Јас уште сега го чекам Божиќ. Некако, тоа ми е еден од омилените празници и чувствувам дека кога ќе дојде Божиќ се ќе се среди и се ќе си дојде на свое место и конечно ќе бидам среќна. И дека ништо не е поважно од тоа Божиќ да ти помине убаво. Тој ден обично пола го поминувам со семејството, а пола со другарките. Лани пред Божиќ многу гадно се скаравме со него, а на Божиќ се смиривме. И се сеќавам си помислив, сега ќе се смириме сега засекогаш, или никогаш. Се смиривме, ама не бев во право, затоа што ништо не трае засекогаш.
Во животот глумејќи таква, се претворив во машки храбра жена која ги подголтнуваше надојдените солзи од едниствен страв - да не го почуствува стравот. Но низ годините разбрав едно, дека и најмоќните и најотпорните попуштаат пред нивната најголема слабост. Безмислосно те соголува, неконтролиран трепет те обзема, чудно чувство кое буди паника, те крши и немаш сила да дадеш отпор. Јас сум слаба пред моменти кои долго ги одложувам со потајна надеж дека денот нема да дојде и некако се ќе остане нерационален страв и ќе изчезне.Одбегувам да се присетувам, ги загушувам опомените се додека не го погледнам во лице. Него, мојот страв, или подобро додека тој не ме погледне мене. И тогаш се губам. Никаде не наоѓам утеха и пополно се предавам на неуспехот. Со голем песимизам влегувам во борба која е можеби предвреме изгубена.
ДО: Дедо Мраз Стар и дебел човеку, прво фала што секоја година ми даваш по нешто. Фала и што си дебел и стар, и ми докажуваш дека колку и да стареам и дебелеам, пак можам да бидам сакана. Како ти што си. Второ, имаш скоро 2 месеца да размислиш како да ми ги исполниш желбите: сакам да прекинам да се нервирам за глупости, сакам да имам куќа со двор, со зелена трева, со дрво што во есен има лисја на земја, и уште едно до него, вечно зелено, за да го китам за тебе. Сакам да има куче во дворот, за секогаш некој да се радува што си идам дома. Сакам и човекот на мојот живот да ми вари чај дома, а едно мало дебелко со панделки на главата и чпрто носе да прави снешко. Со почит, сезнаемејаситиодамна.
Конечно ќе можам да здивнам барем некој ден.Како да сум во постојана трка со времето. Туку, ме фати деновиве носталгија за еден период пред две години.Сега се‘ е толку поразлично. Само чекам да завршат последните месеци од годината, а ни самата не знам зошто. И некогаш единствено нешто што ви треба е силна прегратка. Се зближивме, а сепак не го изговоривме зборот - другарки. А мислам дека и немаше потреба, си се разбираме меѓусебно и без многу зборови.
Нема поубаво чувство од чувството кога знаеш дека ќе станеш тетка. Си леткам во облаци од среќа, едноставно не можам да се смирам и постојано мислам на тоа мало бебенце шо тек допрва ќе расте. На сите ви посакувам да го доживеете тоа чувство затоа шо е непроценливо и најубаво чувство на светот. Плус причина за славење, денеска си славам една година на фемина и можам слободно да кажам дека една цела година си се дружам со вас. Феминки мои почастете се!
сдк дека денска имав преубав ден во секоја смисла ми кружат срциња околу глава како на смајливо и да се пофалам дека победив 3 ликовни натпревари 1во место имајте убав ден
Ќе го донесат мало, буцасто бебе на гости и се молиш да не ти го дадат да го држиш..Шо од страв не сакаш, што од природа, што од лоши искуства.. Ама кога мајка ти ќе ти го тупне во раце да го држиш, и кога наместо да плаче, тоа малечко ѓаволче ќе ти го фати прстот со дланкичето и ќе те држи така, како да не си го бацуваш по главчето ќелаво, тримесечно?
