Не носи одлуки кога си нервозна, факт е дека родителите се тие што ти мислат убаво иако понекогаш грешат и имаш право да им се лутиш но се што е ќе помине.
Абе, збирам збирам и збирам, али ова више прекипува. Значи на раб сум на лудило жими се. Ми се таложи со децении Фала ти за поддршката
Отстрани го сето негативно влијание околу тебе, пречкртај секој што ти пречи, почни да го бараш коренот на проблемите и реши го. Секој прв чекор е тежок, после е полесно. Никој не вреди повеќе од тебе и не дозволувај на никој да ти го ебе раатот. Сама на себе треба да си битна, не се битни другите, без разлика за кој и да се работи. Ако сама не си го смениш мајндсетот, ако не се потрудиш да ја превземаш контролата во твои раце, секоја ситница ќе ти биде тригер. Стави се себе и своите потреби на прво место, не гледај секому да му угодуваш за да биде среќен а ти да бидеш несреќна. Никој утре нема да ти каже фала што си правела будала од себе. Ова најдобронамерно. Себе на прво место. . . . . . После сите други.
Многу се нервирам што не знам да ги кријам чувствата, ко на чело ми пишува како се осеќам. Се мразам себеси за тоа. Ќе се изнервирам и готово, не знам да одглумам насмевка, одма ми се приметува дека, не е тоа тоа. Или обратно, ќе се прерадувам за нешто, а покасно ќе ми се одбие од глава така што си велам па добро бе пичка му мајчина зар не заслужив да ми потрае? Аман...
Секој ден само губам луѓе , остана уште да се скарам самата со себе. Едноставно ми прекипа да трпам се , редно време е да покажам почит спрема себе и никогаш ,ама никогаш да не молам некој за порака, подршка макар и сама да седам.
Колку се overreated овие свадби... Најубаво е човек само во црква/џамија и општина да се венча, а не овие глупости да ги прави... А јас будала испаднав што воопшто дојдов на ваква свадба...
- "Манчи, абе сакам да порачам нешто од тему, да не порачуваш и ти? - Да ќе нарачувам. - "Е супер, ај нарачај ми го ова ама нека стигне прво па ќе ти дадам пари, вака ми е шубе да давам за џабе, нешто ако не стигне" The audacity кај некои луѓе...
Новите "Нам ни требаат дата центри под итно и по секоја цена!!1!!1" се старите "Мора сите да се вакцинираат против ковид поради општествена одговорност!!11!!!." А ниту едните ниту другите поима немаат што всушност се крие зад тематиките, ама битно така кажаа на тв. и вие што зборите дека не е така сте против модерниот и современ општествен живот.. Многу е лесно да се спроведуваат секакви агенди со ваков лекоумен народ.
Искрен да бидам не ги ни отворив видеата. Знам што ќе гледам и слушам. Истите смак света приказни. Нула рационалност, нула визионерство. АИ, роботика, дронови и дата центрите се новата револуција. Или ќе бидеме дел од неа и профитираме од истата, или ќе останеме вечно со тој менталитет дека сме лузери. Македонија не само што треба да гради дата центри, туку треба под хитно тоа да го прави, за да има подобра стартна позиција и да фати приклучок со развиените земји. Тие дата центри ќе генерираат и по 100 милијарди евра годишно. Ќе привлекуваат млади луѓе и брачни парови да живеат по тие краеви. Во близина е УГД Штип и шанса за многу млади студенти таму да посетуваат пракса и да се вработат во иднина. Платите ќе бидат сигурно големи. Убава клима, храна, инфраструктурно поврзани. Можност плус младите да останат да живеат таму, а и многу да се доселат. Треба да се размислува и во таа насока да се населат најмалку 300 илјади имигранти со што ќе живнат тие краишта и би значело нов живот. Ако не сакаме Источна Македонија да стане новата Преспа и Мариово. Требаше на време да се привлечат Украинци и Руси кај нас, ама нив ги лапна Србија и во помал дел Бугарија. Палиме на туркање и на се ни текнува после 10 години, ама кога е веќе предоцна. Нам ни треба визионери и рационални луѓе, кои ќе превземаат ризични потези по својата кариера, но разумни, а не филозофи и теоретичари на завери. Дали сум бил во право времето ќе покаже. Мое мислење.
Не знам, јас не би живеела во место кај што 24/7 ќе слушам бучење и ќе немам доволен притисок на вода да се избањам
Океј, ама што праиме со загаденоста? И на воздух и на вода и на почва? Корупцијата? Екстремно лошото здравство? Нефункционалните институции? Полиција? Суд? Образвование?! Ѓубре?? Депонии??? Големи јајца дата центри ако има, кога основни услови за живот нема.
Издувај се, некако нз. Плачи Оди издери се на планина... У три лепе сите отерај ги Не да сум на раб на лудило.....
Еднаш порачвав за мене и една другарка демек не знаела англиски, не знаела картичка да стаи и ај од кај мене. И мене не ми даде пари однапред, не мора ајде, фер сум. После ми рече ама го видела поефтино... Затоа НЕ ПОРАЧУВАМ ЗА ДРУГИ!
Ми искочи на фејсбук, се одржувало некој избор за топ модел на Балканот во Охрид. Не коментирам за убавината, бидејќи сите беа симпатични. Но, колку беше понижувачки изборот за една жена и жално е што тие млади девојчиња мислат дека ако го облечат најкраткото нешто од шифуњер, ќе изгледаат како милион долари. Изгледаа ефтино, како собрани од некое локално кафанче. Башка што пола од нив не знаеја на штикла да одат, со искривени ноџиња. Ужас невиден. И да носиш кратко, треба да знаеш да го носиш и да ти прилега. Никогаш нема да ја заборавам една постара госпоѓа, облечена во кратко фустанче, ама фустанчено вредеше колку сите мои облеки заедно. Колку беше неверојатно привлечна, да не зборам за телото, скроз нереално. Ова што го видов, навистина жал ми падна. Ништо женствено немаше, буквално пазарлук, кич и разврат во едно. Како стареам сфаќам дека колку попокриено се облакаш, изгледаш многу поскапо и попривлечно.
27 ги имам, нели млада. Ама ако се улежам 2-3 недели без вежбање, ме болат зглобови, не можам да клекнам без да ме болат колена и да ми се сврти, брзо се уморувам, кичмава ме боли секое сабајле. Како се враќам во форма, све ова поминува. Така да не, не е до младоста тие што се фит и витални. И најголема услуга што може да им направите на постари членови од фамилија е да ги терате да се движат повеќе, не да ги штедите по секоја цена.
Колку и да се улежам не знам шо е болка у зглобови, коски, мускули, половина Еднаш ме имаше болено кичма ради прецвиканост, многу заебано нешто, а помала бев. Помина за недела дена само од себе, ама ја си знам како не можев од креврт да станам, ко инавалид некој. Колку и да се улежам, можам да се вратам истиот ден на пешачење па и 20к чекори Не е ниаков проблем, обично пешачење. Е за вежабање ме мрзи, срам не срам, врска неам порано како вежбав дома 6 пати неделно Сеа жива сила нема да ме натера. Значи мрза сум невидена.. Криво ми е но тоа е Да пешачам можам само, брзо баш брзо пешачење, дури се тркам со луѓето, ме нервираат, морам све да претицам И за климите да кажам, дирек у мене дуваше секој ден над глава, нишо не ми се деси Баш сакам клима, и шо е до мене на минус да можеше би ја стаила