"Your trauma is not you fault, but your healing is your responsibility". Тука лежи одговорот на многу проблеми во животот.
Мило ми е за тебе. Ти да го доживееш, тоа јас шо го доживеав во рок од 2 месеци.... Секој си знае за себе. Секој различно перцепира работи, секој е чувствителен на различни ниво. Биди си благодарен и терај си напред. Нит те знам, нит те познавам па нити ме интересираш што правиш по форумов и колку кукаш, колку си позитивен и сл.
Си доживеала загуба на родители? Кога сме на темава, не се ЖАЛАМ, да не бидам погрешно сватен, од 22 год сам градам све,, нема ни ТАТО ни МАМА, болести со закачив за цел живот, и не ми збори ни за депресии ни за анксиозност те молам, премногу добро знам што и како поминав без никаква подршка од никој, затоа и се борам и ке се борам додека дишам. Ти посакувам само среќа и убавини во животот, и на тебе и на секој на форумов.
Нит ти реков да ми кажуваш за тебе, нит ме интересира. Не знам како да ти објаснам. Жал ми е за тебе, се надевам си во ред. За сите има Господ. Сите си имаме нешто. И јас ти посакувам се најдобро и најубаво, само напред
Па ако нема шо да праат друго и се ситат, изволте. Луѓе се тоа.... Не можеш ништо. @Unknown_7 те повикувам во порака. Немом да ти пишам, брат
Имате убави дневници по пристапни цени во повеќето книжарници и поголемите маркети. Тие барем можете да ги сокриете за никој да не ви ги дознае мислите. Или направете си електронски со пас. Не мора сите да ве дознаат. И ќе се спасите од главоболка.
Јас па не се замарам ама ич и да ме дознае некој имам неколку пријатели од форумот на фб и инста, ама ниту меѓусебе знаат ниту име сум спомнала никнејм, ништо, ќутам ко гроб. Пред се, имале доверба во мене па ми се отвориле, без разлика што и да се случи никогаш не би издала никого. Ми се нашле во неволја, искрено ги ценам и ги почитувам до небо. И така, одам да спијам. Добра ноќ
Кој сака, ќе најде начин. И онака сите имаме свои предизвици, проблеми и трауми. Можеме и треба да одбереме што ќе задржиме за себе, а што ќе споделиме со други. Никој не сака личности кои се негативни 24/7.
Еднаш кога ми се расипа телефонот, не бев при пари одма да купам нов, а овој више беше одамнешен и оштетен и од претходно, па не мислев да го поправам оти и да можеше, сигурно ќе чинеше колку нов. Од блиска особа побарав дали има некој што не го користи во моментот, да се послужам дур купам нов, после ќе го вратам. Добив одговор - да имам еден стар, не го користам, не ми треба, ќе ти го продадам за 1000ка. ...фала не треба. Сдк не бидете вакви во животот. Или помогни јеботе или ич не помагај место да сакаш само корист да извлечеш. До мојата 1000ка ѝ дојде во животот...
Гледам "се или нешто" во моментов, ја слушам Лила, вели "немој толку да чистиш, ќе си ја исчистиш среќата" иако не го слушнав цел разговор ова го слушнав и ме подсети на мене. Не сум верувала никогаш во такви нешта ама има логика, јас пола живот го поминав чистејќи. Како луда, раска да нема... треба да го редуцирам и тоа Иначе ја обожавам оваа Лила, од секогаш.
Она сака да извлече корист што ќе ти го продаде а ти не сакаш да извлечеш корист што сакаш да го користиш за џабе
Има луѓе што се буквално саможивници и само за нив си гледаат ако имаат корист ќе “помогнат” ако не не им е гајле , само не знам од каде им доаѓа тоа дали од дома од мали така биле учени или им е вродено?
Не ми е јасно едно. Си правиш муабет со некој/а, се доверуваш, мислиш дека е си нашла нормална особа за муабет и накрај излегува дека и таа особа те оговара по сите. Што е потребата ме интересира да јадеш г*мна за некој, а од друга страна да се правиш дека си другар/ка?