Страшно ме нервира отсуството на бонтон меѓу народов... Толку е просто. Се пресретнувате на врата - дозволи да излезе прво тој што излегува, па ти влези. Седиш на маса, сипуваш пијалок - прво се сипува на другите, на крај на себе. Ако пијалокот е веќе во чаша - понуди пред да грабнеш за себе. Почекај сите да ја добијат храната пред да почнеш со јадење. Влегуваш последен во просторија последен - поздрави се. Ме иритираат некои потези на усилена доминација. А е само невоспитаност.
Дали само јас не можам да го поднесам жешково во Скопје и се пикам по дома? Насабајле ако излезам до 11 низ маало Шок ме фати ко излегов од 20ч до 21..... Како се справувате?
Ја сум веќе 2 недели дома и на раб под клима, мене жешкото ме убива, од кога фатив дијабет, секое лето ми е потешко и потешко, ке морам летните денови да бегам на планини некаде.
Вчера извежбав добро, денес ме болат хемстринг и глутс мускулите, преубо чувство. Многу ми се свиѓаат нозете како ми изгледаат, поготово во шорц, цел труд се исплати. Вчера средивме скоро сè по дома, денес повеќе ќе одмараме. Синоќа ја почнав "The Will Of The Many" на James Islington, 700+ страни, се надевам на добра авантура.
Ни кажува мајка ми некои соништа, дека сонувала пченка. Ама не можела да најде што значи. И викам, дај ЧетЏПТ ќе ти инсталирам на телефонот, па ќе го прашаме. Средив со инсталацијата, ја учев како и каде да отвори чет, каде да пиши. И му пишува: "Сонував пченка". И дава ЏПТ текст, па и кажував како да кликни, да и го прочита гласно, наместо она да го чита. Па и поставува прашања, дали берела пченка, дали била во поле со пченка итн. итн. И дава комплексни одговори дека ќе ја следи мирен период исполнет со хармонија, среќа... Мајка ми воодушевена целата, задоволна од одговорот, ми вика: "А, чекај сега, и друг сон сонував". Е што сонуваше? Компири. Какви компири? Вреќа со компири... Е за тоа и јас знам што значи, не ти треба АИ... Дека треба компири да правиш. И еве сега сум на ручек, на печени компири.
Сакам да кажам во форумот влегов само за форумот Филм, Серија..и тн, Ги сакам Србите,нивниот филм,нивниот хумор, муабетот ми беше, тие снимаат постојано, нон стоп излегуваат нови серии, филмови.. Каде сме ние, талентирани деца, актери,знаете што значи за некој актер да има плодна кариера, кај нас ништо не се снима, нешто ако се работи партиски се пристапува. Државата не е толку сиромашна и не е толку за жалење да нема средства за актерите, за нови проекти...
Прво, ве молам пишете ми ако случајно ми се гледа профилот кога ќе го отворите линков, ама сакав да споделам: https://vt.tiktok.com/ZSQMScLbp/. Значи, две азијки зборуваат за нивното искуство со расизам во Скопје, колку е константно и нападно - не да ми се скрши срцето, не да сум посрамена... Ваков простил'к не е нормален во главен град, јас не знам кој не створил како народ за да се понашаме вака. Ќе повратам. И потоа глумиме гостољубива нација? Кадееее???? Има и видео како некои тинејџерки ги исмеваат, тоа невоспитано, мислиш деца имаат попримено некои добри страни од интернет, повеќе допир со различности, ама неее... Жими се треба метеор во облик на Македонија само да падне врз нас и тоа да е тоа.
Пантерине од Битола треба да се наградат, не казнат. Отишол тој дебилот да се најде со 14 годишно девојче, они ќе го бранат. Па уште загрижени граѓани и Панче душава вели што биде сите ако со ја преземаат правдата во свои раце?! Па еве не знам, прашајте го силуваното девојче од 56 годишен монструм што ќе биде со нејзиното здравје на пример, децата од 3, 5, 10 години што се силувани што ќе биде. Премногу слобода им се даде. Тоа треба во корен да се пресече, не да ги лечиме.
Вчера прв пат спиев дома разделена од ќерка ми, дојде и тоа време, си доби свој кревет, "своја соба". Со чаршав со срценца, Хантрикс ќебенце, Хантрикс перниче, Хантрикс постер и сјалички со еднорози за успивање. Убав мајлстоун.
Си ја узурпирала Куклица и наплаќа карта за да влезеш, се заканува со кучиња, со гребење по коли, мава со камења, a полицијава како паднати од Марс. Бардовци дали се слушаме. Како може, а да не може некој да ја собере и да го ослободи просторот. Не ми е ни до смеење, ова е страшно колку во државава ништо не се казнува и секој си прави што си сака. Една ваква сељандурска пуфла не можат да ја средат, не па нешто посериозно. Мизерија.
Сум го кажала и пак ќе го кажам, ако не сте се поврзале со миленик, нема да разберете колку може да ги сакаш, и да те сакаат Се доживува, или ти се дешава, или не.