Денес дознав дека 1 цол има различна димензија кај метални цевки, различна кај црева и различна кај ПЕ цевки. Човек учи додека е жив.
Да надополнам, на огромен процент од нив децата им се по странство, приморани да се снаоѓаат како знаат и умеат по белиот свет а нив секако мува не ги лази. Битни се идеалите што уште после 35 години ги бранат, кој на Груевски, кој на Бранко. Пробај спомни нешто против оној што го величат, ќе ти кажат само "Ти што разбираш, поима немаш од ништо." И покрај тоа што баш од тие таквите децата им избегаа и внуците ги гледаат само на видео повик. Жените им од друга страна, на фб уште содржината од вц шољата што не си ја имаат ставено. Слободни по цел ден, ослободени од било какви обврски и само чекаат прилика да осудуваат, посебно жените и мајките, и да кажуваат како се гледаат деца. А ним свекрвите им ги имаат изгледано децата а сега кога тие се свекрви само паметувањето по коментари им остана.
Кочани, Кран-Монтана, Букурешт и уште многу други. Сега Банкок. Не им доаѓа памет на газдите на ноќни клубови. Ефтини материјали кои чинат животи. Треба во светов да се постават нови закони. Сите газди на локали, дали ресторани, дали ноќни-клубови, кафичи, игротеки предвремно да им се ставаат забрана за користење додека не ги исполнат сите законски процедури при изградба на објект. Ако избие пожар и има жртви треба да се одговара како убиство со умисла. Толку е тешко прскалки да се монтираат и јасно обезбедени излези со изразени табли со зборот exit. Обука во училиштата за справување со пожар. Нека им е лесна земјата. Ама во 2026 уште да има жртви при нешто што се превентира е навистина убиство.
А да ќе забораев, кај нив не знам и дали ќе може помош не постои во речникот. Дремеше пред машина 2 саати и на крај ме викна од ко зафркна се, болни ќе легнат во гроб ама нема да признаат дека не ги бива за нешто
Сдк 1 : Многу се осеќам глупо кога некој од фамилијата на девојка ми ќе ми рече зете, да ќе ти бидам зет ама имам име викај ме по име.. Во ред да кажеш сега на некој иден зет ќе ни биде ама мене да ми се обраќаш со зете... Зошто? Стварно не знам роднински врски ама не сум до толку мутав тие основните ги знам знам дека ќе ти бидам зет... Сдк 2 : Која е поентата кога некој ќе се запросат цела фамилија иста слика што тие си ја ставиле да ја стават на стори се исто само допишано честитки и после они треба една иста слика 300 пати да ја објават на стори. Епа кај мене така нема ако не е нешто различно од тоа јас што сум го објавил нема да ве објавам пак на стори, ако те мрзи нешто различно да ставиш честитај ми само во приватна порака. Или не дај боже да пишеш на сторио нешто од ова "си имам снашка/зет" , "си ја земавме" , "си ја дадовме" одиш на блок листа истата секунда. Сдк 3: Кога сум кај запросувањето.. Зошто сите чекате лето и на плажа да е запросувањето? Смислете нешто ново, да ова беше убава идеја кога не го правеа сите на ист начин па беше уникатно последниве години е претерано, смисли нешто свое уникатно... Нешто што не го прават сите... Сдк 4: Летно време избегнувам да кратам поминам преку парк особено ако се брзам, затоа што одам на страв да не згазам некое дете не знаеш од која страна ќе истрча се осеќам како по минирано поле да одам..
Не ми е разбирливо зашто некои личности мора да објават слика како плачат или се на инфузија, просто ќе пукнат ако не се види иглата, или па уште зборат онака уплакани. Дали им треба пажња или се само ментоли кој би знаел
Шо би рекла една наша членка од друга етничка заедница - Во болест се И пажња за да ти треба на таков начин и у таа состојба, треба да си болесник за да го праиш тоа.
Па добро, и не е баш некое големо отстапување. Ако може "во (добро) здравје" зошто "во болест" да нема логика? Зарем не се слуша често "И во добро и во лошо, и во здравје и во болест..."? Ехее ги решивме ние со јазикот нашите, кој од кој понеписмен, па остана да им се фаќаме за ситници оние на кои не им е мајчин а го научиле доста добро. Мене во Германија никој не ми фатил кусур за грешките што ги правам при зборување (иако имам положено за Ц1 ниво). Напротив, го ценат трудот што си го вложил да го научиш јазикот. А и реално, факт е дека никој јазик нема да го владееш како мајчиниот, па посебно ако вториот не си почнал од мали нозе да го совладуваш. Е сега ако сакаш да најдеш причина за препирка тогаш можеш секако да си најдеш ситница за којашто можеш да се фатиш
Она го кажа ко на пример: 'Луѓето што се во болест', наместо 'болни'. И членка се обиде да и' укаже, на што оваа зема се расфрла со гнасни епитети дека била ментална. Не знам кој се рчка, и не знам кој е нецивилизиран тука. Дијагнози да ти дели ко од шала, кој ретард, кој малоумен, кој ментален, да ти се сити оти ти било лошо и на форум си споделил, клошарана да ги нарекува тие шо немале коли, не знам кој бара рчки, ти кажи
Ви теќиње коа се жалев оти другаркиве само синови раѓаат, па морам само багери и трактори да купувам да се здрави и живи?! Епа guess what...
Шетање и дружба сам со себе е најубаво на свет Не ве сфаќам вас кои барате друштва нонстоп. Буквално најубаво е сам чоек