Ден Д ми е у Вторник.. т.д мора еднаш да ми се склопат коцкиве Од други новости издвојувам дека берберот ми заби нож у грб и ќе биде сменет под итно.
Јас се префрлив на Simkl Lists. Мора да имам нешто за евиденција, па од сите што ги пробав вчера, оваа ми личи нај така user friendly. За жал, далеку подобра и попрегледна е кога се логираш од пц, ама тоа е. Стварно ми треба ваква апликација, не можам да функционирам без тоа. Се чувствувам како да ќе ми отиде и дел од мене со крајот на TV time, и јас ја користам апликацијава од самиот почеток.
Ја симнав баш сега ќе ја разгледам, фала. Сум немала толку болен раскин колку шо ме здоболи ова. И две недели се премалку. Се надевам некој ќе види колку сите тажиме и ќе ја купи, чак и да има subscription. За TV Time би платила. Ако можев сите социјални мрежи би одбрала да ги нема шо ги користам, само оваа апликација да ми остани.
И јас не ја знам, тука прв пат прочитав. Ама онака се осеќав ко ја избришаа WeHeartIt. Никогаш нема да ги преболам сликите што ги зачувував со години.
@Munchmallow20 @Amellie13 ќе ве истепаме. (јк) Совршената апликација за водење евиденција на серии беше. И ко ќе речам совршена, се шо ќе ти притреба - имаше + совршен community. Така да не ја барајте оти ќе ја нема за две недели. После 15 Јули буквално се шо сме пишеле таму, сите мимс, цел контент, сите слики - gone. Јас ја користам од нејзин почеток, за мене ова е 2011-2026. Подобро Инстаграм да ми го земат него ова.
Прајте си скриншотс од виралните коментари со време. Ќе се најдат за во scrapbook/споменар. И јас би плаќала за TV time, би донирала да имаше опција. Наводно немало интерес, па немам некоја надеж за да не се доразочарам. End of an era, сепак.
Добро не е нешто од мој тип зашто јас кога сакам да гледам серија едноставно ја барам, ја гледам и that's it
Зошто? Бела маица, џинс и старки, преубава комбинација. Може човек и од 200 евра да носи фустан ама некој едноставно не знае да го носи. Некои девојки едноставно зрачат со обична памучна маица и фармерка за разлика од некои со фустан оптегнат на нив со некоја марка. Некогаш не е до облеката и марката до човекот е
Лелеее зошто ме потсетиии... weheartit најмногу ми фали.... со денови скролав, срциња редев... јас касно дознав дека ќе ја снема, ништо не си зачував, ама ај тоаа... ми фали уживањето во апликацијата...
И јас сум ја заборавила, а кој допамин ми беше Само што, ја упропастуваа полека - полека пред да згасне. Исто и Пинтерест, не е избришана, но веќе ми нема смисла. Порано беше супер, со секоја промена стануваше полоша и сеа на крај и рекламите. Ужас. Ама пак ми се наоѓа за некоја идеја.
^ И јас Пинтерест користам сега за идеи, но не е тоа тоа. Плус реклами и многу АИ слики има. WeHeartIt си беше вајб сам по себе. Особено во 2010тите, со тие трендови тогаш. Знам го користев од 2012 до 2021.. потоа го подзаборавив и во 2024 пробав да го отворам пак и дознавам го нема повеќе.
Не е тоа тоа од коа додадоа реклами, ауууу, како ме нервираат. Ама уште иам тамблр сесии повремено, ме лечи некако тамблрот. А понекад само мојот си го скролнувам за да се инспирирам нешо.
Не знам каква точно апликација била TV Time, ама за логирање на серии постои serializd. Слична е како letterboxd, но има помодерен UI и само за серии е. Нема многу луѓе на неа, ама мене ми е добра. @Mishela @theowndemon