Ти си од тие што ја тупат со калории, суфицит, дефицит, здрава исхрана и слично? Цел живот сум месојад, мене ништо не ми фали. Кога гледаш се што јадеме овде не е здраво ама ќе се фаќаме за месото и јадеме "мртов леш".
Враќајќи се во градот на моето детство, возбудена како да ме чека невидена авантура која повторно ќе ги оживее сите слатки спомени, осознавам колку е меморијата всушност кршлива и манипулативна. Мојот духовен запис исчезнал, не постои повеќе, а ја сум само себична и егоистична поради личната нелагода, занемарувајќи ги потребите и развитокот на луѓето кои останале и понатаму да ги градат своите спомени токму таму.... Изгледа ќе мора и да се порасне еднаш....
Обожавам кога некоја особа од минатото ќе ми помини пред очи и нема му*а да се соочи со мене, бар едно " Здраво" да речи, од чиста култура. Едниот надолу главата, другиот се врати назад во дуќан, а бе за 2 секунди го снема...
"Boys are not raised to be men, but raised just not to be girls" Се согласувам и сметам дека ова е огромен фактор за нашата зае*ана реалност. Особено ме нервираат жени, тетки, баби кои галамат дека жените се попаметни, вакви - такви, а истите тие не вложуваат ни грам труд во воспитување на здрави, машки личности туку одат со "абе остај го машко е, така треба".
Ај дечиња шо возат тротинети, ами овие волој/ крави по 100кг шо прелетуваат без светло и со најлонче од пазар на него, шо дијагноза е то? На сред улица возат, на црвено шибаат.. страшна работа.
Колку ние како машки, се правиме силни, снажни, ладни, џабе е све, без жена ни сме можеле, ни ќе можеме, жената е БОГИЊА И ТОЧКА.
Поздрав Ведрана Рудан, легендо над легендите. Никогаш никој нема да може да ти се фати. Се надевам дека ни ебеш матер и од таму некаде, каде што нема сигнал...
Нормално ли е да се чека 10 дена за замена на батерија на рачен часовник?! Искрено се запрепастив дека толку треба да се чека за најосновно нешто, а камоли за поправка можам да замислам...
Не знам каде си го однел ама чисто препорака за другпат -Во Bwatch продавницата во Ист Гејт имаат и сервис, на лице место ти менуваат батерија, каивче итн. Е сега ако е нешто посложено, можда подолго. Ама за батерија одма ми менувале. А избегнувајте ги Божиновски. Буквално немаше 2 месеци, ми откажа пак батеријата. А солени пари ми земаа.
Часовникот swatch го имам 20 години. Купен од Божиновски, батерија секогаш ставам соодветна за него во Божиновски и трајноста на батеријата за мојот часовник секогаш била повеќе од 2 години. Точно дека промената е поскапа и секогаш било во ред. Ме зачуди негативниот коментар.
Баш таму отидов, оти од таму ми е купен часовникот, ми рекоа 10 работни дена. Нема менување на лице место, се праќа во сервис. Ама и ете да не е на лице место, 10 дена за менување на една батерија ми е mind-blowing…. Како и да е, тоа е тоа.
Сдк... Има ли и некој друг освен мене што комшиите му се обесени на врата ден и ноќ? Врата до врата сме и секој ден и цели две години скоро откако сум вселена тука луѓето се секој ден обесени на врата! Све се слуша кога се на врата, и они ме слушаат све коа зборувам на телефон,јас нив коа откључуваат врата и коа чекаат лифт!...Увек! И си викам зашо увек мора да ме начекаат кога зборувам на телефон? -Зашо се постојано на врата, влези излези! Зарем не идат на работа да ги снема малце? Аман веќе! Дури и доцна навечер ме вадат од памет лупаат со вратата. Раат да се немало!
Pardon my ignorance ама каква е таа посебна батерија за која треба да чекаш 10 дена да ти ја сменат? Мене на часовничар ми ја менуваат за 1 час, горе во ГТЦ тој што е. Трае година, година ипол.