Омилено време ми е пролет ама не можам да кажам дека и летото не го сакам. Некако имам впечаток дека сѐ живнува кога доаѓа лето, во петокот бев излезена на пијачка, цело Скопје беше полно, во саботата исто бев излезена, кафаните полни, кафичите исто, сите уживаат а тоа во зима го нема. Во зима да, поладно е, и се стемнува во 3 и те фаќа најголемата депресија зошто нема каде да одиш воздухот е презагаден. Вака денски си на клима, вечерта покасно можеш да си облечеш фустанче, папучка и да си средена и да излезеш. Бонус е што косава ја оставам си се суши сама Бонус е што можам да си направам кафе и да си ставам 3 коцки мраз, обожавам. За секое лето планираме нешто однапред и секогаш комбинираме два три одмора барем пократки, ќе одиме во Трпејца 7-8 дена, после во камп, и некако тоа ми е летенце. Зима искрено мразам освен предновогодишниот еуфоричен период и периодот околу празници кога сме сите сплотени, тие денови си ги сакам ептен, другото ми е жива депресија
Поентата е дека нон стоп беше муабетот абе да излеземе да излеземе и океј јас се оперирав не можевме и откако станав подобра им пишав, ај да се договориме и ќе ти кажам, и ги немаше 2 недели па после излезе пак нешто и сега ќе видиме дали воопшто некогаш ќе излеземе а и не се замарам некако, немам ни енергија ни желба
Извини Славице не знаев дека е чудно за дете од 5 години кога сме надвор да трча по тревата нагоре надолу и да скока без престан
Интересно е што повеќето кои на сите страни се бунат за базенот се мажи. Загрижени се дека со ова ќе се врши дискриминација и сегрегација. Ај, куку. Поимиве почнаа од нивните практики, но сега им бодат очи. Не велам дека нема да се врши (Комисијата ќе даде свој став, па полека малку), но... Зошто се трга со ваков став? Зошто е тешко да се чукнат главите и да се сфати дека не сите барателки имаат двоење на ум? Дека не е ни до верата кога и атеистки и жени од други вери имаат став дека би влегувале во базен само без присуство на мажи? Легитимно е жените да се чувствуваат загрижени за својата безбедност и само ради тоа да бараат посебни термини. Реално, можат да бидат нападнати и на базен. Има мажи кои гледаат кај што не треба или сакаат да пипкаат без дозвола. Има мажи кои уринираат и си го трзаат долниот дел додека зјапаат во жените. Прво нека земат мажите да се сменат на подобро, па потоа нека зборуваат.
Да не беа многу од нив такви, ќе поверував дека на сите мажи кои се бунат дискриминацијата и сегрегацијата им се единствена грижа. Но делата зборуваат погласно од зборовите. Или прават вакви грозни работи или ги премолчуваат и никаде ги нема да бараат правда кога некоја жена е нападната на базен или на друго место. Многу мал дел од нив сака праведност.
Скоро секој втор од Тетово е манијак. И албанец и македонец. И сите го имаат тоа мислење дека жената сама си го бара.
Маж ми падна болен од климата . Работи таму на 40+ и ништо не му е, и физички и психички е поздрав од мене, ама од климата се разболе.
Отсекогаш мислев дека во Авганистан на сите мажи, барем на поголем дел од нив им одговара како се третирани жените и сите забрани за нив, ама очигледно не е така.. За жал што не ни успеале да го завршат протестот и да објават доволно видеа, властите почнале со оружје да пукаат по нив, меѓу кои било убиено и дете колку што разбрав.. После им влегувале дома за да им ги земат мобилните да не се дознае за протестот.. Таму очигледно имаат многу работи се кријат и поинаку го претставуваат, и дека населението се плашат да се спротистават не само жените и мажите.. Ама кога еднаш се обиделе сигурен сум дека ќе се обидат пак и дека ќе успеат и се надевам дека помоќните држави ќе ги подржат на било каков начин.. Се надевам дека нема да се откажат..
Нека почива во мир. Иако последната средба моја со Владо Јаневски не беше пријатна, сепак не му посакував ништо лошо. Само ме изреволтира што ме третираше како слугинка, а беше дојден како клиент таму каде што работам. Си беше малку арогантен и со лошо однесување. Ама за музика си беше па врвен.
Драг Владо, фала ти што у време кога огромен дел од публиката ја пречекуваше Касандра на плоштади и мислеше дека светот завршува на два тв канали (мртв 1 и 2), преку спотовите успеа суптилно да им покажеш дека постојат и луѓе од други култури, раси и изгледи. Добро сеа, кога прв пат народецов виде црнкињи, тука ти налепи етикета дека имаш сида и други ппб, али сепак фала, ваљда со текот на времето сфати дека и после децении од тие ,,револуционерни спотови" (лол), предрасудите останале кај повеќето фиромци и дека им нема спас. Фала за музиката, не ме нервираше, што кај мене ова е веќе комплимент од висок ред. Омилена: Срце преку небото
Срце преку небото... Исто. Кога излезе спотот сите беа Владо е, не ли е, не е Владо, го нема веќе на спотови, има сида, ауууу, овој во спотов пе*ер е, цццц како можел така, родителите викаа децава што ни гледаат. Времиња.
Некогаш и негде, ќе те сретнам пак Покрај мене ќе блеснеш, ко светулка во мрак Со поглед ќе ти раскажам дека без тебе не можам Има нешто посилно од сѐ Песнава кога и да ја слушнев ме тераше на плачење од што ми е убава, мојата омилена од него, а сега уште повеќе.