BTW, САД сеуште дозволува еден куп хемикалии во храната на својот народ кој ЕУ ги има забрането. Заради чист профит и пари. Просто зошто е така поефтино. Така да не ми е пример за споредба.
Знаење треба за да се управува со тие центри.. не е ова од штаб ќе ги прибериме сите што не знаат да се потпишат.. инженери треба за таму.. ама инженери што разбираат не со купени дипломи од фон и мит..
Проблемот е што искуствата покажуваат дека за тие да работат и не треба голема работна сила. Да, додека се изградат и стават во функција се ангажираат поголем број работници ама до таму е. Долгорочно не отвараат многу нови работни места. Ќе се најдат 10 души со соодветно образование, ќе ги обучат. Вчера слушав една репортажа од САД, новинарите убаво се со имаа анализирано и заклучиле дека последнава година ни Трамп, ни власта веќе не го акцентираат толку отварањето на работни места кога зборуваат во говорите за дата центрите и позитивните придобивки од нив, зошто веќе имаат реални податоци последниве години и бројките не го поткрепуваат веќе тоа тврдење. Се изградија и веќе не работат илјадници работници на нив, туку десетици.
Леле истото си го помислив прееска, дури и го кажав на домашните.. Син ми и маж ми ми викаа ништо не ти е. Сум драматизирала. Така ме налутија им реков само да се разболите вие ќе видите убаво. И им се налутив, муабет не им правев. А машкиве се најголеми плачковци и коркачи кога се болни, тие најдоа да зборат. Ние жените се правиме дур не држат нозе за разлика од нив што одма легнуваат. Море мрш таму ајде стани си купи си, напрај си сам. Мое мое, ама...
Еве една од најголемите причини зашто ни требаат дата центри... Само под нож бато, од А до Ш. А вие ставајте си слики од децата, уште па и ГОЛИ по мреживе слободно коа немате два грама памет.
Абе нашите контејнери прелеваат ѓубре, еднаш немам видено наутро да ги мијат улиците, кога бележат линии и пешачки премини веќе следниот ден пешачкиот не се гледа од прашини.. а вие се препукувате за дата центри.. кај имаат по партииве електроинженери, компјутерски инженери, инженери за совтвер? Ако мислите дека со средно угостителско дата центар ќе управува ГАДНО СЕ ЛАЖЕМЕ..
Ако се сметаш за паметен човек и сметаш дека имаш вредно знаење кое може да користи, вредна вештина која може да користи, перспектива која може да користи - споделувај ги. Општеството е срање. Политиката е срање. Корупцијата, неморалот и злото се насекаде и се срање. Не очајувај. Пробај да не очајуваш. Не троши време на напразно јадење гомна за колку лошо е, океј е да си кажеш, исфилтрирај се и продолжи понатаму да споделуваш и да го менуваш светот. Да го правиш подобар со твојот памет, знаење, вештина, мудрост, перпектива. Не ги чувај за себе. Нема корист. Океј, можеби често така е подобро, зошто така се штитиш сам себе. Разбирам. Но кое фајде од конзистентно паѓање во искушение само да се хејта и кое фајде ако се откажеш пред да умреш? Океј, повеќето луѓе можеби не вредат толку многу за да ги заслужат твоите памет, знаење, вештина, перспектива. Разбирам. Поготово кога ретко кој назад ти враќа со исто, исто те третира, разменуваш вредности. Но што да правиш кога баш ти си попаметен, повешт, поискусен, поморален од другите? Другите нема магично да се променат. Некој треба да ги подучи. Некој треба да се обиде да им влијае. Некој некогаш сигурно ќе има некаква корист од твојот памет, знаење, вештина, перпсектива. Надежта е стварно мала, ама постои. Затоа што луѓе се менуваат. Луѓето се способни да научат. Секако не сите. По некој. Башка нови генерации се раѓаат, доаѓаат на планетава неспремни и некој треба да ги научи како што е најдобро. Во младите е надежта. Тие можат најмногу да го сменат светот, ама некој паметен, вешт и мудар треба да ги подучи.
Со тоа дека други земји имале дата центри, цитрони му ги прајте на човек. Во другите земји не владее урбана мафија, не сечат здрави дрва и не бетонираат тревни површини за јебен квадрат од 3000 евра. Кај нас еколошка свест за вакви работи е страшно непостоечка и никој к не го боли, па за дата центриве можам само да претпоставам како ќе биде.
После јадење гомна на цел град и еден куп контроверзии, не треба дата центар, треба обичен центар за испитување на мозокот на рандом северџо.
Америка има и жени кои подржуваат жена која се суди дека си ги убила децата, а и луѓе кои го гласаа Трамп. Така да Америка не ти е баш сјаен пример за интелегенција ))
Скопје се труе во смет!! Основна работа хигиена. Немаме асолен градски превоз.. школи основни услови за школување болници како сцени од хорор филм, важно Дата Центри ќе се отварале.. а бе ај нека се опраат
ЗОШТО ОЧЕКУВАМ УШТЕ ПОДДРШКА ОД ЛУЃЕТО КОГА МИ Е ТЕШКО? НЕ СТЕ ЛУЃЕ!!!!!! ВИЕ СТЕ БЕЗДУШНИЦИ СИТЕ ДО ЕДЕН!
Баш имаше пост денес од странски туристи, воодушевени од убавините на земјата, но и згрозени од ѓубрето насекаде. Ме интересира просечен профил на личност што оди во планина и фрла на околу. Да видам колку наликува на своите древни предци-мајмуни.
Што и да, чисто како на близок човек ќе ти дадам совет (иако не побара но еве, си земав за право), не донесувај одлуки кога си лута или кога си многу расположена, само со ладна глава...