Човек сам на себе треба да си се допадне и да е задоволен од себе. Ако очекуваме од другите.. Сакајте се
Вчера конечно стигнав да извежбам. Стигнав и да читнам пар страници пред да заспијам со киндлот у фаца. Овие пар денови ми се претопеа еден у друг, работа-ручек-парк, а недела, а понеделник, а вторник. Ама битно ќерка ми се забавува. ¯\_(ツ)_/¯ И постојано трчам ... кардио плус за мене, јеј. Сфатив дека јас сум растела у скроз друго време. Сме завршувале со надвор и сме клапнувале у кревет. Денес има премногу дистракции, а децата сакаат сè да праат. На нашите многу полесно им било. Шо ни бил тогаш изборот, да гледаме вести пред спиење? Да не зборам шо баби нè гледале попладне барем дур нашите одмарале. Сеа жонглираме помеѓу работа, чистење, пазарење готвење, здрава храна, здраво тело, здрав дух, вежбање, спортување, технологија и милион уреди, социјализирање, едуцирање на децата, играње на децата, константно непрекинато бесконечно посветување на децата, духовно просветлување, ментална грижа, психологија, филозофија, педагогија, експерти во сè, пошо скраја да е нешто да не знаеш или не праиш. Само спиење не.
Деца без фокус и концентрација за учење, неспособни една лектира да прочитаат а камоли да ја раскажат. Речете им фала на екраните. Ама битно "моето дете научи англиски пред македонски, шо ќе му е македонски, сега е битно англиски да знае." Па и ChatGPT е тука за домашно да пишува. Првпат во историјата, секоја наредна генерација е послаба од претходната, деца дебели, тромави, неприсутни во реалноста и неспособни за ништо. Ама битно youtube, роблокс и телефонот во така минимум четири часа на ден.
Како знаете дека за нешто вистински се грижите, а не ви е само длабоко потсвесно наметнато од општеството да се грижите па само мислите дека се грижиш?
Колку само дебили има во моја генерација, а да не правам муабет за постари. Доволен доказ ти се женски домаќински муабети. Овие барем јазик ќе знаат исто како својот мајчин. Другиве, ни јазик, ни па нешто попаметни се.
Не знам за вас, ама јас ја отворам сезоната на кежуал кревање мишка, па она заносно растегање и вртење со глава полека, сѐ за мирисањето дали потсмрднувам да е неприметно и very demure. Не е, пошто едно девојченце од карши сега упорно ме зјапа.
Многу гојазни генерации се денешниве деца. Од 8-15 години. Не знам зашто родителите не водат грижа за исхраната на децата. Се е со газирани сокови и енергетски пијалоци во раце. И ние кога бевме деца јадевме буреци и банички за појадок во училиште, ама дома се знаеше кога е време за салата, манџа, десерт и фаст фуд. Колку и да имаат обврски родителите, барем еден родител може да издвои време да зготви чорбест ручек. До душа сам си се готви ручекот, твое е за 10 минути да исецкаш зеленчукот и да ставиш во тенџере да се вари.
Не знам дали сум единствен, ама машината за садови ја редам да изгледа убаво и не знам зошто ова го правам.. Мора да одат по ред чиниите прво најголемите па средни па мали исто чашите мора да се добро наредени ако има повеќе врсти чаши прво едните па другите, и приборот посебно лажици, вилушки.. И ако веќе има нешто во машината и треба да ставам уште ако не ми се поклопува вадам се што треба и редам од ново.. Мислам дека колку сум по стар толку повеќе сакам се да ми е наредено, некаде до околу 20 год не ми пречеше толку неред и кога сум имал повеќе обврски знаела собата и да не ми биде средена, а во последно знам да превадам и алишта затоа што не ми се допаѓа да се подредени боите како што се... Ваљда е нормално така како растеш/старееш повеќе да ти е битна хигиената и ако нешто не е наредено..
Ами така е кога старееш, еве јас се нервирам кога ги разместуваат производите во маркетите, точно знам каде стојат и кога ќе видам дека не се таму веќе ауууу
Слушнав сега ќе се донесува нов закон за оружје со кој уште по лесно ќе биде да поседуваш дома оружје и да произведуваше дома муниција, во време кога мал милион случаи на убиства имаме.. Во војна сме, што ќе им е толку оружје на луѓето? Замисли комшијата ти е ловец и одлучил дома да си произведува муниција, колку се нашите надлежни способни да проценат дали некој може соодветно да го чува тој барут, што ако се запали? Контроли не ни одат на работни места сигурно нема да појдат кај секој поединец со оружје да проверат во какви услови го чува.. Разбирам некој да сака во мета да пука на стрелиште ама таму се пука со безопасни муниција (мислам дека).. Ама за ловци.. Јадам месо, ама имам некое лошо мислење за ловците, во ред ако тоа го правиш за храна, ама најголем дел од задоволство одат на лов.. Ниту животните не ловат кога се сити од задоволство.. Уште кога ќе ми рече некој дека е спорт..
Се можам да разберам, ама да се одлучиш за бебе без притоа да ти се решени основни работи во животот, како живеалиште на пример, тоа не можам да разберам. Или луѓе кои се свесни дека и сами немаат доволно за месецот да го поминат, едвај, се позајмуваат од кај ќе стигнат, и на сето тоа се одлучуваат за бебе. Не велам дека е се до парите, не е. Ама и без нив не може. Не ми е нормално да си свесен дека сам не можеш да се издржуваш, па и бебе. Па се позајмуваме после за млеко и пелени за бебето.