Случајот со бебето Руми, е само еден од многуте причини оти комерцијалното сурогатство треба да е илегално. Знам дека се мали шансите, ама кога веќе Руми е тука, му посакувам од срце што помалку страдање во овој живот.
Ратко Младиќ цркнал денес, на 85 години. Он е доказ дека карми, божји казни и слични срања се измишљотина за обесправени. Човек може да направи тешки злосторства и сепак да доживее длабока старост. Клетвите кон Сорос се исти курац, немаат ефект.
И Никола Тесла за некои веројатно бил бот кога го претставил концептот за струја и бил оспоруван од 95% од тогашната популација во тоа време. Не само што бил оспоруван, туку и нарекуван со секакви имиња. За среќа имало разумни луѓе во тоа време, па го воочиле потенцијалот на неговиот изум. Норвешка беше една од најсиромашните земји во Европа. И кај нив се противеа кога беше откриена нафтата дека обработката на истата ќе имало штета на животната средина. Денес Норвешка е една од најбогатите земји во светот по глава на жител благодарение на таа нафта.
Дали и овие луѓе во Словенија се ботови? Нови дата центри во Словенија се отвораат секој месец и се планираат нови. https://www.nas-stik.si/novice/podrobnosti-novice/kako-izgleda-nov-slovenski-podatkovni-center https://odprtaznanost.si/obvestila/arnes-gradi-prvi-podatkovni-center-in-ze-nacrtuje-drugega/ Или ќе бидеме во корак со новата револуција и капитализираме на истата или неми посмтрачи додека не не прегази време и од Македонија остане пустош? Веќе се градат дата центри и во Србија и Хрватска. Ти напишав и во претходниот пост за Норвешка. Пред откривање на нафта биле пуста сиротиња, а денес богати. И кај нив се противеле на почетокот дека нафтата ќе уништувала животна средина ова она. Неразумен страв.
Не знам кој е Стефан, но од ЈуТјуб не се заработува ни приближно толку колку луѓе мислат дека се заработува. Прегледи и монетаризација различно се плаќаат во Македонија и Америка. Заработката на јутјуб највеќе зависи од која земја ти доаѓаат прегледите. Ако се од Македонија, тогаш е многу тенко. Претежно заработуваат од спонзорства и разни шеми. Да ти објави реклама 1000 евра, да сподели пост 200 евра и такви слични шеми. Највеќе пари прават од рекламирање коцка, обложувалници, брзи кредити.
Толку си информиран... Еве статистика кој сака да се информира https://www.brockovichdatacenter.com/community-and-legislation.html#map
Ерин Брокович собира податоци за дата центри директно од луѓето што живеат до нив. Послушајте некое од подкастите со неа:
Викај си ти, ама откако се отвори темата кај нас медиумите редовно известуваат за проблемите кои ги носат дата центрите и во кои држави има противења и дури донесени забрани за изградба. Вчера кажаа дека и кај нас иницијативата во еден град е одбиена. Факт е дека многу трошат вода и струја и дека населението ги губи овие две. Уште еден факт е дека прават звучно загадување и предизвикуваат засилени главоболки кај луѓето. Дури и нашиот надлежен министер (на интервју) соочен со овие факти проба да се извади со тоа дека владата ќе се потруди да изгради дистанцирани и помали дата центри со цел да ги намали шансите за можни штети, но наиде само на смеа.
Дај бе прати малку од дождот наваму, јас и така сум подивена со моите хормони, сега жешкото уште толку ме напна. Од толку што ми е жешко снемав волја за купување, само трепкам 2 недели.
Америка има преку 5400 дата центри. Ова статистика ти покажува само дека такви блокади се минорни и дека Америка е какво такво слободно друштво каде се вреднува став на поединец. Колку и да е истиот идиотски и ирационален. И што ти докажува ова? Знаеш во Америка колку имаш такви ретардирани теоретичари на завери и кој се истите ги финансира да шират такви глупости и небулози? Ти текнува на овој дебил? Колку често само го споделуваа по Македонија на телевизии.
Не се секирајте нема дата центри да има.. не се кадарни нашиве толку.. тие не можат ѓубрето да го исчистат, дата центри ќе граделе..
На мапата што ја има на сајтот што го споделив има опција да видиш каде има суша и визуелно да видиш колку е поврзано со нивната близина. Ја менуваат температурата околу нив На подкастот рече дека кравите на некоја фарма во близина на дата центар не отелуваат живи телиња од кога се изградени. Што мислите зошто е одбрано да се градат во рурални средини со малку жители? И во Хрватска градат огромен дата центар во близина на село со две фамилии. Семејствата живеат од овци и не се за ништо информирани од властите и од компаниите иако се први до нив, нормално, се плашат како ќе им влијае на здравјето и добитокот.
Пошто ми одговори побрзо од траењето на видеото (и тоа пократкото) можам да заклучам дека не ги изгледа ниту слушна пред да ги коментираш. Ерин Брокович е далеку од теории на заговори. Екологистите не се идиоти и новите генерации не ќутат како нивните родители додека ги трујат. Терај си го наративот ама тој не е на мнозинството и не е толку паметен и напреден како што овде се обидуваш да го прикажеш. Научниците веќе размислуваат за тоа како да добијат дата центри без толку штетни ефекти. Народот не е против напредок, само не сака да биде по цена на нивното здравје. Напредните земји ги учат новите генерации нови предмети - не само хемија туку зелена хемија, на пр. Ги тераат да размислуваат студентите за последиците од своите иновации. Да размислат за можните штетни ефекти од она што ќе го откријат и изумат.