Песна што ја пее младоста на моите и моето раѓање. Што финко. Зачната сум покрај море, ќе си умрам покрај море. И тоа е дефинитивно.
Во право бил тој што рекол дека треба да се заљубиш во внатрешноста, а не во надворешниот изглед. Така на пример, јас се заљубив во внатрешноста на фрижидерот и сето она што тој ми го нуди. Го сакам кога е полн и разновиден, и ги задоволува моите потреби и апетити. Тогаш ми се појавуваат пеперутки во стомакот... всушност посоодветно би било пеперутки со велосипеди, зашто не летаат туку ми тежат во стомакот после убава лапачка. Еве, како сега, после нашата средба олку доцна во ноќта
Кимке мор, нели ќе вежбаше мор? Остај си и за нареден ден од фрижидерот, да не ти снемат храна не за друго
Е ова сум јас денес : Ах Чарли, Чарли, you speak my thoughts. Фрустрации до небо. А и времево надополнува атмосфера. Истура како да нема утре. Се ми е измешано, збркано, измиксано во мисливе. Ми треба терапија. Спиритуална терапија.
Кога ќе се навратам неколку години наназад и ќе ми текне на сите единици во школо , годините кога ме оставаа на полагање , колку криво и тешко ми беше и инает ме фаќаше .... од тој инает да им докажам дека можам повеќе дипломирав во рок точно до денот кога го почнав факултетот .... еве ме сега запишав магистерски и ме фаќа инает од таа кокошката на работа што ме прави неспособна .... ќе завршам и тоа и ќе станам по успеашна и од неа , таа обичното шефче што очигледно само тоа и е најголемо животно постигнување и тука ќе си остане .... јас се стремам кон докторат во мојот домен и сакам да станам експерт на мојата тема , ќе бидам најдобра , за инает на другите , нека пукнат душманите ! А за гордост ? За гордост на мама која неуморно ме поддржува и ме бодри во секоја моја замисла , и ми помага во секој чекор кон тоа особено ме радува насмевката и солзите кога ќе успеам во тоа што сум го наумила .... за гордост на тато кој ме гледа од небото и верувам дека ме чува и ми помага во секој дел од патот , ех како само сакам да му го видам ликот и насмевката да знае дека блесавото дете што со сила учеше станало човек ! Сакам да ме види колку сум посветена и задоволна од работата и колку се трудам да бидам што е можно подобра во тоа што го правам ! И за него .... му благодарам што во овие месеци иако не ме познава доволно ( а можеби и се лажам ) ме бодри и ми помага , ми ги смирува сите стравови , ми помага да ги средам моите несигурности .... знам дека го сакам а знам дека и кај него не е само онака , ама ако времето ќе го донесе и моментот кој го чекам во кој ќе каже дека сум негова а тој е мој ! Одмарајте ми во оваа Gloomy сабота , имајте убав ден феминки мои , и не се отажувајте никогас од своите цели , замисли ,и соништа .... тие се исполнуваат секогаш само треба доволно да ги сакате ! Бакнежи ! black-angel
I don't know about you, ама за мене првата зимскa куќнa славa на која присуствуваш го означува почетокот на руска салата season...
Според теориите на поделби на светското население, по мене има два типа на луѓе: едни се оние кои „позајмуваат“ сувенири од ноќните локали и другиот тип-оние кои не.
