Само што они и кога ќе се накотат, ги праќаат децата у приватни школи и факултети, да ни покажат нели како изгледа едно просечно семејство
Непопуларно мислење, ама не ми е гајле за наталитетот во земјава. Родителството треба да биде избор, желба, не обврска кон парчето земја во кое си се родил. Фала богу што ги немаме тие фундаменталистички убедувања и најчести ни се семејствата со максимум едно - две, а не со шест деца кои би ги користеле за да бидеме паразити на државата или да ги растеме со цел продолжување на фанатизмот.
Плочките за тегови се пластични од надвор и ладни па мачево спие врз нив коа му е топло. И ај иди вежбај
Од двете по малце. И во делузија се и рејџбејтаат. Еден проблем е што повеќето не се стручни политичари и немаат благе везе што се и што значат човекови права. Постојано им се вергла дека е нормално тоа што не сите сакаат да имаат деца и дека не смеат да им се мешаат во одлуката. Кантите си тропаат. Друг проблем е што владите имаат направено анализи за демографската слика и како оди во негативна насока. Но и покрај укажувањата од експертите не биле/се волни да донесат одржливи решенија. Затоа што отсекогаш им било/е послатко да си ги пикнат парите во сопствените џебови.
У ни еден цивилизиран град нема шкртаници и тагови по зидови и мостови, јавни објекти. Така да тој мочкото што ич не се чуствува виновен оти праел диктат по македонски на ракописно на тазе искречена железничка, шо конечно ја средија колку толку после 30 и кусур години слободно може дома кај мајка му и татко му да се чалами ко да е осмо одделение, а у меѓувреме да се репне по џеб и да му се даде црево и киселина да ги зачисти мочките и гомната кај дотичниот објект.
Ова е најточно нешто шо го иам прочитано денес Брзај брзај прваче со книгите под мишка те чека учителка со партиска книшка
Како луѓето си даваат дозвола да осудуваат некого што првпат го виделе и чуле за него, не знаат каков живот има, буквално прочитале две реченици за некого и сега тие знаат најдобро што му се случува дома и каков човек е? Независно дали е за случајот на Линдзи Кленси, или за темите Инстаграм Блогерки/Јавни личности, или пак некој што си го сретнал на улица. Освен ако тој човек ти е близок и знаеш точно што се случило, немаш право да вреѓаш и коментираш и да го обвинуваш и точка! Животот прикажан на социјалните медиуми не е ист како вистинскиот, никогаш не можеш да знаеш што се случува зад затворени врати.Ако толку те интересира, истражи се, дознај ја вистината и врз тоа изгради мислење, кое ќе биде објективно а не само негативно! За мене луѓе што се дрзнуваат да коментираат без да имаат никакво познавање засекогаш ќе бидат глупи, тупи и неизживеани, што немаат свои животи и попаметна работа туку да осудуваат други.
Имаат Влатко Ѓорчев и Антонио Милошевски по 4/5 деца. Лесно е и десет да изгледаш кога си набалирал лесни пари за пет генерации по тебе да трошат. Ете Милошевски се пофали дека некој од синовите ќе почнел студии во Мадрид. Тоа нели од пратеничката плата овозможено.. Псле грдата слика што ја видов во Солун, Скопје ми изгледа како европска средена метропола во тој поглед . Буквално сè што можеле да ишкртаат по градот имаат ишкртано, и тоа најгрдо што може.
Затоа треба државата да обезбеди услови.. наместо приватни згради и станови по 3000 евра квадрат да се изградат државни станови за да ние младите не бидеме вечни кираџии.. друго може да ја ограничат максималната вредност на киријата согласно вредноста на квадратот.. трето да инвестираат во проекти од стратешки интерес за развој како индустрија, стопанство, производство, не во дата центри и аутсорсинг.. четврто да го средат образованието и здравството наместо учителки со купени дипломи и онлајн доктори да инвестираат во специјализација на кадарот, болници и наука.. Е тогаш ќе сме економска сила..
Ова што ми излегува избор за топ модел балкан на базенот во Кавадарци ко некоја пародија ми е ко к-15 или солзи и смеа
Убаво го кажа-раѓање како обврска кон земјата. Се смеев како девојче на филмови кога некој ќе и бараше на некоја девојка и ќе и речеше "do it for your country". Реплика која останала од периодот на после втората светска. Останала во подоцнежните декади во поп културата како зезанција, некој глуп изговор зошто девојката да се реши да ги рашири нозете... Еве го наративот сега кај нас, ама не е комично, трагично е.
Фала богу што го прочитав ова. Почнав да мислам дека само јас вака размислувам и дека мене нешто ми се застарени сфаќањата... На социјалните мрежи толку ги фалат шкртачите, што се прашував дали јас сум грешка што се поддржува шкртањето на туѓа сопственост.. Наводно вака ќе не учеле на литературните ремек-дела. Не знам дали народов знае дека постојат книги, книжарници и библиотеки
Нема никаков смак света во нив, нема теории туку реални искуства. Ама ти се со знаеш однапред. Што ќе си губиш време да ги слушаш искуствата на другите. Ти знаеш и каква ќе биде иднината. Такви контрадикторни работи стави во постов уште се чудам дали стварно веруваш во ова што сам го пишуваш или некој добро ти ја продал приказнава. Само за едно се сложувам со тебе -времето ќе покаже. А на Фемина не се бришат постовите. Ќе имаме прилика да се навратиме на твоето предвидување за иднината
Во чест на 8-ми Септември, денот на независнота на Македонија од СФРЈ, дали би поддржале референдум со која Македонија би се укинала како држава и би побарала да стане 51 сојузна држава на САД или дел од Комовелтот на Велика Британија? Секако ако референдумот биде позитивен. Македонија би станала нешто налик на сојузна држава, а вие би станале Американци и Британци. Која земја би сакале Вие да ја колонизира Македонија и да ја направи своја колонија? Значи, тука доаѓа американска администрација, војска, полиција, закони, судство и станувате дел од најголемата светска сила. Тексас и Хаваи станале дел од САД кога сами побарале да бидат дел од истата. Зошто и Македонија да не би станала исто?
После прочитаново, слободно може да не сравнат со земја со една нуклеарка и да изградат еден огромен дата центар, за нас и онака нема спас... Во чест на независноста, да сме пишеле кој сме сакале да не колонизира... А Израел не е у игра, што они посвоени да не се? Иначе, ова до администрацијата, дали може да гарантирате дека пишувам со човек, а не бот?