Мој тип на партнер - оној кој што умее да ме остави во ребус. Да ми го разигра умот и со него да се чувствувам како да читам некој возбудлив трилер. Едноставно,да успее да ми ги зароби мислите и вниманието,да ме остави без здив. Оние со кои што знам на што сум и се прости за читање како текст на Лајлица,брзо ми здосадуваат. Оние кои што немаат смисла за хумор,не можат да пронајдат заеднички јазик со мене. На оние на кои што им пречи моето гласно смеење,глупирање,брукање и мрсни шали,не можам да им се извинам поради тоа што јас сум јас. Сега сфаќам дека убавината сепак не ми била на првите места и дека не го бираме оној кој што е најблиску до совршенството,туку оној кој што најмногу ни одговара. Ехх,колку филозофии ќе ми истекнат кога немам интернет
Здраво девојки, сакав да прашам доколку има некоја феминка што учи Англиски јазик и книжевност-3или4 год наставна насока во Штип да ми пиши лп, сакам да прашам нешто. Фала Ова го напишав и овде, бидејки е како најчитана тема. Ве очекувам
СДК дека сум супер расположена, па затоа ги почастив комшиите и мачките со Habits (Stay High) во моја изведба, со кучето како придружен вокал (не прекина да лае, сигурно мисли дека сум талентирана)!
Имам неколку пензионери во комшии, скоро секој ден играат шах во двор. Те кај едниот, те кај другиот. Или играат по цел ден, или па се погодува да се во двор секогаш кога јас поминувам од таму. Поминувам пред некој ден со кутрево, лека полека шетаме, надвор сонце, милина. И ги слушам како се расправаат. Првиов дедо вика: Шах мат. Другиов: Бога ти, од кога коњот скока така? Првиов: Како скока, на ге си скока, тука ми стоеше. Другиов: На бело поле ти стоеше коњот бре, немој да ме лажеш. Поголем диоптер носам од тебе, ама не сум слеп! Па почнаа да викаат, уште малку за гуша ќе се фатеа, мислиш за којзнае што се расправаат. Другиве што ги гледаа ги држат, да не се степаат... Да ги видеше некој што не ги познава, ќе си помислеше дека веќе очи нема да си видат. А веќе денес ги гледам пак седнале на тераса кај едниот Треба да им предложам да организираме турнир во маало, 100% ќе прифатат, макар и да нема награда. Задоволството да бидеш најдобар пензионер во шах е големо
Најлесно да си го признаеме како вина кај нас е она што не можеме да го промениме. Очигледно првиот Њутнов закон важи и за нашите души.
Е сега ќе си пијам апчиња, ќе седам дома, ќе ми се врти, ќе ми се лоши, ќе пијам само чаеви, ќе јадам само супи и варени компири .. Кој како си ја наредил Кај најдов баш сега да го зачакам вирусов, на тромесечие, и баш кога имаме настап бе Па оваа не е фер! Заминав јас да решавам задачи физика, се надевам ќе можам бар утре на тестот физика да одам. Знам дека ќе ме направиме "Бог да чува", што обично знае да каже наставникот математика, ама шта чеш.. Ее, јас сум дете за пример, некој со душа чека да не оди на тастови, ама јас нејќам Кога веќе неможам со ништо друго да ве понудам, кој е за топли варени компири?
Koлку е убаво кога во вообичаениот стрес на секојдневието придружен со намуртени фаци, во твоја околина имаш позитивни луѓенца кои секој ден ти го разубавуваат со својата смисла за хумор, со својата насмевка дури и при средба од неколку секунди успеваат да ти ги пренесат позитивните вибрации. Луѓе кои наспроти сета таа љубомора насочена кон туѓата среќа, ќе ги слушнеш со искрен сјај во очите да зборуваат за нечиј успех или убава вест поврзана со блиска личност. Ќе се најде и некој да ти покаже колку ја почитува твојата доверба, кој секогаш ќе најде време за разговор со тебе, токму кога ќе помислиш дека вистинско пријателство „не постои“ и дека се` е од корист. Понекогаш денот ќе ти го разубави дури и некој непознат, со еден мал културен гест, со еден обично „Повелете“, „Имајте убав ден“, „Благодарам“ изустени со учтива насмевка на лицето. Затоа секогаш бидете оптимисти во односите со луѓето, и апсорбирајте ја позитивната енергија од сите тие мили луѓенца кои ви ја враќаат довербата во човечноста.
