Моите очи ги видоа најубавите торти некогаш направени. Вкусови, какви се не ќе посакаш. Да не знаеш што да одбереш прво. Цена? Цена 8€ парче... Само си подголтнав, и излегов.
Шо е со играчкиве за деца? Ќе ми се смеете, ама јас романтично барам нешто од моето детство. Океј, има нешто коцки, кули за редење ама се исти, во пастелни речиси избледени бои... Милион страни на инстаграм ми излегуваат, а сите копи-паст една на друга. Ко од Тему сите. А уствари на Тему ќе најдеш пошарени. Мене пастелниве воопшто не ме асоцираат на забавна игра. Деца се, дајте боја. *Мое субјективно мислење.
Ја не знам дали се моронине свесни ама свесно загадување на извор на вода од кој се снабдува едно население е акт на тероризам и во најдобар случај се лежи години и години затвор. Али ова ќе биде некој прднал таму кај изворот и така биднало. Едит Нашиве производители ко Пелистерка, Кожувчанка и остали, ќе донираат за Гостивар вода или само кога некој ги рекламира им се дава? Оти ќе треба денови дур се исчисти цел систем.
Одмор со другарки..... Ја зеам посебна соба. Не знам како да кажам, ама одмор за мене е одмор. Сакам комоција, мир, што сакам да си праам в соба. Не сакам да се осеќам стегнато ради друга особа, да ми простите (ќе пазам да не пр*нам). А па за во бања. Ми е посебен муабет. Знам дека е исчистено пред да дојдам и дека само јас го користам и секако пред да влезам, дезинфицирам наоколу. Call me себична.
Е за ова 100% се слагаме ја и ти, и не е размазеност, себичност уше помалце. Со тетка ми коа бевме у хотелска соба, и сеа мене 'ритуал' ми е да се задржувам у тоалет, кај и да идам ова го праам. Значи не знам како да опишам, али сакам да дремам таму повеќе време, сама на раат. Стопати ме викаше па ајдеее бе, утре коа би делела соба со неколку души како вака? Молам? Неколку Никад тоа. Не е за мене така, никако. Ко шо кажа - К о м о ц и ј а Толку. Не се замарај за ова плс, воопшто не се докажувај, у право си. Си требал да се почастиш, сепак мерак е. Едно парче, нема 10 да земеш На какви глупости дадовме пари у Италија, десерти биле Обично парено шербетосано благо со фенси име. Твоиве можеби си вредат на вкус.
Ова со ЗАМП што им бараат по 16.500 денари на издавачите во Охрид, чудно, за што им бараат пари за авторски права? Демек поседувале ТВ во сместувањето. И со сите тие давачки, дискутабилно е дали ќе се исплати издавање на стан во Охрид, затоа што плати на букинг, плати данок на општината, нешто и ќе треба да обновиш, да чистиш, да се расправаш со секакви луѓе, на крајот што ќе ти остане? Ако си газда и ако одиш на работа и си зафатен, не е за тебе издавањето или ќе ти оди тешко. Па секако ќе оди тешко, едни ќе заминат во 11, а треба да исчистиш затоа што попладне доаѓаат други гости, а ти си на работа. Несовесни гости сигурно има, еве една сосетка со мажот и трите деца отишле во вила во Дојран, па гордо се фалеше како тоа се туширале сите по 3 пати на ден. Е такви да ти се погодат, џабе им издаваш, зијан ќе си. И не знам колку охриѓани се пријавуваат меѓу себе ако некој прима туристи, а не ги пријавува, не плаќа данок. Генерално повеќето ме пријавувале кога сум одела во Охрид. Во Берово кај што одам, жената сега си оди на работа, па ми остави клуч покрај врата, кога се јавив, ми кажа „погледни над сандачето за пошта, клучот ти е таму“ и така.
Абе ебати несовесните. Ја мислев несовесен е да оштетува и да смета на другите, оно оти се бањал. Лани у Грција у најжешкото бев, не доплативме за клима, е ама баш по 3 пати се бањавме, јбг не се трпев испотена.
Преку агенција ако одиш се доплаќа, порано мислам беше 5 евра од ден, немам одено преку агенција од пред Ковид пандемијата, сега мислам дека е поскапо. Плаќаш и ти го дава далечинскиот за климата. Јас ако не платам за клима у сандак ќе ме вратат. Еднаш ни цркна климата, ќе умрев.
Срце не ни даваше Мислам и со клима веројатно ќе се бањавме исто, на лето стварно не можам да поднесам
@Mrs. right @nena2010 плус ќе им кажам дека не сум многу за по забавни, оти не сум при пари, а и не сум расположена сега за сега, за ноќни излегувања и пијалок и сликање, па како сака нека сватат.
Клима во 2026 година е како воздух. Не може бе да немаш. Ќе ми земат даљинско? Па ќе се качам ќе ја уклучам од внатре бе. Нема шанса тоа. Да доплаќам за клима??? Господе боже.
Нека се тушира и по 5 пати ако сака, на крајот ако си издавач, кога ќе се соберат сите давачки, дискутабилно е колку се исплати да издаваш, па и на ЗАМП да плаќаш. Дома штедат, ќе се тушираат 1-2 пати, на одмор 3 пати, им се може, платиле, се фалат, нагласуваат колку тоа се туширале, како со Господ да вечерале. Од тоа што ми кажувале издавачи, еве во Крушево кај што одам, ми кажаа некој им украл филџани и некоја чинија, па му се јавиле лом го направиле. Се случува нешто да скршат, оштетат, тоа ќе го платиш, ти како издавач на крајот. Е сега не знам издавачиве ако плаќаат во Општина Охрид, дали плаќаат данок и во УЈП пак, веројатно да. Имало дури и гости што уценувале „дај ми пониска цена, ќе ти ставам добра оценка на букинг“. Не е лесно со луѓе да се расправаш. Една познаничка издавала во Охрид соби, па се жалеше дека позади кревет собирала употребени кондоми, и затнале веце школка со кесичка од смоки, на крај се откажала од што не сака со секакви да се расправа. А дали се кодошат и пријавуваат издавачите не знам, ама сигурно го има и тоа.
Ние лани на Крф не можевме да ја уклучиме климата без да платиме, искрено појма немам тоа како им функционира.
Читам за "смртоносните панталони" од Зара и си викам... Ај широки, ама зошто некој би купувал долги панталони, да се влечат по земјата и да ја собираат прашината и гнасотијата од по улици? Башка што секој разумен ќе е свесен дека може да ги подгази и да се сопне. Чудни работи.
Исто исто Али битно е само да се купи бидејќи се од ЗАРА . А Зара само на нашиве им е нешто уау . Ете и јас си купувам ама мене ми се таман пошо сум висока. Ако ми се погоди нешто подолго, нормално дека нема да го купам.
Абе, има некаде во Македонијава да се напраи дна тест со халеогрупи да си видиш шо гени носиш? Понекогаш налетувам на научни артикли, пишува направени се тестирање врз 300 индицидуалци во Маледонија, кога и каде ги прават? Кај ги наоѓаат индивидуалците? Ја у живот неам чуеано некој да бара луѓе да учествуваат во тестирања, има некој чуено?