Имаш на Youtube гледај таму. Така нема грешка. А најубаво сама експериментирај си. Сама кога ке си зготвиш е најслатко.
За друг пат, прашај ги да ти дадат идеи сосе извори, па од изворите ќе си видиш дали рецептите ќе ти се лесни за правење. Ако имаш тв со странски канали, провери си дали имаш 24Кичн (имаат рецепти и на веб). Од овој канал ќе добиеш 300 идеи.
Да, скроз. Да треба ја да готвам, ич нема да јадам, ете ми диета Све ми е ружно, одвратно и без вкус Не знам шо им е чудно, постојат луѓе замислете ЖЕНИ кои не знаат да готват или не сакаат да готват
Готвењето не е некоја не знам каква вештина па некој/а да не знае да готви. Кога готвам убаво и вкусно испаѓа. Не е до тоа, веројатно ме заситува самото готвење и енергијата која ја вложувам. Немам друго образложение.
А не знам, ја го мразам тоа, и не знам дали сум премногу самокритична или реална, ама не ми се свиѓа зготвеното Секој друг знае 1000 пати боље од мене Све сол фали, зачини фалат, колку и да посолувам џабе е, не знам ни ја шо е со мене, па кренав раце Абе и љубов треба и мерак треба да имаш, ја ништо од тие неам. Секако само се вика по мене ради ова, ама ај праи нешто шо не те исполнува.. Ќе си остануваме гладни излеа, тоа е Или со сила ќе праам, па какво е такво.
Не е исти случајот кај мене. Ме заситува готвењето на некој начин.. Јадам ама помалку отколку готово кога ми е зготвено. Истото јадење да го оставам за покасно ќе имам апетит. Ама одма од готвење на јадење ми се губи апетитот.
Кога ќе се јават мизогинистиве со мислење. Мислам дека потајно го чита форумов па да му пренесам дека распоредот го згрешил, кецот е број 3. Сега појасно е?
Камо среќа мене така да ми се губе апетитот, има да славам Некогаш па си викам камо да готвев лошо, тогаш сигурно ќе сум губела апетит
Има право The Pharmacist, топлината, мирисите, енергијата која ја вложувам ми го одзема апетитот инаку вкусна си е храната.
Додека готвиш имај си при себе некој аперитив. Јегер на пример. Работи си и пиј си го лабаво. За да ти отвори апетит. За да уживаш максимално у храната.
И јас не сакав да готвам на времето, ама кога почнав сама да живеам и да хранам деца, морав! Со тек на време засакав и се научив, нема се купено и готово да им давам на децата, тоа секако.
По едно видео на Фејсбук, во искушение сум да пробам чоколадни шпагети. Поточно, шпагети со еурокрем и нешто друго благо додадено.
Мислам дека да те прочита некој Италијанец, срцев удар ќе го стрефи Шала на страна ама исто сум била љубопитна да пробам благи тестенини.