Девојко, не е работата дали она има или нема што да прави со животот. Ти доаѓаш на форум и постојано бараш совети за едни исти работи. Како што те читам, ти една позитивна работа немаш кажано за некого или нешто, едно нешто не ти е погодено. Еве баш кога ќе имаш време, земи прочитај си ги мислењата и ќе видиш како изгледа од страна кога те чита човек. Јас многу добро знам како е да имаш депресија, анксиозност и стравови, и разочарувања од другарки и дечковци и работа и сѐ, одлично знам, верувај ми. Ама не може сите да не чинат и не може сите да ми бидат криви, не е можно. Имаш преголеми очекувања од луѓето, тоа ти носи разочарувања. Мораш да сфатиш дека луѓето си имаат свои животи и проблеми. Како што тебе твоите проблеми ти се најголеми, така и за другите, нивните проблеми се најголеми. Секоја планина со своја тежина. Во ред е да ти е тешко и во ред е да се пожалиш на другарка, али никој не е должен 24/7 да слуша едни исти ствари и жалопојки, исцрпувачки е, верувај ми. И ти да си, ќе ти здосади. Најдобронамерно, тебе ти треба промена. Нешто мораш да смениш. Мораш да излезеш од тој мајндсет на жртва и да прекинеш да се самосожалуваш, да прекинеш да бараш од луѓето да те тапшаат по рамо и да те сожалуваат. Тоа ништо добро не ти носи, верувај ми, не зборам на памет. Ти кажав и во другата тема, ако толку не ти чинат тие другарки и ако е стварно во нив проблемот, откачи ги, најди си ново друштво. И јас сум интроверт, и јас не сакам гужви, и јас не сакам да идам на одмор и да делам простор со десет души. Знам, тешко е да се погодиш и да најдеш компромис со толку луѓе. Ама затоа не идам со толкаво друштво, идам со една, макс две особи што ги сметам за стварно блиски и што сме на иста бранова должина што и како сакаме да правиме на тој одмор. Па и сама, крај краева. Кој сакаш прашај, истото ќе ти го каже.
Нема она преголеми очекувања од луѓето туку незнае ни она шо сака, се и смета. И да ја викат и да не ја викат на одмор - и смета, и да излегуваат на кафе и клубови и да не излегуваат - и смета, на работа кажале или не кажале нешто - и смета. За дечковците па.... да не ни праам муабет. Ова не е депресија, ова не е анксиозност, овие не се очекувања, туку ова и е карактерот. Шо викаа старите - к'тиљ луѓе. И јас иам депресија па не мрчам. @GirlLove , ова не ти го кажувам за лошо, сакам да те посоветувам да си го смениш карактерот. Оти така ништо нема да постигнеш.
Страшно ѝ треба промена. Мора да расчисти сама со себе. Тоа не може да ти го реши ни психолог, ни психијатар, ни другарки, ни никој. Сам човек ако не сака да си помогне, џабе е сѐ. Ќе тапка во место и ќе си ги троши најубавите години во нервози и стресови. Тоа е, џабе збориме.
Ја разбирам до некаде, мрчам и ја, мрчиме сите кој повеќе кон помалку, факт @GirlLove ја ако ми смета Не Идам! Крај. Значи жива сила не ме тера да идам бе. Среќа сум интроверт луѓе не ми требаат. Сакам МИР! Ти си ми интересен феномен, интроверт се прикажуваш, анкс имаш згора на тоа, патиш за искачанки, и дружби, ако не те викнат криво ти е, а од друга страна не ти се иде, и го мразиш цел свет. НЕ ИДАМ БЕ АЛООО НЕ ИДАМ Ти предложија сама на раат да идеш, да се изнауживаш, зашо не идеш? Сакаш комоција рече? Иди. Дај живеј живот више, убаво ти рекоа годините си ги потроши.
Тргнав ист текст да пишам, и се откажав, да не сум многу директна. Ама скроз си во право. @GirlLove без никаква лоша намера и мисла, мораш да смениш нешто кај себеси, секогаш исти прашања поставуваш, за менстуација, за ПМС, дали се плачело, дали се лежело, со години имаш дијагноза, зарем не знаеш какви симптоми имаш? Колку години имаш за да не знаеш во ПМС што се случува со тебе? Не може никој да не ти чини, ниту дечко, ниту другарки, ниту работа, ниту роднини.. едноставно треба некогаш да се запрашаме, дали можеби е во нас проблемот? Никогаш нема да мрднеш од мртва точка, ако вака продолжиш па макар и 50 години имала.
