Пааааа да, веројатно ќе бевме дел од Србија, со оглед на тоа дека 3 децении пред него овој дел го имаат анексирано србите.
Или сите три и грците че земеа под некој дел. Со оглед што скоро сите наши борци најчесто се школувсле Софија или Солун, како и да е дискутсбилно.. и жалосно..
Си размислувал зошто се школувале во соседните земји? За да бидат подалеку од изродите од сопствениот народ. Тогаш на големо кодошите оперирале низ Македонија, посебно во Пиринска и Егејска Македонија. Работеле во корист на Турција и Грција, а на штета на Македонија. На Османското Царство и на Грција целта им била населението да биде пасивно и да не пружаат отпор на власта. Имало и многу кодоши меѓу комитите, кои биле инфилтрирани за да ја следат активноста на организацијата. Затоа и често кога ќе добиеле информации дека се подготвува потера по нив заминувале привремено во соседните земји. Значи не било само за време на нивното школување.
За време на осмалниите, народот сите тие предели ги гледале како едно исто, така да по дифолт спрема тие видувања, тие се школувале во Македонија. Голем дел се нели и родени надвор од вардарскиот дел. Поквалитетните школи посекако биле во поголемите градови, поготово Солун и Софија, логично дека тој што имал прилика, се школувал таму.
Еве и тука истото се случува, дали сме биле од тито, антички козофукари или татари луѓенца, колективно сме за во лудница, а на овие простори да се доселат јапани или скандинавци, некои шо живеат и егзистираат во 2026 година.
Значи јас сум баксуз за медал! 2 саати местевме базен надвор на сонце,за на крај да заврне дожд додека се полни... Значи..........
Ми текнува сега. Пред неколку месеци читав демек казината требало да се подместат 500м од школите. Вчера дојдов во Гевгелија гледам ништо не е подместено. Овде ми мириса дека ќе се подместуваат школите наместо казината.
Од коа видов безалкохолно пиво со протеин, сеа и протеинско гомно да ми простите на францускиов да измислат нема да се чудам...
Кој неписмен ги пишува рецептите на паковањата за храна? Купив emperor’s rice од КАМ, и затоа што прв пат купувам, реков да го зготвам според рецептот на паковањето. Врска да си нема… Beginners mistake.
Ти си добра и интересна девојка и верувам дека многумина се среќни што си дел од нивните животи...така да иако е точно дека децата забележуваат и памтат се, тоа не значи ништо посебно, бидејќи тие спомени низ времето добиваат нови нијанси, ги засакуваме истите, стануваат дел од нашата личност, која е секогаш една, единствена, најсигурна скривница , засолниште на нашите мисли, емоции, копнежи... Треба да бидеме свесни дека сме родени со привилегии на ова поднебје и дека поголемиот дел од човековата популација нема ни дел од нашите " недостасувања ". Пошироката слика секогаш е битна. Премногу фокусирање на себе ни го отежнува тоа. Не те критикувам, туку искуствено најмногу за спомените сакам да нагласам.
Леле, баш му се мислев утрово дали да го купам и не го купив. Зар поинаку се припрема, и дали би бил вкусен? Аперолот од новиот леток им е многу вкусен though.
@sonuvana не се живеј од спомени, иако искуствата дефинитивно не градат во личностите во кои растиме. Ептен е мижење пред факт ако се избегнува да се збора за тоа како тешкотии во период од развојот кој е значаен - иди со поголем ментален терет за возрасната индивидуа колку и да гледаме носталгично кон детството. Јас без сомнеж сум та шо сум ради искуствата шо сум ги имала. Ама искрено? Дел не морало. Не сфаќам романтизирање на сиромаштија искрено. Да, играв со луѓе праени од хартија и имам убај мемории околу тоа, ама зато на 28 си купив барбика зошто дете јас еднаш ако имаше една од најефтините и веројатно за роденден даена. И то влијај на то како гледам и трошам пари како возрасна жена. И 1000 луѓе да ме сакат, некои работи ми створат немир, немир шо е анксиозност и шо се поистовети дека имам од дете и шо покасно ми влијаеше на здравјето. За ова тема неодамна се интересирав па ќе кажам онака во кратки црти, со ова поента: да живејш како сиромашен е живеење со загуба. Шо значи то? Едноставни работи. Ќе земам поефтини, "сомнителни" витамини и лекови зошто сигурно нема разлика, ама има. Ќе одложиш еден преглед ради финансии и проблемот ќе порасни и ако претходно бил лесно решлив поќе не е (и за нешто основно како малку кариес кој ќе прерасни во вадење заб па се до испуштено ехо и растење на тумор). Нема да можиш да си дозволиш добра храна и ќе се ослониш на најефтиното - кифли и брза храна шо ќе влијае на здравјето. Нема да можиш да си дозволиш добар прибор за храна и ќе земиш од Тему полн микропластика. Финансиска несигурност створа анксиозност и анксиозност створа физички проблеми и автоимуни болести. Или нешто и површно - алишта. Брза мода ја плаќаш поќе него едно квалитетно парче облека зошто постојано ја менваш и се оштетва па се заменва. И вака можам да одам до недоглед. Зошто се ситници и низ многу врвиме во секојдневниот живот. Ама цело време сме многу чекори назад од "невидливи" сопки и тие сопки in the long run не коштаат поќе финансиски.
Кога ќе ми кажат дека сум себична што немам деца, само едно не ми е јасно: Себична сум.. кон кого? Не може да си себичен кон некој што не постои. Од друга страна, можеш да си многу себичен (и многу други работи) кон некој кој постои. Тука обично почнуваат да ми зборат за демографска слика, за тоа имам само да кажам: со задоволство плаќам (и би плаќала) даноци за сите оние кои сакаат да имаат повеќе деца, да имаат разни сервиси, поволности, подолги породилни отсуства и сè што им е потребно за да можат да ги имаат тие деца. Позитивна демографска промена не се прави со шејмање и присилби, туку со социјални сервиси, услуги, добра кои ќе им олеснат на оние кои сакаат да имаат деца. Што се покажа како точно со програмата за 3 дете, моја генерација не познавам некој (или екстремно ретко) да се повеќе од 2 деца, но ете во тој цел период се родија многу трети деца, оти финансиската помош значеше многу за оние кои сакаа да имаат повеќе деца.