Абе шо има да се објаснувате на некој зошто немате деца, не сакате деца и слично. Прашајте ги говедата радознали дали ќе пружат било каква помош за тоа дете, или само на празно млатат слама. На 3000 евра квадрат и вечито економска криза а последни години и еколошка, некои работи сами по себе се јасни, ама кој да размисли со 2 мозочни ќелии во нив останати
Да си ги приберете децава од паркој, се смеат гласно, пуштаат гласна музика и тоа транс , викаат, рикаат. Околу има 4 згради, секоја вечер немојме око да склопиме до 2. Родители, дали знаете воопшто кај ви се децата и што прават? Алооооооооо
Шо не му викниш полиција ,1-2 и нема веќе да се соберат @theowndemon јас истово го зборам (имам 2 и ги износувам финансиски) ама околу мене имам парови шо мислат дека треба да имаат одреден број деца ко норма и небитно шо можи пелени ќе нема да купат ама ќе имаат дете,две ,три оти то е нормата... Па ко ќе ми речи некој секое дете ксмет си носи абееее
Не знам што е со луѓево што си даваат за право воопшто да поставуваат такви прашања и се дрзнуваат да коментираат такви лични работи.. Јас кога ќе кажам дека едно и нема веќе да раѓам ми викаат дека сум себична и лоша, греота било
Па си себичен, но не во таква конотација. Јас имам едно и ќе останам на тој број. Барем сега со овие размислувања. Себична сум и за себе, дека ако имам второ, не дека ќе ми трпи материјалното, целокупниот комфор, кој секако го немам, но барем тоа нешто што остана. Значи не дека си себичен пред светот, на никој не му е гајле, туку себичен за себе. Што и не го гледам како навреда. Мене ми е иронично како се сите преплашени да имаат деца, ко којзнае колку пари ти требаат, истовремено се носталгични за времето кое не беше толку материјализирано и технолошки унапредено. Значи се живее и без луксуз и можат да се градат спомени. А да не се лажеме, сите имате многу повеќе од вашите родители. Така што велам, да, себичност е за своето, се сака да се ужива во својот комфор без да се терети. Што и тоа е океј и сосема валидна човекова емоција. Само што не дека родителите ве правеле, барем оние пообразованите со свест, од што така требало. Ништо на светот не е вечно, колку што е вечна љубовта према своето дете и обратно.
Следен пат прашај ги тие зошто немаат 5, или повеќе, деца. Исто ти е. И тоа не е вечно, затоа што сите ќе умреме и никој нема ни да знае дека сме постоеле. Сè е моментално и минливо. Секој си го живее својот живот како сака.
Што ви е гајле дали некој сака или не сака деца? Ти сакаш? Си роди? Здраво живо нека ти е ама дај бе олабавете со тоа мешање во туѓа матка и туѓи животи. Или можеби вашиот не е сјајен, и доволно исполнет па компензирате во "средување" на туѓ живот. Не е секогаш до пари, не е секогаш до материјално аман олабавете. Не секоја жена сака да биде мајка. Ни секој маж татко.
Сите сме себични и тие што не сакаат деца и тие што застануваат на 1-3 деца.. Себично е уште да можеш да раѓаш а да престанеш.. Со деца не треба да се престане се додека се плодни и мажот и жената и додека жената може да раѓа, треба фудбалска репрезентација од деца да се има.
И тоа било една од причините, бидејќи не во сите градови имало воени школи или останати школи кои во Македонија ги немало во тоа време. Ама сепак првенствено било поради домашните предавници. Можеме само да замислиме како им било кога биле деца и кога ќе ги донеле нивните дедовци или татковци претепани пред умирање, само затоа што некој ги накодошил дека им помагале на комитите или дека биле дел од нив. Нормално дека кога го гледаш тоа ќе заминеш од своето огниште, затоа што ти ќе бидеш следен во иднина кој ќе скапува по турските зандани. Во странство многу полесно собирале финансиски средства како помош од нашите таму и обезбедувале логистичка поддршка за оние кои се криеле од турските власти. Така да има повеќе причини поради кои се наоѓаат извесен период надвор од Македонија.
Едно време СДК беше тема во која секој ќе се надоврзеше и стварно имаше добри дискусии од кои произлегуваа разноразни теми, сега само е опоравање на животи за кои впрочем може само да претпоставуваме. И така.