Одамна се откажав од публикувани глупости, стереотипи и генерализација на рандом личности што од срж на душата претендираат да бидат интелектуалци. Кога ќе ја сведам целосата равенка, непознатата секогаш ми исчезнува, затоа што во приницип е регулирана. Општо, во нашето секојдневие постојат два типа личности: - Оние што мрчат и оние што мрчат за оние што мрчат. Првите се простудишни личности, уки, некуки со едноличино гледиште на стварите по сите основи во сите ситуации. Ако нешто навистина не им се допаѓа тие ќе укажат и ќе си заминат оставајќи им го кажаното да го сварат овие вториве. Вторите се тип на луѓе што одвај чекаат некој нешто да каже и да измрсат муда за да докажат некаква си поента која и нема логика најчесто. Ги има од секаков тип: владини и невладини организации, политичари, партии, цела администрација и рамче пред контињер, како и оние што слушаат гласна музика. Нејсе, нам ни е потребна реорганизација на нештата, потребни ни се агресори на културолошки, социоекономски и секојдневен план. Потребни ни се иноватори што нема да серат говна како првите, ниту ќе ги јадат и варат како вторите.
А тебе ова во која категориjа те става? Ти мрчиш за едните и другите. Ако сакаш промена, почни од себе. Нашето општество нема да ни го спаси витез на бел коњ, ние самите треба да бидеме иновативни, креативни и отворени за промени.
После се што напраив за тебе, после се што направив за нас очекуваш да се испотресам на Love me again од John Newman и да ти се џитнам во прегратки? Очигледно не ме познаваш и никогаш не си ме ни познавал. Очигледно сум си се подценила а тебе преценила. На кратко можам да опишам што направи од мојата душа и срце. Ти ги подарив како на никој до сега. На тацна. Ти си поигра со нив, ги разгмечи како кога дечињата си играат со пластелин, после тоа пак си поигра уште малце, ги подели на милион мали парчиња па ги фрли во ѓубре. Ете тоа направи. Така се чувствував. Ништо на светов нема да го промени тоа. Ти дадов една шанса, ти дадов друга и неколку после тоа, а сите си ги прокоцка. Касно е веќе. Не ме заслужуваш. Заслужувам нешто подобро а тоа во никаков случај не си ти. Но не те мразам, напротив. Една лекција повеќе во животот, за понатака, за секој случај. Ти посакувам се најдобро во животот, се ама баш се што си посакал да ти се оствари. Но не со мене, но не до мене. А јас? Јас, лепи мој, ќе продолжам понатака со залепено срце и широка насмевка. Зошто? Затоа што сум посилна од секоја препрека и пораз.
Не знам дали некогаш во текот на моето неколку годишно форумско постоење сум кажала тука колку сакам да играм/танцувам/денсам, како милувате. Страшно ми треба некогаш да одам да се издувам, да се изнаиграм со цела душа и срце. Чувство на ослободување ми е незаменливо, целата негативна енергија испарува. Тоа ми е еден од најубавите моменти во живеењето сами, кога и да сакам ќе си рокнам музиче и го ослободувам мозокот.
Па кој е будала ко мене во 19ч да легне, па во 1ч да стане физика да учи? Епа тој што си има 3ка ко мене...
Значи не се нормални со рекламине за здрава исхрана. Да се јадело бадеми, лешници и такви останати јаткасти плодови. А не дека би ми сметало, ама ако се 100 денари/килограм
Премногу сум среќна овие денови, станав дада по втор пат -едноставно прекрасен е и еден чекор сум поблиску до америка и до оставарување на мојот сон но знам дека можам и да не помина понатаму горда сум за тоа што го постигнав и што стигнав до овде. Прекрасно искуство кое никогаш нема да го заборавам.