Тој шо си ги сака овие 40 степени нека си ги земи кај него. Не притисок низок, не анксиозност, не спиење... Плус ниско железо... Депресија....досадно. Излегов во 20ч едвај до продавница едвај после дома дојдов..... Луѓево ги гледам си лабават надвор, старите по маици слечени, некој и без маици, јас се препотувам, нервози, паники ме фаќаат.....
Дали имате клима? Имам колешка од Португалија и ми кажа дека кај нив и во уште неколку држави во Европа немало клими, не ставале Како функционираат свака част. Јас кога е жешко нерви кинам, не можам
Купивме таква подвижна, ама не е тоа тоа, не лади како овие нашите на ѕид шо се, мислам лади ама има едно црево шо мора надвор да го извадиш преку џамот, и џамот мора отворен да ти биде. Изолиравме џамот денеска ама џабе. Пак влегува топло.
Ова е може најнепопуларното мислење ама обожавам лето. Ми делува позитивно, се осеќам убаво, енергично, опуштено. Омилена сезона засекогаш.
Преферирам да јадам овошје и зеленчук и да внесувам повеќе течности пред сѐ вода. Инаку убаво се чувствувам кога појадувам овошје. Избегнувам бел леб и така...
Некој е на море Некој на базен Некој на 20/30 год матура Ја сум дома,со пиво под рака и клима пуштена на -10
Ај пробај 3-4 дена да не јадеш јагледнихидрати (благо, леб, тесто, тестенини), и наместо тоа јади протеинска храна (јајца, мевце, риба, сирење, јаткасто овошје), масна храна (путер, сирење, маслинки, сланинче, јаткасто овошје итн.) и многу салата. Сега ти е ефтина сезонска салата, домати краставици итн. И ставај сол во исхраната, бидејќи при потење се губи сол и ти паѓа притисок потоа. Благата храна прави нагли скокови во шеќерот во крвта, а потоа и пад на енергијата. Исто така кај некои прави и невроинфламација, дисбаланс на метаболизмот во мозокот, што влијае на депресивни расположенија. И не пиј кафе одма кога ќе станеш, туку после појадок. Ова е за да немаш енергетски пад на енергијата околу ручек време и да мора да преспиваш.
Просто и едноставно, сите шо сте sun kissed и не можите да живеете без 30 степени ве носиме на пуст остров, и оставете не нас да се гушиме во депресија од сиво време и 15 степени температура
Уфф Звучи баш некомфорно Нас минатата година на одмор ни се погоди да немаме клима во апартманот и спиевме без клима. Се будев во 4 5 сабајле од жешко. Значи не можев нервата ме изеде.