Еднаш прочитав една изјава на писателката Исидора Бјелица, во врска со болеста со која се бореше и од која почина. Деновиве многу размислувам на тоа што го прочитав и дури и ја разбрав. " Не јадев ни колбаси, ни сланина, ниту пушев цигари, ниту пиев алкохол. Тагата е таа што е нај канцерогена, неа пак, ја имав во галони" Кога прв пат го прочитав ова не го сфатив сериозно, но сега го сфаќам.
Баш гледав видео во кое човек збореше за белеењето на косата и поврзаноста со ракот. Всушност луѓето на кои им белее косата дали од стрес дали од старост, си спречуваат канцер затоа што наместо да мутираат клетките тие го губат меланинот, додека луѓето на кои не им белее косата се склони кон рак. Истотака луѓето што не ги искажуваат емоциите туку кријат се во себе се склони кон автоимуни заболувања. Наравоучение: Секоја нервоза искажете си ја и гледајте да не се нервирате за работи што не можете да ги смените и не зависат од вас затоа што на крај ќе се разболите.
Во светот во кој секој се стреми за подобро утре денес се губи пријателство и не обично пријателство туку детско невино и искрено. Денес ги избришав најискрените солзи го слушнав најискрените збор МАМА ЌЕ МИ НЕДОСТИГА ДРУГАРКАТА. И како да собереш сила како да ги скриеш солзите се да објасниш дека животот е непредвидлив лавиринт во кој секогаш го бараш подобриот излез. Се надевам дека во тоа детско срце ќе останат спомените на искреноста, дружбата и иако може никогаш никој нема да ја замени таа дружба бар ќе најде другарче кое бара малку ќе биде слично. Во контекст на тоа дека Тешко е кога младите родители и децата мораат да заминат во подобро утре а оставаат се зад себе. Секако несебично на сите им посакувам среќа
Видеоно со психозата пластична шо гази куче во Хрватска со колата, долу во коментари исто болна раја ја оправдува...добро бе, има некој нормален останат во државава? Абе за тоа рилките свински нека ја обесат на плоштад хрватите, какви се створења шетаат на земјава страшно нешто.
Ваљда Црна гора и не е од чиста мира иако е далеку од оправдување. Не си во тек , повеќе од очигледно
Моја грешка Црна Гора да, има повеќе нешто од видеото? Ја пали колата и го гази кучето. Макар и да и се стрчало, онаква реакција болен човек прави.
Сакам да кажам дека имам страшна интуиција. Значи секогаш, ама баш секогаш кога имам лошо чувство за некој или нешто, излегува дека така е. Пред тоа ја занемарував, си викав ајде бе си правам филмови, за на крај да се деси тоа што сум осеќала и да ме тресне од земја реалноста. Сега веќе не. При првото лошо внатрешно чувство, бегам. Се повлекувам. Си одам. Пред тоа го игнорирав и останував долго, па на психа ми влијаеше прелошо. Едвај се соземав.
Од коа симнав профилна од инста почнаа дупло поише мужи да ме заследуваат... Изглеа мислат дека сум некоја Дева Марија според тоа што ги учат тоа нивните инцел гуруа по рилсови... Време е у истакнато да ставам сегде кај што сум идела по одмори оти само курви шетаат па да ми сјашат са курца.
Три дена на работа ми прави друштво една душа, едно кученце. Му давам храна, вода, го галам, му зборам, а тоа само ме гледа со очињата. Си дојдов после прва смена, и преге накај девет седам у двор, кога гледам другар ми до мене се нацрта. Ваква бев . Не сум многу далеку, ама па не сум ни преку улица. Не ме следеше знам, веројатно по мирис ме нашол. Е тоа беше радост, ние се изнаигравме, а мачките ми беа у шок оти не стапнало до сега куче на нивни терен. Не знам дали сум спремна да чувам куче искрено, бара посветеност и време што го немам баш. Засега остана во двор, друштво му прават мачките што го гледаат сомнително. Тоа е малечко по раст, гледам не ги брка, не ржи, многу френдли делува кон нив.
Многумина од нас младите само слушнале за земјотресот од 1963 година, затоа е важно да не дозволиме тој спомен да исчезне, бидејќи од таа голема трагедија се родила уште поголема човечност, солидарност и хуманост, вредности што треба да бидат пример за сите генерации. Со помошта од целиот свет, Македонија повторно застанала на нозе, а градот повторно никнал, покажувајќи дека и во најтешките моменти, заедништвото и единството како народ од сите краеви на Македонија е она што не прави посилни и обединети. Скопје и Македонија паметат.
Да, да глеаме како Скопје памети, со крпени згради на пола метар размак од себе, сотрување на сите корења кои го држат Водно за мочани хациенди и усерување на целиот концепт на Танге. До следниот земјотрес, па после пак Начмиш ќе ни биде крив, со проследени пиреј-кукања од маќедончето и ко гревови пак некој ќе не окрпува ко да сме протекторат а не факинг држава у Европа. Мех.
Тоа старо, домаќинско, уникатно, шармантно Скопје веќе го нема, за жал, Луѓето биле блиски, се почитувале, дури и караниците биле симпатични, а сега, зградурини, бетон,смрад, ѓубре, отуѓеност, апатија, нема култура, сите нервозни, се е сменето на полошо. Тогаш луѓето имале душа. Го сакам тоа Скопје
Сакам да ми пишеш од нигде никаде и да ми кажеш да сум спремна за кратко за некои смешни 15 минути и кога ќе те прашам како да се облечам да ми го изрецитираш Тагоре “каква и да си дојди, не се колебај при облекувањето” па од брзање да си ја размачкам маскарата (тоа е она на трепките што се става, памтиш?) и таква да ти слезам долу пред зграда задишана и бушава а ти да ме гледаш ко да сум супермодел а не само една обична Ана и да ме стиснеш толку силно што ќе ме заболи вратот и пред да изустам збор да се насмееш и да ми речеш “не мрчи Ано, од љубов е” да ме однесеш во Дебар маало на вино во Сокаче да се гледаме ко да сме сами на светов а потем да шетаме некаде по улици за рака фатени испијанети од хемија а срцата да ги рушат сите закони на медицината сакам да ме љубиш до изгрејсонце дур лицето со врв на прстот ти го галам и да тераме муабети на кои нема да се сеќаваме ама ќе си го памтиме сјајот во очи и вкусот на бакнежите до сабајлината да одиме дур нозе не ни капнат и на дневно светло љубов да водиме испреплетени еден во друг вдишани ма кој се секира што е сабота и дали комшиите ќе не’ чујат и дур ме стискаш силно како да сакаш во себе да ме внесеш да се кикотиш дур здив земам и да ми речеш “не мрчи Ано, од љубов е” Ана Бунтеска...
Некои луѓе пред да се вселат во зграда, треба да поминат психо тест, па некоја 'обука', па не знам што. Не може на секој да му е дозволено да живее во зграда, а да се однесува како да е сам, во некое село со три куќи. Колку без осет се некои луѓе, страшно нешто