Не ми се верува дека стасавме и до ова, брат ми да го жениме. Лета времето, лета, со огромна брзина, ко вчера да беше ко се бркавме со брат ми и ко си игравме на улица. Среќна сум и тоа премногу, а замислете колку ќе бидам кога јас ќе треба да си ја спремам мојата? А и, за да ми врати брат ми го боцка дечко ми да ме запроси Абе комедии ми се ко че седнат да прават муабет за свадби, женачки, свршувачки И така девојки, дојдов воедно и да ве поздравам, искрено ми фали форумов. Поздрав до сите и имајте убав ден и stay positive!
Универзумов ис а шит енд а бич! Како можеше бе луѓе ... ??? Од толку луѓе да се најдеме баш ние двајцата бивши непреболени душички на исто место во ист час во иста минута во иста секунда ?!-------------------------------------------------------------------------------------------------- Судено ни било ете, не можам да ви го опишам ова чувство кога се видовме.... Внатре во просторијата во која се видовме имаше 5/6 луѓе, и сите не познаваа, а јас кога влегов само сите замолчеа, молк... тишина... Мислам дека сите ни ги слушнаа нашите срца како буфтаа како блесави. мислам дека ќе ми искочеше од градиве или ќе прснеше и распукаше на парчиња. Колку сакавме да се фрлеме во прегратка како да нема ништо ни пред ни зад нас, како да нема минато, како да нема иднина.... Како да годините кои сме разделени не ни постоеле, како да не сме се разделиле сеуште! Требаше да носам нешто тешко, и тој вика.... Немој ти, јас дозволи.... и ми вели тивко: - ,, И тебе на раце би те носел ,, Ах бе... До кога ова ќе трае морам да се изгубам од ова место...
Животот е тоа што ни се случува. Секојдневието е бурно и непредвидливо. Некогаш сонцето изгрева од сите четири страни.Не затоплува и кога топлината не ни е неопходна, а сончевите зраци исцртуваат насмевка која ја става во сенка и најдобра шминка. Но, има такви денови кога и најсветлите утра не можат да изнудат ниту една закривена линија на нашето лице.Облачното чувство е облеката што ја носиме.На никој не му прилега, но сите ја имаме во гардероберот. П.С. Се движиме меѓу она што сакаме и она што мораме.
Од секогаш сум сакала да ја читам, категоријава СДК, едноставно тука имаш се, од раскажување на небитни работи од типот: досадно ми е, супер си поминав во школо.... па до карање со самите себе. Не само што ти се враќа морало и се цениш повеќе самата себе, туку си викаш, ќути добро се држам имало и бетер. Се прашувам, што ли ги тера лугето да овде изнесуваат ама баш лични проблеми кои никого не засегаат? Зарем немаат толку другарки или блиски со кои би го споделиле тоа? Ајде по темите кога се работи за некоја тема ок, ама овде каде би требало да се коментираат општи појави во општеството кои ги засегаат поголем број на луге, да се пишува од типот: Леле како ме изнервира дечко ми, ми идеше да му ја пукнам една, ќе види тој, Или, Злато многу те сакам, и многу ми значиш те молам никогаш да не ме оставиш. Абе, солзи на очи, мене ми идат а па тек кога тој ќе ја прочита, несакам ни да замислам кава емоција ќе го спопадне. Само се прашувам како ќе знае типот дека за него се работи? Ама не е битно и така е нај битно „душманите“ да знаат дека сме среќни иако не е така, па макар да е тоа и само залажување на самите себе. Затоа велам, сполај му на горниов, чувај ми го умов, како и досега и ништо повеке не барам од тебе, оти имало и бетер.
После толку време конечно се осеќам исполнето, среќно. Незнам можеби до времето е, ама како и да е ДА јас сум среќна.. Ве поздравувам сите