Јас неќам да коментирам конкретно за ситуацијата, туку општо за одмори и како гледам на то. Одење на одмор во (поголемо) друштво е предизвик. Колку поќе луѓе толку поќе карактери и предизвици, зато и тука се мајтапите дека го „преживуваш“ првото патување без да се расипи пријателството. Ако одиш со друштво на одмор мора да имаш одредени очекувања и приоритети: заедништво и забава, и воедно мора да си многу флексибилен. То значи прајш план со сакам/неќам за активностите и местата на кои ќе се оди заедно со останатите и секој попушта за то шо не му е доволно важно и запнува за то шо му е многу важно, па се зема место кај шо си на купче зошто забавата е пред спиење и се останато е забава вон собата. Собата постој за некој сат око да склопиш колку да можиш да продолжиш. Ако сакаш да си во посебна соба - апсолутно можиш. Ако неќиш да одиш негде - не мораш. Ама со тек на време друштвото ќе реши дека ти посекако се делиш и нема зошто да те вклучат во иднина кога идејата е групна активност и очекувањето ќе е дека ти ќе пристапиш дека си заинтересиран да бидиш вклучен пак. Сме спиеле ко сардини на душек, на земја, на bunk кревети, тераси, на рати. Оти целта беше кога сме будни да сме заедно и да е фул од забавно, спиењето е само нешто шо мора да се случи ради то дека сме луѓе и ни треба одмор. Следно, ако некогаш сакаме нешто апсолутно треба да го иницираме то. Ако јас сакам фул инклузив хотел, сама во соба со свој тоалет - јас ќе го иницирам то. А, не на веќе план за кој има мнозинство да се лутам. Сега ќе ојме на викенд Охрид и јас сакав бунгалов и јас иницирав за бунгалов и јас прашвав за бунгалов (и за жал прекасно баравме и то пропадна и победи вториот предлог и тој на кој беше вториот предлог си среди останатите работи кои се релевантни). Ако имаш комуникациски способности и љубов и почит за пријателите - ќе се договориш и за спиењето лесно и да не си сметате, и ко ќе ти треба време за дестимулација и за одење во тоалет и за мавање на туш распоред и за јадење и за се. И во мое искуство ваквите договори само ми продлабочвале пријателствата. Just my two cents.
На времето кога немаше мобилни телефони, па ќе си дојдевме дома ко деца и ќе најдевме порака од родителите напишана на лист и оставена на маса: "Еве ти 100 денари, купи тоа и тоа." Или нешто слично. Заминале некаде додека ние сме биле во школо, па ни напишале да знаеме каде се и кога ќе се вратат. Само така се присетив.
Се сложувам од збор до збор. @GirlLove, стварно најдобронамерно го кажувам, и секогаш ќе ти го кажувам. Те читам подолго време и имам чувство дека си заглавена во улогата на жртва. Секој пост ти е како доказ дека тебе ти е најтешко, дека другите имаат полесен живот и дека околностите секогаш се против тебе. Искрено, какошто ти кажав и во другата тема еднаш, не мислам дека тоа ти помага. Напротив, мислам дека те држи во место постојано. Да, анксиозноста и бурнаутот се реални. Ама од друга страна па, тие не можат да бидат одговор на секоја животна ситуација. Во еден момент мора да престанеш да бараш објаснувања, жалопојки и да најдеш начин како да си го решиш проблемот. Не можеш постојано да се повлекуваш од сè што ти создава непријатност и однапред да правиш планови и сценарија. Треба почесто да се изложуваш на ситуации што ти се тешки, чекор по чекор. Само така ќе сфатиш дека си многу поспособна отколку што си убедена дека си. Еве го примерот со одморот. Велиш ќе одиш со другарките, ама ќе си изнајмиш своја соба, нема да излегуваш навечер и ќе се изолираш. Искрено, тогаш зошто воопшто одиш со другарки? Ако ти треба мир, оди сама три-четири дена ко шо ти кажав, одмори се и уживај. Ако сакаш да одиш со другарките, тогаш биди со нив. Не мора да останеш до сабајле или да правиш нешто што не ти одговара, но нема смисла однапред да се изолираш и после тоа да биде они не ме сфаќаат. Па и јас на нивно место нема да те сфатам затоа што сите одморот си го користат да одат и да одморат, а не да преиспитуваат што им е со другарката што седи сама во соба. Имам чувство дека сама си ги создаваш ситуациите во кои повторно ќе се почувствуваш како жртва. А тоа е круг што никогаш нема да заврши ако не го прекинеш ти. И уште нешто, колку и да звучи грубо, искрено постојаното самосожалување не ги привлекува луѓето. Не те прави подобра другарка, ниту личност со која некој ќе сака да поминува време. Сите имаме тежок период, сите имаме проблеми, но никој не сака секој разговор да биде само колку е животот е тежок, и жалопојки секој ден. Ако навистина си исцрпена, анксиозна или во бурнаут, побарај стручна помош, смени нешто, постави граници, одмори се. Но престани целиот свој идентитет да го градиш околу тоа дека си жртва. Затоа што додека не преземеш одговорност за барем дел од својот живот, ништо нема да се промени. И какошто напоменаа повеќе членки, младоста си ја потроши на ова.
