Говедава што сакале дата центри у државава да градат... Исекоја стотина дрва за да градат згради и молови, дур вие будалите им ги купувате истите тие станови за 3000 евра квадрат. Нормално дека е научна фантастика воопшто да се деси тоа али идејата им е надвор од секој здрав разум. Ви текнува на изреката: Only when the last tree has died.... Е тоа е. Само напредок и технологија инфраструктура глејте. Луксузната фасада од 3000 еу квадрат полевајте ја со вода и можда ќе врши фотосинтеза кога дрвце нема да остане околу нас.
Не дека има сега и попот и полицаецот се со пивски стомак.. Ама очекувам професионалност од двајцата еве за поп не е битно колку е физички спремен, а за полицаец битно е да може да трча, за поп доволно е да си ја познава работата да знае да ме венча, крсти и да им помогне на сите од верски аспект.. Не би ми сметало и за попови да се смени кодекс на облекување и да имаат слобода на избор, ама би ми сметало да ми рече јас не знам еве види сам прочитај што мислиш за крштевка што треба.. Место да се воведе редовна физичка активност, тренинзи, познавање борилачки спорт, по битно е дали ќе има брада или не...
Ubavo naspij se.Odi negde za vikend Ili na odmor. Prochitaj nekoja kniga. Ne razmisluvam za site problemi odednas.Razmisluvaj samo za eden dnevno I opcii za negovo reshavanje.Razgovaraj so nekoj blizok postar koj ima iskustvo za toa sto te machi. I ke bides podobro.
Ти благодарам за утешителните зборови. Идам по улици плачам... Како го глеам детсково паркче, чекам да си заминат децата па да се полулам јa. Тоа е се' што во моментов сакам за да се смирам бар малку. Камо да останев дете, камо најголем проблем да беа тестови и лекции, не се свесни кои лекции понатаму ќе ги имаат..
Како што тогаш тие тестови ти биле проблем и си гледала како на најголем проблем во животот, така и сега кога ќе се среди ќе видиш колку мал бил.. Не знам што проблем имаш ама што и да е сигурно постои решение.. И не си ставај толку се при срце луѓето што ќе ти кажат..
Камо сите полицајци да почнат да си ја вршат работата, тоа е најбитно. Па, нека се покријат и целите во тетоважи. Е, брада не одобрувам. Го грди лицето и е збиралиште на бактерии и прашина.
"Молчи си од почит, постари се знаеш" ми е една од најужасните реченици. Ако ме навредува и гази некој мене или некој мој близок, нема да молчам. Без разлика дали си постар или помлад, почит мора да се има. Толку.
Да можам некако да сменам нешто од тоа што природата ,Господ ,универзумот којидае ни дал како на жени тоа би било значи зборуваме за некој минимум. Овие 3 жешки месеци барем со менструација да не се занимаваме...
Не постои нешто поужасно од тоа на + 40 степени да крвариш како крава, да носиш влошки кои од потта се тријат од кожата и ствараат иритација и да мора да носиш црно за секој случај. Не можам да се поднесам, сеʼ ме иритира. Добро е барем што е викенд и не сум на работа ваква тортура да преживувам 8 саати на биро.