Како се воздржуваш да не јадеш благо освен со овошје? Мака мачам да го откажам. Газирано одамна не пијам, кафето го пијам без шеќер, грицки исто така не јадам, ама затоа благото.. Немам проблем со кг ама сакам да го отфрлам.
Стравот лозјето го чува. Она што го пишав погоре е од лично искуство. Имам замастен неалкохоличен црн дроб. Дијагностициран на гастро, сите тестови ги направив да не е друго нешто. Си мислиш еве вежбам, не пијам, не пушам, јадам здраво (мислам на оброците), не пијам лекарства, па ќе компензира тоа за десертот. Си викав ајде не е страшно еден месец да се опуштиш, одмор е нели, па секој ден сладолед, сокови...јади надвор фаст фуд. Пред една недела на крвна слика АСТ и АЛТ покачени како никогаш и се преплашив. Одма престанав со благо, преку ноќ. И намалив на бел леб, паста, сокови не, грицки никако. Првите два дена по навика имав желба сега по една недела ич немам. Поубаво ми, како олеснето ми е некако и тоа ме тера да продолжам. Прееска син ми понуди чоколадо што ми е најголем порок и се почудив колку немав желба. И освен страв некој инат ме фати. Некоја лутина осеќам кон себе, што си штетам сама на себе и лутина општо кон цела индустрија, кон сите што не трујат. Да знаеш многу ми е тешко во продавница и во пекара, кога ќе видам слаткиши и грицки или се само бели печива. Ама не зошто ми се јаде тоа туку зошто нема многу друг избор. Нема што да смениш. Еднолична пиљара, нема ништо свежо, интегрално никој не продава. Прееска гледам пазар во некој европски град, мислам во Германија беше. Грееше...Зелени билки во изобилство, свежи од фарма, не знам ни да ги кажам по име не па да речам дека сум ги јадела. Кај нас свежо нане не можев да најдам во лето.
Освен два дена тешко дека ќе издржам повеќе ама треба да ме фати инает изгледа. Се надевам ќе го средиш здравствениот проблем.
Ова хотелите и апартманите кога бираат влезна врата ја бираат таа кај што за да отклучиш/заклучиш треба да го свртиш клучот трипати, да ја кажеш Оче наш, да го откриеш кодот на Да Винчи, да решиш интеграл, па да ја дигнеш кваката под агол од 55.89 степени, и тогаш можда ќе се отвори вратата. Мајке ми, сте чуле ли за нормална брава?
Каков хотел/апартман си одбрала, последниве 5 години не ми се погодило да треба да отклучувам врата, дури и хотели со 3 ѕвезди имаат врати што се отвараат со контакт-картичка.
Леле темана на мамичките случајно ја отворив. Абе аман луѓе, не ви се дужни мајките да ви идат секој ден, да ви помагаат и чуваат деца, чистат, ручек праат.. Ваши деца се, одговорноста е ваша. Дај остајте ги да дишат бе. И тие имаат право да уживаат!
И ти би требало да излезеш од комфорот од кај твоите, па ги уживаш привилегиите да те гледаат уште. Дужни се, да, до 18 години. Така да, не знам што те засега туѓ проблем кога ти уживаш моментално таква привилегија.
СДК дека @Mrs. right многу претеруваш. Кога ќе имаш семејство и деца, тогаш слободно пишувај на таа тема. Секој баба и дедо треба да им помагаат на младите и да ги причуваат децата кога имаат потреба, никој не бара 24/7 да ја заменат улогата на родителите. И тоа не ги прави неспособни младите. Плус, и стариве мерак им е да поминуваат време со своите внучиња (многу блиски луѓе имам). Најтопло ти препорачувам смири се малку! Намали препукувања, немаш потреба од тоа. И знам дека не си таква личност, што и да се сменило кај тебе, потруди се човечки да дискутираш, не со пребацувања и муабети кои не доликуваат
Не се пронајдов, секако немам никаква помош од никого. Но, барем знам што значи да имаш и колку треба. Јас ако така живеам не е пример дека се може. Секако дека се може, не се умира, дали е убаво, секако дека не. Така да, некогаш може да забележиш колку ти имаш помош во домот во кој што живееш и да сфатиш што значи тоа. Лесно е да се џафка од позиција кога немаш деца и живееш уште со мама. Џафкај од после, кога ќе го изодиш тој пат. Али има време, млада си, глеј повеќе да работиш на агресијата што ја имаш, така нема да те боли патката за некоја мајка што е прекапана и смета дека и е потребна помош. Као што имаш ти со тоа?!
Јас мислам ти твоите работи да си ги средиш, а мамичките да ги оставиш нивните да си ги решаваат и да дишат, нема да е лошо. Онака, чисто добранамерно, не ти треба уште нешто што нема никаква допирна точка со тебе да те замара.
Повели рецепт за "чоколада" 4 урми во млака вода да отстојат 10мин , во блендер се става една лажица путер од лешници, една какао , урмите и малце вода од урмите , се блендира. Вкусот е преубав. Јас благо не јадам со години ова ми е совршена замена, иако има и многу други.
Да беше цензура одма ќе те избришев. И не почнувај расправии со други членки повторно. Прочитај ги препораките за однесување на форумов. И ти, а и останатите кои цело време имаат некаква потреба овде да се расправаат, наместо да влезат во диксусија и смирено да искажат мислење.
Јас почнувам кавга? И у лп ми имаше пишано претходно. Мислење имав споделенo, без таг, без цитирање, членка од никаде се избаци и се препозна, и ја праевме големата Убаво вика членот, јас и моите мислења пречат овде Јас што и да кажам не чини, и се сфаќа злонамерно.
Шо бараш кај мамичките и нивните проблеми, ако ме спаѓаш таму? Се надевам, ќе имаш село зад тебе, да немаш потреба да си мамичките.
Ова и мене ме заинтересира бидејќи имам голем sweet tooth. Ги имаш правено во поголема количина за повеќе пати? За каков би бил соодносот. Радо така би направила.