Себично е да раѓаш деца, а да не им обрнуваш внимание. Да ги лишуваш од љубов и да ги растеш во небезбедна средина. Да растат со твоите болести и да офкаат од болки.
Па баш ми е гајле де. Ништо немам од твоето хипотетичко дете. Не ми е сјаен животот, на никој не му е. Не откри топла вода. Тебе ти е? Се надоврзав дека одлуката да немаш е себична, но не према мене. Туку за самата себе. И ако не прочита, еве ќе ти повторам, за да прочиташ со сигурност и тоа е сосема во ред. Си го вреднуваат времето, парите и комфорот. Некогаш си свесна за своите постапки, воспитување, чувство дека нема да бидеш добар родител и за аплауз е нечива одлука да се нема деца. А за материјалното, многу пати се пишуваше низ многу теми, ако не е и прва причина зашто многу денешни жени не се одлучуваат за деца. И не ме интересира во која се пронајде или не се пронајде, ниту те повикав конкретно тебе. Диши сега. Или уште ќе ми разглабаш како не треба да ме интересира? Тогаш не си ги пласирај твоите информации и чувства на форум. Чувај ги за себе.
Викенд покрај вода полни батерии на максимум. Колку не бев свесна што имав кога живеев тука, сега не знам што би дала да се вратам овде да живеам. Златен рај на земјата си имаме, се надевам нема да го упропастат. Ама како тргнале....
Што е себичност? Себичност е кога мислиш само на себе и своите интереси. Зошто да е себичност ако некој реши да нема деца, или да има само едно дете? Им наштетува на неродените деца? Ги заболе увото на оние што непостојат Мисли само на себе? Не мора да значи. Човек може да се вклучи во безброј добротворни каузи во ова општество. Или сте себични спрема власта на која и треба повеќе луѓе за да плаќаат даноци и придонеси, за да можат повеќе да крадат? Абе ајде. Младина треба повеќе за да може да е добар пензионерскиот фонд и да има пензии за старите, ама кога видов како овие немилосрдно го ограбуваат и пензискиот фонд, ни тоа не ми е некаков патриотизам, бидејќи така само се спонзирираат лакомите властодржци. Ама ако не правиме деца, албанците ќе не надбројат и ќе ни ја земат државата. Како да не. И нашите и нивните деца гледаат што попрво да му ја здуваат од тука. Ги заболе нив за Македонија. Си ја гледаат својата среќа и своето место под сонцето. Сеедно кој ќе владее со оваа вукојебина. Ни вмро, ни сдс, ни вреди ни дуи немаат основен капацитет да водат држава. А овој народ е до таа мера глуп и мазохист, што до век и веков ќе ги гласаат.
Како сум себична за себе? Сериозно ме интересира. Мислиш дека "се ускратувам"? Јас не мислам така, затоа што не копнеам по дете. Кога гледам деца не помислувам "и јас сакам". Ако се бебиња, да, ама поголеми генерално ме вознемируваат. По таа логика себично е сè што правиме или не правиме, ама, не мислам дека вистинскиот збор е "себичност". Јас сакам да го викам свесност - за што сакаме и не сакаме, за што можеме и не можеме, од што имаме и од што немаме потреба. Тоа не е себичност туку познавање на сам себе и активно бирање да живееме по свои убедувања (без ни едно, со едно или со 5 деца). Јас не се сомневам дека ќе си го сакам детето ако го имам. Не се сомневам ни дека сè ќе направам за него. Само не гледам желба ни потреба кај сама себе. И не мислам дека сум себична, прилично несебично се давам на знајни и незнајни луѓе
Па на паковањето пишува дека треба да се готви 200гр во 500-550мл вода 20-35мин, а според мене треба во помала количина вода и пократко време, околу 15-20мин макс. Инаку за вкусот, дефинитнвно е поразличен од обичниот ориз, и по вкус и по конзистенција, но не е лош.
@ArabellaStarfall ако мојот избор не афектира туѓ живот (дете) можи само мене да ме усреќи или унесреќи во иднина. Ако мојот избор афектира туѓ живот (дете) јас сум одговорна за тој живот. Ако не можам да го дозволам тој живот - себично е. За моја желба друг да страда. Не. Ама па, то е мој став и избор и зато at the ripe age of 30 сум без детна. А, сакам дете. Едно цело.