Според логикава твоја, ти си во првата. За да се издвојуваш од толпата климачи со главите, треба да имаш став и да го искажеш истиот, без разлика на тоа дали некој ќе се согласи со тебе или не. Тоа не се вика мрчење. Жално е што си доволно способна да ги увидиш овие проблеми во општеството, но не си способна да се тргнеш од мнозинството.
Само јас ли имам навика да го селектирам зборчиња додека читам одреден текст во темава, за да знам до каде сум стигнала? Се чувстувам исто како порано во трето одделение, кога поставував моливче, евентуално прсте, додека читав текст. Само што со новава платформа, постојано додавам мултицитати. Инаку арна сум, арна.
Значи еве скоро четири години како патувам нон стоп од еден во друг град абе секогаш врне дожд пред да тргнам од дома. Посебно па кога одиме накај неговите ау истура едвај се движиме по автопат Многу пати сум си кажала дека тоа ми е единствената лоша среќа што нон стоп ми се случува а свекор ми ( првпат го кажувам така,ама поубаво звучи нели ?срамота е да викам таткото на вереникот мој ) ме теши и вели дека сме биле бериќетни И секогаш морам да носам полна торбица алишта со мене затоа што незнам какво време ќе ме фати Што и да е само да биде секогаш за арно друго и не ми е важно,живи и здрави да стигаме до целта
Не можам да дочекам да падне снег ,да накитам се со сијалички и да лежам под елката како детенце кое нема испити и факултет Одвај ги чекам празнициве значи..обожавам кога се е накитено...па чајче ,топло чоколадо...па дома мириса на пита...ах.
БООМ! Си добив ,,ново'' братучетче, тралалалала. Биди ми жив,здрав и голем да растеш безименко мој. Дада те сака највеќе на свет! Имајте убав ден феминки.
Да не може човек прозор да отвори од муви. Што е ова? Јас отвори и ете ти најмалку 10-на дома. Што сега, да бидам ли дежурна и да седам со тепалката во рака цел ден? Одвратни,гнасни, досадни. Нема спас од нив, дури почнав да се нервирам.
Фемински луѓенца!! Мно0огу сум заљубенаа! $ даа! и со осмех сам од шестица до шестица! ... Прееска си идам од факс накај дома, и знаете шо праам??? - Скокам и си пејам: “Пролетните дождови повторно доаѓаат, цветовите цутат, разнобојни цвеќињата“.... Незнаете како ме гледаа сите, али не ги шишам јас ич (ни доле, ни горе)! Мислам дека некои од нив беа спремни и жуто комбе да ми викнат (па и немаше да згрешат искрено)... Сеа ќидам да си сварам кафица ии ќе си го свртам филџанот послеМ, и ќе шкапам желби да ме смува више еднаш овој Гарфилдов мој!
У последно време не да сум лабава туку скроз сум олабаена ко бабина цицка. Со љубов не ми се замара ама ИЧ !
Животот знае да биде премногу суров . Во моментот кога мислиш дека се тргнува на подобро , кога почнуваш светот да го гледаш со поинакви очи , секогаш ќе се случи нешто што ќе ти покаже дека не си во право . Во мементите кога си среќен , кога мислиш дека си на седмо него по подолг период на тага , ќе се најде некој / нешто што ќе ти ги скрши крилјата . И треба да почнеш се од почеток . Но дали ќе имаш сила за да почнеш од почеток ? И надеж дека нешто ќе тргне на подобро кога секогаш се случува спротивното ? Дали ќе вреди да се обидеш и овојпат ? Не знам , можеби . Но едно знам . А тоа е дека , што и да се случи , додека дишеш и додека срцето чука во тебе , ќе мораш да продолжиш да се бориш и да живееш . Без разлика дали имаш сила или не . Дали имаш желба да го сториш тоа или не . Тука немаш право на избор . Едноставно знаеш дека тоа мора да биде така . Мораш да се сносиш со секојдневните предизвици на животот и со секојдневието . И додека ти се бориш со самата себе , и со овој свет , времето не запира . Секој продолжува да си го живее животот . Но тоа е тоа . Живот . Исполнет со падови и успеси . И сите мораме да се соочуваме со тоа што тој ќе ни го донесе . Било тоа да биде добро или лошо .
Некои луѓе да имаа и внатрешна убавина исто како и надворешната им убавина, светот би бил 100 пати подобар..
Секое чудо за три дена! Е како не, сега ќе ти пијам само чаеви, ќе ти јадам само супи. Си начекав пире и стек, па сега .. Битно стомаков е конечно најаден, да не се жали дека војна води Ајт поздрав, заминав да учам јас
Кога бев мала, околу 7-8 години на училиште одев на ликовна секција заедно со едно друго девојче една година поголема. Другите сите беа големи, околу 7мо-8мо одделение. И еден ден не викнаа од часови да одиме во таа училница. Влеговме, гледаме сите собрани, напред проектор, платно, ќе гледаме филм. И пуштија еден документарец мислам, за настанокот на боите, се сеќавам дека имаше некој падобран, ми минуваат слики само, и знаете Витрувијанскиот човек на Леонардо Да Винчи. Да објаснам како гледав тогаш: сите собрани во соба со изгаснати светла и се ѕверат во чудото на платното. Јас дочекав некако да заврши филмот и едно одење дома: - Да видите што ни пуштија денес на школо. Ни изгаснаа светла и ни пуштија чудовиште со три раце и четири нозе. И замислете ја реакцијата на моите. - Какво бе чудовиште? Што прават бе тие учители, ги плашат децата само, зошто пуштаат чудовишта да гледаат децата? Па дури се разви дебата за образовниот систем на дешницата, и тоа како со глупави нешта им го одземаат вниманието на децата, наместо да се посветат на поважните работи и што ли се не. Се додека наврат-нанос не дознаа за што всушност се работи, па како се смееја не можам да опишам И до ден денес кгоа ќе се спомне тоа „чудовиште“ се смееме, а никој не знае зошто. БУ!
Ех оваа моја чудесна земја.. Денес професорката кога ја прашав што ќе имам после одговарањето ми рече: Е сега кај смислував прашање, уште и за оцена да се мисла