Ме мава депресија ама глеам дека и другите се депресивни, па поарно ми станува Се шалам. Многу ми е убаво во зима и во есен, некаков посебен шмек ми има времето. Нормално нели, кога не врне. Ете и сега се истури тука кај мене. Цел ден се криев од жешкото и сега пак неможам да излезам оти врне. Глупост.
Како помала секогаш давав различни одговори на прашањето Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Дури и до последно не знаев што факултет сакам да запишам, на крај дипломирав во сфера која ми беше позната и најдобро ми идеше. Еве ме денес после толку време го работам тоа за што сум учела и вложила труд, задоволна сум и ме исполнува работата, не направив погрешен избор за мојата професија кога ќе пораснам. Но зошто мора да има само еден одговор на тоа прашање? Зарем не сакаме повеќето да сме успешни и во други области? Дел од мене секогаш ќе копнее по тие останати професии кои сега веќе ми изгледаат недостижни. Сакав да свирам виолина, потоа сакав да се запишам на курс за цртање, сакав и да пишувам но мислев дека ја немам таа моќ да допрам до другите. Па сакав да бидам докторка, да бидам архитект, да работам во лабораторија, да бидам професорка... сакав толку многу работи, ама се фокусирав на една. И да дел од овие може да бидат и хоби, никогаш не е доцна да ја земам четката во раце, но низ мал милион обврски тешко наоѓам време. Засега останува детето во мене да се прашува и замислува поинаква реалност од сегашната. Можеби не сум единствена која тагува по неостварените желби.
Мене многу ме нервираше ова прашање кога и да го слушнев. Се соочував со тешки проблеми од мала и немав време ниту за задлабочување во желби. Мои соученици и колеги од факултет имаа желби, но разбрав дека многу од нив не го работат она за кое фантазирале како деца. Џабе фантазираме. Џабе планираме. Животот има поинакви замисли и може да нè однесе во скроз различна насока. Сите ми се чудеа и дури потсмеваа оти секогаш одговорот ми беше „не знам, не можам сега да мислам“. Пред 15на-20на години ни на крај памет не ми беше она што го студирав и она кое почна да ме влече во текот на студиите. Дури два дена пред уписниот рок почувствував сигурност каде се пријавам. А, со години добивам коментари дека кај мене од мала се познавал афинитет за таква професија и дека го имам потребниот нарав за неа.
Да не е сторијата на фемина немаше да знам дека во мојот роден град отвориле "Cat Cafe". Читам за инспирацијата и се тоа делува убаво и мотивирачки, но се си мислам финалниот знак фигуретинката не е мачка, туку лисица и има приказна и за и зад неа. Небитно, поентата ми е кога си силно мотивирана за нештото и симболите кои ги начекуваш по пат ти наликуваат на тоа што го посакуваш и визуелизираш. Јас пример секогаш сум за говорење чисто, литературно македонски, но не ми пречат ниту дијалектолошки изговори, баш ми се симпатични. Да не забегам од темата и независно од тоа, слушав наоколу младиве се англиканизирани, ај поточно американизирани во говорот. Се чудев таму си велам дома сум или УСА сум, ама си попримив и јас од тоа и си почнав лека, полека со англицизмите и вел сега ми е тоа нов мајчин јазик. Сакам да кажам понекогаш знаците и симболите кои ни искрснуваат по пат знаат и кога не знаеме дал сме по правиот пат да не однесат по патот кој ни е неопходен во дадениот момент. Оставете само интуицијата да ви биде компасот патувајќи по него. И да со среќа и успех на новово местенце, одлична идеја и приказна зад нејзината од замисла до реализација во живо. Браво.
Посебен круг во пеколот, а на земјава казна од 5000 евра и одземање на возачка едно година дена за оние родители што си ги возат децата во скут. Свесно да го ставиш во ризик треба да си без памет.
Дефинитивно заминувам на север следно лето, норвешка во некоја шупа. Ако нешто не поднесувам е жешко и спарно време.
Шокиран сум како може толку глупа песна без ништо у неа ко лидија на втора линија да има 1.5 милиони прегледи на Јутуб. Затоа сме таму кај што сме
Во Русија ќе одам жими се. Цела фамилија муви ми се населија дома, па идете бре таму некаде во Шпанија, во Палма де Мајорка, можете да прелетнете каде сакате а вие дома ми идете. Боже сачувај.
Леле песната ,седам на работа и од нигде никаде ечи во некоја од канцелариите секој ден во 13 :40 Веќе почнав ко ќе ја слушнам да знам колку е сато
Сакам да кажам дека секое второ стори ми е од море и мене ми се оди, а имам уште месец до одмор. Следното лето и во јуни и јули и август ќе одам, макар собирала цела година пари
Денес ми е денот на овулација, и буквално изедов СЕ што имаше да се изеде по куќава, еве сеа мислам што да нарачам за вечера.
Сакам да одам на море и да се сончам цел ден и единствен "проблем" да ми биде каков коктел да нарачам.
Денес конечно се наспав 8 саати. Убаво било, мада од тогаш до сеа шо не напраив, како би си легнала сеа...утрово чашата со тазе ставено нес ја бутнав и ја скршив, огромно парче стакло ми слета на прст на нога и ме пресече, и у 8 сабајле бев приморана да усисавам. Маж ми цел збунет стана, вика прв ден одмор сабота уште у 8 си почнала да чистиш?! Нема везе, ме мотивираше дешавкава денес да се згнам и да завршам добар дел од генералката шо ја имав у план за периодов, а утре ќе дозавршам. Најубо е у 2 дена сè да завршиш па после само ко мачка да се преместуваш од едно на друго место излежавајќи се.
Додека светов се занимава со вештачка интелигенција, полицајците во Македонија ќе можеле да носат брада и тетоважи И сеа коа ќе те запри, да не знаеш дали пред тебе стои полицаец, рапер или инфлуенсер шо снима подкаст или лајв на ТикТок Lol Можеби некому му изгледа како мала работа со оглед шо и во Европа е дозволено, но полицијата е институција која треба да зрачи со дисциплина и одлики бидејќи униформата се законите на државата а не модни трендови или исис
Епа има разлика од полицијата во Европа и полицијата во Македонија. Полицијата во Европа се високи, развиени, спремни, згодни дечки на кои им стои и брада и тетоважа, шо и да стават пак се страв и трепет. А нашиве ниски, дебели со пивски стомак, кошуљата му пука од шо е дебел, испотен под мишката, смрди на лук и кромид од премногу рекет во кафаните, уште брада и тетоважа му фаљи за да заличи на џихадист, камионџија и педофил. Не за џабе е кажано тоа, на убав човек се му стои.
Многу убаво. Братучед ми згоден дечко, а ти гледаш други мажи Од полицијата во Европа до нашата полиција има голема разлика. Ова се однесува и за работата.
Демек сега без тетоважи зрачат од дисциплина. Дисциплината нема врска со тетоважата и тетоважата не е само за инфлуенсери и рапери. Полицијата физички не ни е доволно подготвена, секој втор полицаец е со прекумерна тежина и не е физички способен да те заштити или да се спротивстави на некој, 20 полицајци не се способни да разделат 2ца пијани што се степале ама проблем е ако носат тетоважи.
Па тука мерак да ти е да те уапсат, коа ќе те грабнат ќе свршиш. А тие нашите влакно по влакно ќе ти грабат од косата додека не те исцицат до последен денар, а ништо не праат. Фрли му ќебапче и ќе те нарекува "газда" кај и да те види