Sigh, не се секирај, апсолутно исто. Тоа што го пишав беа само рендом дневник мисли за минатото. Ми треба поголем град кај што постојат интересни луѓе, бар да постои потенцијал да имам посран љубовен живот.
Значи секогаш,ама секогаш кога планирам да си легнам порано,завршувам на телефонот до 2 сабајле,со читање на некои глупи статии..
Јас синоќе видов после долги години и се израдував како мало дете . Ама добро сега навечер и не акам по тревите како дете кога бев Ме наврати на деновите кога игравме криенка(миждупка) Кога бе толку остарев
Иста сум, полека почнува да ме плаши ова, не сакам да е така, а не можам ништо да направам, џабе е се, пробував ама не иде, имав скоро два примера, ме убиваше тоа што ми обрнуваше внимание и ми покажуваше интерес, не го сакав, одбивен, а убав и симпатичен дечко беше.. Додека другиот воопшто не беше мој тип ама решив да дадам шанса, проба да ме искористи, не успеа, се тргнав, тој ме блокира, па ме одблокира, заинтересиран е ама не и озбилен а јас не знам што сакам, убаво ми беше со него ама од кога прекинавме контакт ми е во глава хаха и само знам дека сега ми е во мисли, како зошто и до кога не знам.. Која дијагноза е ова? Ме убива.. Не сакам да е вака Знам дека сама сум си крива, можеби е некоја траума несвесна ама мора да има некоја причина од психа или потсвест
Ова се препреки и проблеми кои многу добро се разработуваат и решаваат со психотерапевт, секако ако сакаш и имаш волја тоа да го направиш.
Многу ми е интересен оној феномен кога ако сакаш да чуваш куче, мора да ги имаш сите услови, доволен простор, да имаш да го храниш 2-3 пати или колку и да треба, да имаш време да го шеташ. Па ако зимаш расно, да биде прилагодено според твој животен стил. Ако си активен човек, можеш раса која исто така бара активност. Ако е за постар човек, нема доберман да му земеш, него некој померанец или шитцу, мало куче да му прави друштво. Па недајбоже да не го шеташ или да го чуваш на тераса или да не го храниш, казна и затвор. И јас сум океј со сево ова. Него друго ме мачи... Зошто нема вакви критериуми за тоа кој смее да има дете? Луѓе у шупа шо живеат, луѓе у 60ти години, луѓе со ментална попреченост, луѓе со пороци...секој може. Оти жЕлБАтА зА ДеТеНцЕ била поголема од све. Дури и од желбата да му пружиш пристоен живот.
Хитлер ја злоупотреби евгениката како идеја и остави црна дамка, сега ваквите идеи автоматски се сметаат за nazi, сурови и нехумани.
Да де, не е сурово и нехумано дете да расте у сиромаштија или со родители кои не се способни ни сами за себе да се грижат. И да, не можеш со сила да стерилизираш. Али можеш родено дете да одземеш па...
Нешо шо денес прочитав: "You can have compassion for someone and still recognize they are unsafe for your nervous system." Следен пат ко ќе си помислите дека некој ве одјебува зошто е "злобен и не му е гајле", размислете пореалистично дека секој има своја психа за водење сметка, па за промена пробајте сами да ги примените нештата кои не ви се допаѓаат во врска со самите вас, наместо себично да очекувате друг тоа да го направи.
Нормални луѓе по џебови од јакни пари си наоѓаат, а ја ред чоколадо онака без опаковка и пакетчиња соја сос...
Благодарение на овие контроли на АХВ, кои ги прават еднаш на 100 год. , случјно ќе “дознаеме” шо ѓубре конзумираме. Со среќа и на здравје.
Излегла вест дека некој пар си го продале бебето за 500 евра на друг брачен пар Не знам што е шокантно, нели при желбата за дете не се бира начинот? Или зависи чии гени носи бебето?
Арно рекле стари. Умренио - умрен. Живиот-жив. Нека почива во мир, младиот живот кој згасна пред неколку дена. Другар, да ни ја кажеше маката бар.... Не мораше вака...