Јас сум за да наплаќаат карти, но законски со фискална сметка и тоа да подразбира уредување на просторот околу локалитетот, поставување на клупи, канти, одржување на зеленило, аудио туристички водич. Ова кај што незаконски узурпира простор, па најголемата неуредна сељанка со папучи и импровизирана ограда те чека. Срамота, не знам како да кажам. Секаде во светот си ги чуваат своите богатства, во некои и држави влез чини доста. И навистина треба и кај нас. Но, вакво нешто, ем шуто ем боде. Не верувам дека туку така и текнало, некој стои позади неа и тој си лапа од колачот. Кој е тој е прашањето?!
Од денес застанувам кај уличката што води до куќата на Рацин и ставам рампа, 1000 денари за да поминете, има работа за оној што сака да работи.
Вчера се изнаиграв со децата у маало, малце одбојка, малце свинче во средина, на цело тоа трчање и скокање, се мучев да заспијам од 11 до 1, јеботе. Таман ќе задремам, адреналин ќе ме пројде, срцето брзо ќе ми затропа, така во круг 2 саати. Денес сум зомби.
Заборавам колку всушност обемна работа со многу информации и исклучоци од правилата имам сѐ додека не почнам некого да учам кај мене. Не е тешка општо, но сепак со среќа на тој што ја учи. А како што е зголемен обемот на работа последниот период, освен јас моментално никој не можи да стигни да заврши сѐ, бидејќи без брзина ни пола нема да ја сработиш. Props tо мозоков што можи да памти све и свашта.