Што конкретно ти треба? Какви гени? Поврзано со склоност кон болести или нешто поврзаност со предци? Или пиши ми лп, можеби знам
Прелани во лептокарија на вратата од тераста беше некако поврзана врата ако отворам климата се гасеше... Мноооогу ме интересира како беше направено ама не можев да се занимавам баш со тоа.
Некој од машкиве на форумов, да објасни што е тоа толку што имате страст кон колите, да одите на изложби, да ја јачате колата таму и као фраеришта јаки да се прајте ? Исто и за по улициве, јако дрифтање.... Значи немом
Искрено нема поголема глупост и посељачки од тоа да јачиш, дрифташ и брчиш, едноставно е чисто глупирање и покажување неиживеаност, особено па на улици е дивеење и предизвикување опасност, ме нервира јачење На собири ај, се знај шо е намената, од секош биле ама на улица.. простотилук Иначе, кола како кола е пасија на некој начин, како хоби или како домашно милениче да речам иако не е исто, но на некој начин тие шо сакаат коли им служи како нешто шо ги исполнува, ги прави среќни и задоволни или на некој начин им служи и како терапија или им се диват на изгледот и дизајнот. Реално јас сум љубител на коли, од проста причина шо ме исполнуваат и пружат малку среќа ради нивното постоење оти животот ти е полесен букв за се, особено да крузираш на дожд со тивка музика е буквално како да си го нашол мирот, ептен смирува зошто забораваш на секојдневието и проблемите Човечкиот ум нема граници кога станува збор за инжинерство и иновација, светот е многу полесен со коли
А зашо од сега правиш план да не учествуваш во активности и да се изолираш, наместо да пробаш да уживаш во нешто што е наменето за опуштање(забава, пијачка итн)?
Пошто имам burnout, анксиозност и некоја си депресија. На апчиња сум, не можам во гужви, треба некој до мене, шо знај шо ми се случува и не разбира.... Ми сугестираа, поќе да одмарам и да си го слушам телото
Затроа што не секој сака активен одмор. Потполно ја разбирам членката. Одговорив не како адвокат на членката туку еве и јас сум слична фаза за одмор, би оделе со други парови ама јас не сакам заедно секаде акање и влечење. Може да сакам во моментот може да сакам мир и да си седам во соба или на плажа навечер.
И ја имав анкс па да видиш како ми помина у Германија коа морав да излезам од комфортната зона и без нула јазик и помош да работам од прв ден со луѓе по осум саати и да си бркам работа по институции, лекари и слично. Само exposure therapy е чарето, и никој не може да ми докаже спротивно.
Некогаш е ок не кај сите делува. Супер тебе што ти поминало, но не е секој во иста фаза. Некогаш навистина на телото му треба одмор и опоравување. А после и работа за надминување на фобии и слично.
Само што не си го слушаш телото како што мислиш туку анксиозноста што те насочува да чекаш негативен исход и не ти дозволува да уживаш вистински во одморот. Социјализацијата е одмор.
Да, ама секој ден ми е различен.. Пример денеска ми е толку лошо нервозна сум и еве со сила ќе излезам и апче ќе се напијам ако треба, пешки одење и то е. Уште сега осеќам не ми се оди. 32 степени е Скопје, немам клима, имам вентилатор, пукнав @Angie1432 јас работев во кол центар, со 100 повици во денот... Социјализација колку сакаш
Колку само не се согласувам со ова. Не е секој ист бе луѓе. Не давајте така од рака совети иако се верувам добронамерни. Ама не е секој во иста ситуација. Лично за мене зборувам, се наоѓам во тежок момент сега, здравствено, и најмалку што сакам е гужви, журки, пијачки,, си сакам пензионерски лабав одмор. Без форца.
Добро, искрено да ти кажам не ме интересира дали ти се оди во гужви или не. Тоа што го пишувам јас е за патернот на размислување кој е типичен за некој со анксиозност и убаво е да застанеме и да го препознаеме тоа.
Па добро, ако не сакаш гужви и луѓе, нема ништо страшно и сам да отидеш на одмор де. А не ко дете налутено сам да седиш у соба