Oдамна ме немаше. Форумот има нов изглед гледам. Ми се допаѓа, секоја чест. Ништо не сум во тек Поздрав до сите вас и оние кои не ме заборавиле. И вечно име на тие денес што слават Митровден
Ај што никој своеволно не застанува на пешачки на обичен ден, ај....ама што никој не застанува на врнежлив и лигав ден како денешниов, па уште шиба покрај тебе и те бања не можам да сфатам како може да има такви стоки од луѓе! Брзам да завршам триста работи натоварена како грешен ѓавол, плус чадор, очите не ми се гледаа од што влечкав и кеси и папки и глупости и не бе, почекај си ти ако немаш попаметна работа Телефонот вришти, нема шанси да пристапам до него, главата ми чури...почнав едно време да се осеќам како Енди од The devil wears Prada кога и завршуваше обврски на Миранда...само со екстра додаток ДОЖД. Или сликовито.... Нема шанси во Скопјево напатено да поминеш улица на пешачки без да му улеташ на некој пред хауба. Треба да си ги исклучиш сите рефлекси, да одиш против здрав ум и решителен како самоубица да тргнеш по улица иначе прости се од поминување во скоро време. Ептен ми е мило што покрај сите бизарни закони конечно донесоа и некои што ќе влијаат малку за да се зголеми заштитата на пешаците по улица, па ќе почнат да казнуваат се живо и диво што се прави паметно. Очигледно само дебели казни може да ги решат ваквите случки. Можеби не можеш возрасен човек да го научиш на култура, ама удри го по џебот и ќе се опамети ко попче.
Не е доволно нешто само да посакуваш, време е да почнеш да дејствуваш. Времето истекува. Побрзај. Понекогаш си играм со огнот. Но, умешно внимавам да не се изгорам. Ако ме разбирате што сакам да кажам. После долго време се сетив. Пишувај! Малку да си олесниш на душичката. Како беше - рани душа да те слуша. Е има проблем. Ја прејадувам, ама пак не ме слуша. Или го мешам физичкото со духовното? Мааах, поврзани се. Нејсе, толку многу нешта чекаат на мене, а јас пловам по голем хаос. Замислете си голема река. Огромна. Во неа, голем број на луѓе кои беспомошно мавтаат со рацете, борејки се за здив, со последни сили молат за помош. Е, тие луѓе се моите проблеми. Проблеми или животни предизвици?!? Во моментов, тие два поими се изедначени. До толку сум во хаос. А колку ужасно посакувам да завршам се на време. Успешно. Да, тоа е најважниот детал. Или почни нешто и заврши го успешно, или не си ги троши силите за џабе. Факт е дека во одредени периоди од животот сум....пааа да кажеме непромислена.И после о леле. Е о леле. Пишувам како листот да има душа. Внимателна сум со него. Зборувам, како ѕидовите да имаат чувства. Пазам што ќе изустам. А пустото, никој не може да се промени така лесно. Она што го носиме во себе, со тоа ќе си умреме. Еден ден, еден убав сончев ден! И да не е сонцето присутно, топлината во душите си ја носиме. Нам внатрешно ќе ни биде топло. Физички не. А што е физичкото во споредба со духовното. Ете, доказ дека се различни. Си играат топло-ладно. Толку теории со кои пробуваме да ги објасниме, а се е само игра. Игра или сон? Ако е така, кој игра, а кој сонува? Фактички, игра оној кој има моќ врз нештата. А сонуваат оние од кои ништо не зависи. На некои сонот им е кошмар а јавето рај. На други, обратно. Сонуваат за мир и спокојство, а јавето им е кошмар. Така е тоа во животот. Сите имаме мозок, ретко кој го употребува. Ги употребуваат другите органи- срцето, желудникот, ги трујат белите дробови и црниот дроб. А мозокот? Тој за украс е. За да размслат што ќе облечат утре. Во која кафана да излезат викендот. Дали имаат доволно пари да се опијат. Дали да се направат камен или дрво пијани. Тоа е исто и нема разлика? Не. За нив и тоа е различно. Можеби не знаат да разликуваат кој е Фројд а кој Ниче, можеби и мислат дека Ниче е име на некој српски пејач. На тоа ги асоцира де. Ама дали ќе бидат камен или дрво пијани, тоа, тоа е многу важна одлука. И ќе ја мислат бре, цела недела за тоа ќе размислуваат. Оти не знаат за што друго. Се им е во животот месено-обесено. А најубаво да одат да се обесат самите, ама не е важно. После кој ќе ги троши нивните пари? За нешто паметно да се искористат?!? Пу, пу, не дај боже!