Едвај чекам да дојде зимата . Ама во буквална смисла на зборот . Сакам кога надвор има снег и се е под снежно-бела покривка . Сакам кога рацете си ги топлам со шоља топло кафе или топло чоколадо , гледам низ прозорецот од мојата соба како паѓаат снегулките и како дел од нив се лепат на прозрецот за да направат прекрасен пејзаш утредента а дел паѓаат на земја и прават бела покривка . Додека ноќта го покрива градот а собата ја исполнуваат тивки звуци на музика и ја осветлува сосема слаба светлина од компјутерот . Јас сум сама , на крајот од денот , и ги анализирам случувањата во мојот живот . Донесувам заклучоци . Создавам свои , нови преспективи и хоризонти за животот . Не дека тоа не можам да го правам и во другите денови од годишните времиња , туку едноставно зимата е мој временски период од годината . Период кој ми побудува многу спомени и ме успокојува . Тогаш сум своја на своето . Мечтаам за тие денови . И сакам што побргу да дојдат и да траат што е можно подолго .
Многу сакам кога ќе седнам со другарки од основно и ќе почнеме да се потсетуваме на сите случки од детството. За наставниците, за патронатите, за хор и оркестар, ритмички точки, поклони за 8ми март, за некои модни комбинации... Смеење до солзи! Обично јас сум таа што најмногу памти, ама има многу работи што сум ги заборавила. Па ќе почнеме нешто да си раскажуваме и на сред муабет ќе ти текне: Леле, даааа! (и следи хистерично смеење од кое не можеш да се соземеш за да дораскажеш ) Туку, времево денес е благо кажано депресивно, а јас сум облечена во топли нијанси и ширам ведрина Есента пристигна и во нашиот двор
Луѓееееее пресреќна сум Станав теткаааааааааа, добив внук од прв братучед. Преубаво е чувството кога на свет ќе дојде едно ново прекрасно невино суштество. ПОВЕЛЕТЕ НА МЕКИЦИ
ШОК! Начекав реклама на канал пет за некоја македонска народна приказна. Трајанка ја затруднел дечкото, па нејзините им рекоа дека биле братучеди, па имаше една обесена, веројатно Трајанка...наслов-незнаен грев. Ете што им направија турските серии, ова е веќе алармантно, мора да се укинат тие шиптарски нездрави приказни. Ах, златни приказни со Колозов
Најубаво ми е кога имам време за себе.Кога едиствено земам некоја книга и уживам.Денес започнав да ја читам- најубавото место на светот е тука. Си направив зелен чај и уживав. Почуствував за миг спокој и мир. Почуствуав дека сум сакана, барем за миг тоа требаше да го почуствувам и да се вратам на суровата реалност.
Денес ручам во една пицерија а околу мене се тинејџери. Бучни, бунтовни, насмеани, интересни... Не ми се верува колку ми беа блиску а толку далеку. И јас бев тинејџер од нивната сорта и тоа не баш така одамна. Не ми се верува кога јас станав сериозна мајка на две деца Како брзо минува животот.
Секогаш треба да веруваме дека ќе не огрее сонце и дека работите ќе си дојдат на место,колку и тоа да ни изгледа невозможно во моментот. Човек да направи споредба меѓу мене ова време лани и годинава нема да ме познае. Дури страв ми е да кажам дека со полна плуќа живеам,се радувам и уживам во секој ден. Безживотноста,стравот и лутањето се конечно минато. Некако колку повеќе ширам мир и среќа за и околу себе,толку повеќе и посилно ги чувствувам тие емоции. Оваа есен е на пат да стане мојата најубава есен. Дома е се прекрасно,хармонично и некако чудно ама мојата ланска тага не спои сите и ги залепи пукнатините и несогласувањата меѓу нас. Од друга страна кај голем број пријателства тие пукнатини станаа се повидливи. И така еве ме сега,со умно избрани блиски луѓе. И се повеќе го ширам кругот на позитивни пријателства,со вредни,насмеани луѓенца. Најдобро нешто што можеме да направиме за себе е да се грижиме за себе,однатре и однадвор. Да си поставуваме цели и вредно да работиме да ги исполниме. А,потоа да здивнеме и да бидеме задоволни и самоуверени од добро завршената работа. Секој може се` ако доволно се потруди. Имајте убава вечер и цврст сон.
Некогаш сакам да побегнам од се, да можам да го вратам времето назад, да поправам многу грешки кои сум ги направила а кои дури сега ми се враќаат како бумеранг, кога би можела само Проблеми, проблеми секој ден се е исто, секој ден се подалеку и подалеку од она што го сакам. Зошто ли тоа мене ми се случува, сакам да побегнам, да бидам сама, да можам да донесам одлуки кои одамна требаше да бидат донесени, но дали ја имама таа сила да ги спроведам? ПОсакувам се да беше поинаку, се да беше појасно. Ах да можеш само еднаш да ме ислушаш, да сватиш, да разбереш.
Нека дојде петок побрзо! Стресна недела со малку спиење, каде ме чека давење со енергетски, чоколади и апетисани. Ах, колоквиумска!
Денес го сретнав најенергичното,најсилното,најубавото кученце.Ја сретнав Беки,таа е милениче на @Papillon.Papi . Беки е прекрасна. Скопјето е преголемо,човек да се загине.Лелелел јас одвај знам од ГТЦ до споменикот на Александар да одам. Зато е најубо во мал град.Битола,моја Битола.
Црн ми е денов.. Ми умре миленичето ... се утепав од плачење. Па ми се појави некоја политичка статија, околу меѓуетничкиве односи и т.н. „Илирида“. И сега мислам каде да фатам џаде, кај да се снаоѓам негде што подалеку. И како?!
СДК Чудно е како љубовта е опеана во толку многу песни а сеуште е неисцрпна инспирација за љуботелите на добра музика.А што да кажеме да парите и сексот?Уверете се сами Довлно е едно зборче во рефренот и се се знае
Понекогаш кога сакаш на некого да помогнеш, и да не можеш веднаш, ќе се обидеш и ќе најдеш начин да помогнеш. Понекогаш пак, кога некој ќе побара нешто, ќе можеш веднаш да помогнеш ама срцето не дава (со причина).
Понекогаш навистина не можам да сфатам што ми се случува. Како успевам толку да го менам расположението и несвесно да ги повредувам луѓето околу мене.
...Пердиња од маркизет кои се лулаат на прозорците,на масата две чаши пенливо шампањско со сребрен обрач,во позадина кревет со балдахин,богат цветен аранжман на масата,во длабочината на собата нечија убава фигура.Странец со непознато лице.Во позадина музика од харфа (?),марамава околу вратот ме стега од возбудување, не не можам да дишам... Одвај го ослободив кебето околу вратот.Не знам како сум успеала да го замотам на тој начин.Спијам мирно дури маж ми е до мене ,а после карамбол.Ете сум успеала дури и ќебето да го стегнам околу вратот.Ќе се удавам некогаш бог да чува.Сонот претходно опишан си летна низ маглата.Памучните пижами на место свилената ноќница,странецот исчезна изгледа се уплаши човекот од мојата бушава фризура,папучи место свилени чорапи...наместо убав допир,шамар од студеното и магливо утро...наместо звуците од харфа плескање на дождот по олукот... Силно светнал ден,уствари не светнал ама тука е. Убавиот сон е позади мене,шампањското е заменето со кафе,недела е.Ќе биде опуштена.И да звукот на харфата ќе биде заменет со звукот на машината за перење.