На снимките од Томоровленд со камери од горе сите стојат и снимаат со телефоните, никој не игра едино поединци пред диџејот, али затоа цел Инста е преполн од полуголи настегани пренашминкани инфлуенсерки и голи стероидосани инфлуенсери као ,, спонтано ,, исто рејваат по ТикТок туторијали додека некој ,, спонтано ,, ги снима со ултра мега хаде камера со совршено светло... Кринџови, кринџови насекаде. Имаше и еден тип седнал на земја се потпрел на оградата и на мобилен глеа лајв стрим од сетот на кој што присуствува. Ги живеат животот у 2Д преку камера додека се на лице место на настанот, само треба телефонот да го фрлат и да отворат очи околу себе. Што рече некој или некоја некаде, луѓево више не идат да видат и доживеат нешто за себе, него ли другите да видат дека отишле да видат и доживеат нешто.
Не е интроверт, туку е човек со анксиозност на кого му фали друштво. И кога ќе има прилика да се дружи и да излезе од комфорт зоната - исто како секој човек со анксиозност, бидува саботирана од своите мисли дека не мора да оди, дека ќе се деси нешто лошо и сл. Ама проблемот е што она упорно не сфаќа дека тоа што го пишува е 90% манифестација на анксиозноста, а не некоја уникатна особина која никој друг не ја разбира. Да отиде малку против себе, во смисла да активно го негира тоа што мозокот ѝ го вели и да после толку години научи што е нејзин глас, а што се наметнати мисли, ќе искочи, ќе си помине најубаво и ќе си рече еј треба почесто да го правам ова. "Слушај си го телото" е совет за луѓе кои се ментално стабилни. Ако имаш хронична анксиозност, не можеш само да си го слушаш телото, зашто телото многу често те лаже и те чува во тој круг на повторување на истиот образец на мисли и однесување.
Little bit rich coming from me, ама малце да не го претерувате. Да, постоеше човек на планетава што послушал совет и се оправил. Никој, никогаш, никаде. Сите се своеглави и е човечка особина да осознаеш од своите грешки. А кога веќе ќе навлезеш длабоко во калта, ниту еден совет нема да те опорави, затоа што никој не е таму со тебе, ниту пак го доживува истото па да каже јас така би направила. Сфаќам дека девојката си има проблеми и најмалку што може за себе да направи е да смени психолог, активни терапии, затоа што до сега ќе имаше некаков плод. Карактерот смени си го. Како се менува карактер, добиен што од гени, што од раѓање, воспитување, трауми, што од улица. Така било тоа, чкрапнуваш со прсти тадаааа од утре карактерот е сменет. Е сега факт е дека треба да имаш волја да промениш нешто во себе, не за околината, туку како ти ги примаш информациите од околината. Кога некој е на дното, според напишаното, не му создаваш дополнителна вина зашто не може да се извлече. Може не сака, може не може, но сигурно не си ти што читаш и се чудиш. Колку и да сакам драми, некогаш премногу се нафрлате и тоа на личност која навистина има психички проблеми. За неа кажува едно, но за вас што кажува тоа?!
Не знам колку долго си на форумов меѓутоа секој совет е буквално најдобронамерно даден. Никој не ѝ се нафрла напротив сите сакаме да ѝ помогнеме, кој на понежен начин кој на подиректен.
Ти после напишаното мирно ќе спиеш и за два дена ќе заборавиш и што си напишала. На неа овие ,,совети", повеќе напади, уште толку ќе ја докршат. И мене не ми се свиѓа таа нејзина негативност кон светот и нејзиното опкружување, но не ми е дома, па да земам да се трескам од земја зошто не почне да размислува позитивно. Очигледно е дека не нашла асален психолог. И за тоа не можам да ја судам. Добар психолог, просечен македонец не може да си дозволи. Сумите за подобрите се од 2000 нагоре по сесија. Израчунај секоја недела да одиш колку е тоа на месец. Што е најтрагично, со еден месец ништо не правиш, најмалку една година ќе ти треба. Тие што се budget friendly, особено психијатри на државно не те есапат за муабет. Ако некој се излечил за 5 минути муабет, нека дојде да ми каже, да се насмеам културно.
Добро бре да ви се плукнам 1500 официјално отруени од кои 320 деца, 5000 неофицијално во Гостивар и народов само си седи и си тера ќејфој? Ласкарци, Кочани, Модуларна, масовно труење... што треба бе да се деси народов да земе да стане да се дигне?? Оние си играат пинг понг пред народ ВМРО-СДС, народ си кука си седи... е па алал да им е значи. Какви сме супер ни е. Срам ми е каде живеам. Во нормална држава и со нормален народ имаше да сркаат од водата и народ да им се деси.. ама не. Македонче...
За одмор со друштво само ќе кажам едно. Не се оди со секој. Ако некој е за активен одмор а ти сакаш пасивен или обратно е рецепт за пропаст.
Точно! Ние затоа секогаш сами одиме и кога ќе ме праша некој па нели ви е досадно сами....како да ти кажам, уживам во раатот
Also, сè шо МИСЛИШ дека другите МИСЛАТ за тебе, твоите постапки, твоите одлуки, твојот лајфстајл, било шо, е проекција на твојата самодоверба.